Категорија: Биографии
-
Димитар Поп Георгиев – Беровски
Роден е во Берово во 1840 година. Основното образование го завршил во Берово, а потоа учел во Одеската духовна семинарија (1858–1860). Потоа во Белград се запишал на Военото училиште. Во 1865 година се вратил во Берово и работел како учител. Таму зел активно учество во црковните борби против грчките фанариоти, со што се стекнал со…
-
Димитар Мирасчиев
Роден е на 1 август 1872 година во Штип. Основното образование го завршил во родниот град, а средното во Солун, во Солунската машка гимназија, во 1892 година. Образованието го продолжил на Универзитетот во Софија, каде што дипломирал хемија во 1896 година. Во ВМОРО влегува, покрстен од Д. Груев, во учебната 1894/95 година. Во 1895 година,…
-
Димитар Иванов Милев
Роден е на 15 февруари 1882 година во Охрид. Гимназија (до петти клас) учел во родниот град, а воено училиште завршил во Софија. Со чин потпоручник служел во Бугарската армија, за подоцна да ја напушти и да се вклучи во Врховниот македонски комитет. Во март 1903 година дошол во Македонија со четата на Софрониј Стојанов.…
-
Димитар Матлиев
Роден е во 1875 година во Охрид. Се школувал во родниот град, а потоа во Софија, каде што завршил гимназија. По школувањето бил учител во с. Зашле, Битолско. Во април 1902 година се вклучил во четата на Ј. Пиперката. Заедно со војводата Ј. Пиперката бил претставник на Демирхисарската револуционерна околија на Смилевскиот конгрес. За време…
-
Димитар Николов Делчев
Помлад брат на Гоце Делчев. Роден е во Кукуш (денес Килкис) во 1875 година. Уште од најрана младост тргнал по револуционерните стапки на својот прочуен брат. Во ВМОРО се приклучува уште додека учел во Солунската егзархиска гимназија. Немал раководни функции во Организацијата, но се истакнувал со својата храброст и приврзаност кон македонското ослободително движење. Бил…
-
Димитар Гуштанов Атанасов
Роден е во с. Крушево, Серски Демир Хисар, во 1876 година. Се школувал во родното село, во Педагошкото училиште во Сер и во Богословијата во Самоков. Извесно време учителствувал во Неврокопско, за подоцна, во 1898 година, да заврши право во Лозана (Швајцарија). По враќањето станува учител во Кочани. Во наредната, 1899 година, бил назначен од…
-
Димитар Влахов
Роден е на 8 ноември 1878 година во Кукуш. Се школувал во родниот град, Солун и Софија. Студирал во Германија и Швајцарија, а дипломирал хемија на Софискиот универзитет. Рано се вклучил во македонското националноослободително дело. Во 1904 година станал член на ЦК на ВМРО и раководител на Организацијата во Солун. За време на Хуриетот бил…
-
Димитар Г. Велјанов
Роден е во 1867 година во Крушево. Се занимавал со трговија. Во 1895 година е еден од творците на структурите на ВМОРО во својот роден крај и е нејзин член до 1901 година. Во тоа време е и училишен управник во градот. Во 1901 година се преселува во Солун. По Илинденското востание, кон крајот на…
-
Дејан Димитров
Роден е на 22 март 1873 година во с. Лактиње, Охридско. Од 1890 до 1901 година работел како каменорезец во Варна и Русе, Бугарија. Во 1901 година станал член на ВМОРО и е четник кај војводата Т. Горанов, а од 1902 година е подвојвода на Н. Русински во Дебарца, Охридско. Четата на Дејан Димитров го…
-
Крушевска Република (2-12 август 1903)
Ослободувањето на Крушево Во приквечерието на востанието, крушевските востаници се собрале во Беринската Корија, чекајќи ја наредбата за напад на градот. Горскиот штаб на Крушевскиот востанички реон, предводен од Никола Карев, концентрирал околу 800 востаници за ослободување на Крушево. По изработениот план, ноќта на 2 август 1903 година започнал нападот врз градот. Питу Гули со…