Ѓорѓи Ацев

Роден е во с. Ореовец, Прилепско, во 1883 година. Основното образование го завршил во Прилеп, а потоа учел во Педагошкото училиште во Скопје. По завршувањето на школувањето учителствувал во с. Страгово, Тиквешко.

Во 1903 година станал четник во четата на својот брат Петар Ацев. По заминувањето на Петар Ацев за Бугарија во 1905 година, го заменил и бил назначен за околиски војвода во Прилепско.

Во текот на наредните две години водел жестоки борби против турскиот аскер, грчките андартски чети и српските вооружени пропагандни групи.

На 25 јуни 1906 година, во заседа поставена од српска чета кај месноста „Куртов Камен“, бил тешко ранет. За да не падне жив во рацете на противниците, извршил самоубиство.