Категорија: Биографии
-
Иван Караџов (1875-1934)
Иван Караџов е роден на 8 декември 1875 година во селото Лешко, Горноџумајско. Основното образование го завршил во родното место. Потоа учел во Цариград, а во 1895 година ја завршил Солунската машка гимназија, каде што станал член на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО). По завршувањето на образованието работел како учител во Горна Џумаја и Скопје.…
-
Иван Михајлов (1896-1990)
Иван Михајлов е роден на 26 март 1896 година во Штип, во маалото Ново Село. Основното образование го стекнал во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун, Скопје и Софија. Во редовите на ВМРО се вклучил во 1919 година. По препорака на Тодор Александров бил назначен за негов секретар во Задграничното претставништво на ВМРО…
-
Иван Попов (1871-1921)
Иван Попов е роден во 1871 година во селото Лески, Неврокопско. Основното образование го завршил во родното село. Од 1889 до 1895 година служел во бугарската армија, каде што се запознал со Михаил Лерински, кој извршил силно влијание врз неговото револуционерно определување. По два неуспешни обиди со чета да се префрли во Македонија, се вратил…
-
Иван Орџанов Карасулијата
Иван Орџанов, познат како Карасулијата, е роден во селото Кара-Суле (денешен Поликастро), Солунско. Поради тешките животни услови не стекнал формално образование и уште млад се занимавал со ајдутство. Во 1896 година бил уапсен и поминал седум месеци во затвор во Солун. Во редовите на ВМОРО бил привлечен од свештеникот Стамат Танчев и најпрво извршувал терористички…
-
Илија Кушев (1896-1922)
Илија Кушев е роден на 24 март 1896 година во селото Ерлевци, Велешко. Во 1913 година ја завршил Солунската егзархиска гимназија. По Втората балканска војна, во 1913 година, емигрирал во Бугарија, каде што завршил Воено училиште во Софија. По мобилизацијата во 1915 година учествувал во Првата светска војна како поручник во бугарската армија. По завршувањето…
-
Илија Трчков (1884-1903)
Илија Трчков (1884–1903) Илија Трчков е роден во 1884 година во Велес. Основното образование го завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солунската машка гимназија. За време на престојот во Солун се запознал со членовите на револуционерната група Гемиџии и станал еден од нејзините најактивни членови. Како дел од оваа група учествувал во…
-
Иљо Малешевски – Дедо Иљо (1805-1898)
Иљо Малешевски, познат и како Иљо Марков Мустрекински и Иљо Војвода, е роден во Берово во 1805 година. Уште од младоста се вклучил во борбите против османлиската власт. Како ајдутски водач и четнички војвода повеќе од една деценија дејствувал со своја чета низ Малешевијата, Пирин и Рила, стекнувајќи голем углед меѓу населението. На 5 јуни…
-
Иван Димов – Пашата (1878-1907)
Иван Димов – Пашата е роден во 1878 година во селото Тројкрсти, Прилепско. На деветнаесетгодишна возраст заминал на печалба во Романија. На дваесет и две години се вклучил во редовите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО), а во 1902 година станал четник во четата на Ѓорѓи Сугарев. За време на Илинденското востание учествувал во здружената…
-
Иван Јонко Вапцаров (1880-1939)
Иван Јонко Вапцаров е роден во Банско во 1880 година. Основното образование го завршил во родниот град, а во 1896 година се вклучил во редовите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО). Набргу бил избран за секретар на Банскиот револуционерен комитет и активно учествувал во револуционерната дејност во Разлошко. Бил еден од учесниците во познатата Афера…