
Константин Иванов Кирков е роден во Велес во 1882 година, во угледно македонско трговско семејство.
За време на школувањето во Солунската егзархиска гимназија станал член на кружокот на „Гемиџиите“, во кој членувале четиринаесет млади револуционери, претежно од Велес. Бил познат како изразен индивидуалист и фанатичен приврзаник на анархистичките идеи.
На 29 април 1903 година, за време на Солунските атентати, ги минирал гасоводните цевки кај Серската железничка станица во Солун, а потоа фрлал бомби пред „Гранд хотел“.
На 30 април 1903 година, при обид да ја крене во воздух солунската пошта, Константин Кирков загинал.