
Роден е во Струга во 1869 година. По завршувањето на образованието во Солунската егзархиска машка гимназија во Солун, работел како учител во Струга, Охрид и Гуменџе.
Рано се вклучил во национално-ослободителната борба на македонскиот народ и уште во 1894 година станал активен деец на Македонската револуционерна организација.
Бил охридски реонски раководител, а за време на Илинденското востание член на Горското раководство на Охридскиот револуционерен реон.
Покрај револуционерната дејност, бил и редактор на весникот „Автономија“. До Хуриетот работел како учител во Ново Селци, Софиско, по што се вратил во Македонија.
Починал во Битола во 1910 година.