Категорија: Биографии

  • Кузман (Кузо) Стефов

    Кузман (Кузо) Стефов е роден на 25 септември 1875 година во селото Загоричани (денес Василиада), Костурско. Основното образование го завршил во родното село, а потоа школувањето го продолжил во Костур и Цариград. Во 1894 година се запишал во Битолската машка гимназија, а образованието го завршил во Солунската машка гимназија во 1898 година. За време на…

  • Крсто Лазаров

    Крсто Лазаров е роден во 1881 година во селото Коњух, Кумановско. Заедно со мајка му и еден од своите браќа се преселил во Куманово. По Виничката афера избегал во Ќустендил, а потоа во Софија кај својот постар брат. Во 1900 година за првпат влегол вооружен во Македонија како четник во четата на капетан Јордан Стојанов.…

  • Крсто Гермов – Шаќир Војвода

    Крсто Гермов, познат како Шаќир Војвода, е роден во Прилеп во 1875 година. По професија бил шнајдер. Рано се вклучил во редовите на ВМОРО. Во 1902 година го убил шпионот кој ја предал четата на Марко Патчев во Кадино Село. Во почетокот дејствувал како четник во четата на Петар Ацев. До Илинденското востание и за…

  • Крсто Асенов – Мечката

    Крсто Асенов, познат како „Мечката“, бил Бугарин по националност, роден во 1877 година во Сливен, Бугарија. Гимназиско образование завршил во Варна, а високо образование во Софија. Под влијание на Гоце Делчев се вклучил во борбата за ослободување на Македонија и Одринско. Дејствувал во Серскиот револуционерен округ како војвода на чета и бил близок соработник на…

  • Крсте Трајков

    Крсте Трајков е роден во селото Крушје, Ресенско, во 1865 година. Рано се вклучил во национално-ослободителната борба на македонскиот народ, заедно со својот брат Иван Трајков, кој бил убиен во 1905 година. Во почетокот дејствувал како четник во Охридско, а потоа бил назначен за околиски војвода во Преспа. За време на Илинденското востание со својата…

  • Крсте Петков Мисирков

    Крсте Петков Мисирков е роден на 18 ноември 1874 година во селото Постол, Ениџевардарско. Основното шестгодишно образование го стекнал во грчко училиште, средното образование го завршил во Шабац и Белград во 1895 година, а високото образование го продолжил во Санкт Петербург, Русија. Во 1902 година дипломирал на Историско-филолошкиот факултет. Мисирков е еден од основачите на…

  • Крсте Љондев

    Крсте Љондев е роден во селото Неокази (денес Неохораки), Леринско. По пристапувањето во ВМОРО бил назначен за реонски војвода во Леринско. За време на Илинденското востание учествувал со своја чета во борбите во родниот крај. По востанието продолжил да дејствува како четник, а од 1905 година бил реонски војвода на ВМОРО. За време на Младотурскиот…

  • Коста Мазнејков

    Коста Мазнејков е роден во Струмица во 1882 година. Работел како учител во повеќе села во Струмичко. Во 1899 година заминал во Бугарија, каде што по наредба на Борис Сарафов извршувал терористички задачи. Во Македонија се вратил во 1901 година. Истата година најпрво бил секретар во четата на Иван Савов, а потоа бил назначен за…

  • Константина Бојаџиева – Русинска

    Константина Бојаџиева – Русинска е родена во Охрид во 1880 година. Основното образование го завршила во родниот град, а гимназиското во Бугарија. По завршувањето на образованието работела како учителка во Охрид. Зела активно учество во македонското национално-ослободително движење. Од Револуционерниот комитет била задолжена да ги организира жените во Охрид за помош и учество во револуционерното…

  • Константин Ив. Киркив

    Константин Иванов Кирков е роден во Велес во 1882 година, во угледно македонско трговско семејство. За време на школувањето во Солунската егзархиска гимназија станал член на кружокот на „Гемиџиите“, во кој членувале четиринаесет млади револуционери, претежно од Велес. Бил познат како изразен индивидуалист и фанатичен приврзаник на анархистичките идеи. На 29 април 1903 година, за…