Категорија: Биографии
-
Кирил Прличев
Кирил Прличев е син на Григор Ставрев Прличев и Анастасија Узунова, сестра на војводата Христо Узунов. Роден е во Охрид на 1 март 1875 година. Основното образование го завршил во родниот град, а потоа школувањето го продолжил во Солунската егзархиска гимназија. Во 1895 година се приклучил кон Врховниот македонско-одрински комитет. Во тој период член на…
-
Кирил Глигоров (Келешов)
Кирил Глигоров (Келешов) е роден во Штип во 1903 година. Потекнувал од сиромашно семејство. Уште млад се вклучил во редовите на ВМРО и добивал задачи поврзани со големи ризици. Организацијата му ја доверила задачата да го ликвидира Стојан Мишев од Штип, отпадник и предавник на македонското ослободително движење. На 30 декември 1924 година, околу пладне,…
-
Кимон Георгиев
Кимон Георгиев е роден во 1867 година во селото Негован (денес Ксилополи), Солунско. Во редовите на ВМОРО влегува како терорист. Во 1904 година станува четник во четата на Христо Чернопеев, а следната година формира сопствена чета и дејствува во Поројско и Солунско. Учествувал во повеќе борби против турскиот аскер, покажувајќи голема храброст и посветеност на…
-
Јулиј Розентал
Јулиј Розентал е роден на 14 јуни 1872 година во Иркутск, Сибир (Русија). Потекнувал од полско благородничко семејство кое во 1880 година се преселило во Бугарија. Основното и средното образование го стекнал во Габрово, а потоа студирал на Правниот факултет во Софија. За време на студиите, под влијание на поетот и револуционер Пејо Јаворов, ги…
-
Јосиф Даскалов
Јосиф Даскалов е роден во 1868 година во Кратово. По завршувањето на Педагошкото училиште во Ќустендил станал учител и учителствувал во Скопје, Кратово и во други места низ Македонија. Во редовите на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО) пристапил уште во 1894 година, привлечен и покрстен од Гоце Делчев. Тој бил еден од главните организатори на…
-
Јордан Сиљанов Пиперков (Пиперката)
Јордан Пиперката е роден на 23 јуни 1870 година во селото Козица, Кичевско. Не успеал да го заврши образованието во Битолската гимназија и уште млад заминал за Софија, каде што го изучил фурнаџискиот занает. Повеќе години ајдукувал низ Бугарија, стекнувајќи искуство и углед како борец против неправдите. Во 1897 година се вратил во Кичевско, каде…
-
Јордан Гавaзов Ицков
Јордан Гавазов Ицков е роден во Прилеп. На Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО) ѝ пристапил уште во 1894 година. Истата година, заедно со Даме Груев, Андон Хаџи Панов и Јордан Пиперката Костадинов, го формирал Прилепскиот комитет на ВМОРО. Се истакнал со своите организациски способности, храброст и извршување на специјални револуционерни задачи. Бил еден од најактивните…
-
Јане Сандански
Јане Сандански е роден на 18 мај 1872 година во селото Влахи, Мелничко (денешно Санданско). Завршил основно образование и втори клас гимназија. Потоа две години го изучувал чевларскиот занает како чирак. Работел како молбописец и помошник адвокат во адвокатската канцеларија на својот вујко, а подоцна и самостојно. Во Македонската револуционерна организација (МРО) стапил во 1899…
-
Ѓорѓи Наумов – Пљакот
Роден е во с. Сланско, Крушевско, во 1851 година. Бил еден од најстарите дејци на Револуционерната организација и истакнат борец против османлиското ропство. Во март 1901 година, заедно со Пиперката, се приклучил во четата на војводата Никола Русински, во која членувал и Васил Марков. На 30 јуни 1902 година Окружниот комитет во Битола го назначил…
-
Ѓорче Петров
Роден е на 2 април 1865 година во с. Варош, Прилепско. Образованието го стекнал во Прилеп, Битола и во Солунската егзархиска гимназија, од каде што во 1885 година бил исклучен заедно со група свои соученици. Учителствувал во Штип, Скопје, Битола и Солун. Во Битола, заедно со Пере Тошев, формирал револуционерен кружок, кој подоцна станал една…