Категорија: Биографии

  • Ѓорѓија Пулески

    Роден е во 1817 година во с. Галичник, Дебарско. Се занимавал со градежништво и печалбарство, а во текот на животот учествувал и во повеќе воени походи и востанија на Балканот. Учествувал во Српско-турската војна (1876–1878) и во Руско-турската војна (1877–1878), како доброволец во редовите на балканските христијански сили. По војните зел учество и во Кресненско-Разлошкото…

  • Ѓорѓи Сугарев

    Ѓорѓи Сугарев Роден е во Битола во 1876 година. Завршил Егзархиска гимназија во родниот град и учителствувал во повеќе места низ Македонија. Во редовите на ТМОРО се вклучил во 1901 година. Како окружен војвода со својата чета дејствувал во Битолско, Демирхисарско, Ресенско, Крушевско и Прилепско. Во мај 1903 година бил делегат на Битолскиот револуционерен округ…

  • Ѓорѓи Мучитанов – Касапчето

    Роден е во Крушево во 1882 година. Завршил четири класа во романското училиште во Софија. За време на Илинденското востание во 1903 година бил четник во четата на Ѓорче Петров. По Востанието станал самостоен војвода и долги години раководел со чета во Берско, Негушко и Ениџевардарско. По Младотурската револуција, од јули 1908 година, заедно со…

  • Ѓорѓи Ацев

    Роден е во с. Ореовец, Прилепско, во 1883 година. Основното образование го завршил во Прилеп, а потоа учел во Педагошкото училиште во Скопје. По завршувањето на школувањето учителствувал во с. Страгово, Тиквешко. Во 1903 година станал четник во четата на својот брат Петар Ацев. По заминувањето на Петар Ацев за Бугарија во 1905 година, го…

  • Георги Богданов

    Роден е во Велес во 1879 година, во богато семејство. Основното образование го завршил во родниот град, а потоа школувањето го продолжил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, каде што се запишал во 1897 година. Не ја завршил гимназијата и се занимавал со трговија. Во Солун се запознал со анархистичките идеи и во…

  • Георги Баждаров

    Роден е на 8 февруари 1881 година во с. Горно Броди, Серско. Се школувал во Солунската машка гимназија (1896–1899) и во Битолската гимназија (1899–1900). Од 1900 до 1901 година учителствувал во Крушево, Демирхисарско и бил член на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет. По 1901 година бил четник во четата на Јане Сандански. Од 1902 до октомври…

  • Владислав Славчо Ковачев

    Роден е во Штип на 5 јануари 1875 година. Во 1895 година завршил Воено училиште во Софија. Истата година учествувал во Четничката акција на Македонскиот комитет во Мелничко. Од 1899 до 1901 година бил секретар на Врховниот комитет. Во 1902 година се определил против врховизмот и со чета заминал во Македонија, каде што водел борби…

  • Иван Наумов Аљабакот

    Иван Наумов – Аљабакот е роден во 1870 година во селото Ореовец, Велешко. Во редовите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) се вклучил во 1900 година во Солун, привлечен од Мицо А. Попето. Работел како трговец во Драма и Кавала. Во 1902 година убил еден Турчин и бил принуден да избега во Софија. Истата година…

  • Дедо Илија Крчовалијата (1856–1918)

    Роден е во с. Крчово, Демирхисарско, во 1856 година. За време на Кресненско-Разлошкото востание бил четник во четата на Стојан Карастоилов. Ајдутувал низ Македонија до појавата на ВМОРО, а во 1897 година, по наговор на Гоце Делчев, се вклучил во нејзините редови и раководел со чета во Серско и Демирхисарско. Од 1899 година бил војвода…

  • Иван Анастасов – Грчето

    Иван Атанасов – Грчето (1880–1905) Иван Атанасов – Грчето е роден во 1880 година во Мелник. Основното образование го стекнал во родниот град, а школувањето го продолжил во Серес. По завршувањето на образованието работел како егзархиски учител во селото Игуменец, Петричко. Во редовите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) бил привлечен од Гоце Делчев во…