
Роден е во Крушево во 1882 година. Завршил четири класа во романското училиште во Софија.
За време на Илинденското востание во 1903 година бил четник во четата на Ѓорче Петров. По Востанието станал самостоен војвода и долги години раководел со чета во Берско, Негушко и Ениџевардарско.
По Младотурската револуција, од јули 1908 година, заедно со други војводи работел на обновување на активноста на ВМОРО во Битолскиот револуционерен округ. Во 1909 година, заедно со Васил Пуфката, го ликвидирал Јован Јовановиќ, поранешен деец на ВМОРО кој се ставил во служба на турската власт.
Загинал заедно со ениџевардарскиот војвода Апостол Петков на 2 август 1911 година кај с. Крушари, Ениџевардарско, во борба со турскиот аскер.