Категорија: Биографии

  • Афера „Мис Елен Стоун“ 91901-1902)

    Аферата „Мис Елен Стоун“ претставува еден од најпознатите настани во историјата на македонското револуционерно движење. На 21 август 1901 година, чета предводена од Јане Сандански и Христо Чернопеев ја заробила американската протестантска мисионерка Елен Стоун и нејзината придружничка Катерина Цилка на патот меѓу Банско и Горна Џумаја. Првичната намера на револуционерите била да обезбедат финансиски…

  • Антон Кецкаров (1865-1945)

    Антон Кецкаров е роден на 12 декември 1865 година во Охрид. Основното образование го стекнал во Охрид и Струга, а средното образование го завршил во Солунската машка гимназија. По завршувањето на школувањето работел како учител во Охрид, Битола, Солун и Одрин. Во редовите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) се вклучил уште од нејзините почетоци.…

  • Андреј Димов Докурчев (1878-1907)

    Андреја Димов е роден во Велес во 1878 година. Образованието го стекнал во Солун. Како член на Тајната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО) бил комита во четите на Андон Јанев – Ќосето и Мицо Попето. Во периодот 1901–1902 година станал војвода на чета во Одринско, а подоцна бил околиски војвода во Горноџумајско и член на Струмичкиот…

  • Андон Тошев (Димче Штипјанчето)

    Димче Штипјанчето е роден на 20 јуни 1867 година во селото Ерџелија, Светиниколско. Основното образование го стекнал во бугарското егзархиско училиште во Штип, каде што учел шест години, а потоа изучувал занает. По убиството на неговиот татко, околу 1888 година, започнал да се занимава со кираџиство, пренесувајќи стока низ Македонија. По доаѓањето на Гоце Делчев…

  • Андон Јанев Лазов – Ќосето (1854-1953)

    Андон Јанев – Ќосето е роден на 25 декември 1854 година во селото Голозинци, Велешко. По обидот за убиство на видниот Турчин Али Чауш во Велес, бил принуден да избега во Солун, каде што се вклучил во редовите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО). Својата нелегална дејност ја прикривал работејќи како пајтонџија на д-р Христо…

  • Ангел Андреев (1867-?)

    Ангел Андреев е роден на 23 април 1867 година во селото Рудари, Преспанско (денес Калитеја, Грција). Основното образование го стекнал во грчкото училиште во селото Герман, каде што учел две години. Потоа работел како ѕидар заедно со својот татко. Од 1892 година живеел и работел во Варна, Бугарија. На 1 октомври 1902 година се приклучил…

  • Александар Георгиев Чакаров (1869-1910)

    Роден е во Струга во 1869 година. По завршувањето на образованието во Солунската егзархиска машка гимназија во Солун, работел како учител во Струга, Охрид и Гуменџе. Рано се вклучил во национално-ослободителната борба на македонскиот народ и уште во 1894 година станал активен деец на Македонската револуционерна организација. Бил охридски реонски раководител, а за време на…

  • Александар Протогеров (1867-1928)

    Александар Протогеров е роден на 23 февруари 1867 година во Охрид. Основното образование го стекнал во родниот град, а школувањето го продолжил во Софија, каде што во 1887 година завршил Воено училиште. Како доброволец учествувал во Српско-бугарската војна во 1885 година. Бил член на Врховниот македонски комитет (ВМК), а како војвода дејствувал во Горноџумајско и…

  • Александар Китанов – Сандо (1881-1906)

    Александар Китанов – Сандо е роден во селото Лешко, Горноџумајско, во 1881 година. По завршувањето на класното училиште во Горна Џумаја, завршил педагошко училиште во Скопје. Извесно време работел како учител во родното село, а од 1900 година и во класното училиште во Горна Џумаја. Во редовите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) влегол уште…

  • Григор Попев

    Роден е во Прилеп. Потекнувал од богато трговско семејство, а и самиот бил успешен трговец. Во редовите на Македонската револуционерна организација се вклучил во 1894 година, кога лично бил воведен од Даме Груев. Благодарение на своите способности и посветеност кон револуционерното дело, станал член на Битолскиот окружен комитет. Како близок соработник и пријател на Даме…