Категорија: Биографии

  • Григор Манасиев

    Роден е во Кратово. Завршил Педагошко училиште во Ќустендил, по што работел како учител во родниот град. Од 1897 до 1898 година бил раководител на Кратовскиот револуционерен комитет. За време на Виничката афера во 1897 година бил уапсен и подложен на жестоки измачувања од турските власти. До 1901 година бил затворен во Приштина. Во 1903…

  • Гого Иван Кехајов

    Роден е во селото Шутово, Демирхисарско. Повеќе години бил војвода во Поројскиот реон и се истакнал како способен организатор и бестрашен борец во редовите на Македонската револуционерна организација. Струмичкиот окружен комитет, ценејќи ги неговите организациски способности, храброст и револуционерно искуство, го назначил за војвода во Поројскиот реон. Во текот на својата дејност работел на зацврстувањето…

  • Георги Скрижовски

    Роден е на 28 март 1882 година во селото Скрижово, Драмско. Неговото вистинско име било Георги Радев Иванов. Основното образование го завршил во родното село, а педагошкото образование во Серез. По завршувањето извесно време работел како учител во Демирхисарско и Серско. По сугестија на Гоце Делчев се вклучил во редовите на ВМОРО. Најпрво бил четник…

  • Георги Николов Радев (Бродолијата)

    Георги Николов Радев (Бродолијата) Роден е во селото Горно Броди, Серско, во 1857 година. По професија бил овчар. Во револуционерното движење најпрво се вклучил како јатак, а подоцна станал четник во четите на Иван Крчовалијата и Гоце Делчев. Од 1899 до 1904 година бил серски војвода и активно учествувал во организирањето и водењето на револуционерната…

  • Георги Поп Христов

    Роден е во 1876 година во селото Крстовар, Битолско. Основното образование го започнал во селото Буф, каде што учел на грчки јазик, а потоа го продолжил во егзархиското училиште во своето родно село. Завршил прогимназија во Битола, а по едногодишно учителствување во родното село го продолжил образованието во Солун. Во учебната 1895/96 година се вработил…

  • Георги Пешков

    Роден е во Прилеп. Потекнувал од трговско семејство, а и самиот се занимавал со трговија. Во редовите на Македонската револуционерна организација влегол со посредство на Даме Груев и Пере Тошев. Револуционерна дејност развивал во Битола, Прилеп, Охрид, Ресен и во други места низ Македонија. Благодарение на својата посветеност и организаторски способности, бил избран за член…

  • Георги Папанчев

    Роден е во Сливен во 1872 година. Гимназиското образование го завршил во родниот град, а во 1894 година завршил Воено училиште во Софија, по што станал потпоручник во бугарската армија. Во редовите на ВМОРО стапил во есента 1902 година, како замена за загинатиот војвода Марко Лерински. На почетокот дејствувал во Костурско, а од октомври 1902…

  • Георги Кондолов

    Роден е во селото Велика, Малотрновско, во 1858 година. Уште од детството ги напуштил родителите и го изучил дрводелскиот занает во Цариград. Во 1878 година се населил во Хасково, Бугарија, каде што отворил сопствена работилница, а од 1896 година работел и во Бургас. Бил еден од основачите и раководителите на Македонско-одринското друштво во Бургас. Во…

  • Георги Ангелов Стојанов-Казепов

    Роден е во градот Мелник. Уште во младоста се вклучил во редовите на Македонската револуционерна организација. Благодарение на своите организаторски и раководни способности, станал мелнички војвода и еден од истакнатите дејци во Мелничкиот крај. Учествувал во многубројни борби против турскиот аскер, како и против вооружените чети на туѓите пропаганди кои дејствувале во Македонија. Во 1909…

  • Георги Иванов (Марко Лерински)

    Роден е во Котел, Бугарија. Бил еден од првите организатори на ослободителната борба во Леринско и Костурско и еден од најистакнатите војводи на Македонската револуционерна организација. Како искусен револуционер и воен инструктор, имал големо влијание врз формирањето и подготовката на многу познати војводи од Битолскиот револуционерен округ. На 26 јули 1902 година неговата чета влегла…