Категорија: Биографии

  • Георги Баласчев (/-)

    Роден е во Охрид. Основното и трикласното прогимназиско образование го завршил во родниот град, а Бугарската егзархиска гимназија во Солун. По матурирањето работел како учител во Охрид. Заедно со група свои другари заминал на стручни подготовки во Белград, но по согледувањето на вистинските цели на српската буржоазија се вратил во родниот град. Потоа заминал во…

  • Веле Марков

    Роден е во селото Селце, Крушевско, во 1870 година. Извесно време работел како печалбар во Софија. По своите убедувања бил социјалист и се вклучил во револуционерното движење за ослободување на Македонија. По 1900 година станал војвода во Крушевскиот реон, каде што активно работел на организирањето на револуционерната мрежа и на подготовката на населението за вооружена…

  • Васил Чакаларов

    Роден е во 1874 година во с.Смрдеш, Костурско. Голем организатор на национално – ослободителната борба на македонскиот народ во Костурско. После убиството на Костурскиот војвода Кузма Стефов и на Лазар Москов во 1902 година, го презема раководството на Костурскиот реон.  Учествувал на Смилевскиот конгрес, заедно со војводата Пандо Кљашев, како претставници на Костурскиот реон. На конгресот…

  • Васил Пасков

    Роден е на 3 јануари 1872 година во селото Осиково, Неврокопско. Основното образование го завршил во Неврокоп. Во 1893 година матурирал во Солунската машка гимназија, а во 1898 година дипломирал историја на Софискиот универзитет. На 1 септември 1899 година станал учител во Егзархиската гимназија во Битола, каде што предавал општа историја, црковна историја, логика и…

  • Васил Главинов

    Роден е во 1869 година во Велес. Основното образование го завршил во родниот град, по што го изучил дрводелскиот занает. Во 1887 година заминал во Софија, каде што отворил сопствена дрводелска работилница. Социјалистичките идеи ги прифатил под влијание на Димитар Благоев. Во 1893 година ја формирал Македонската работничка социјалистичка група. Во 1900 година била одржана…

  • Васил Аџаларски

    Роден е во селото Аџалари, Скопско. Повеќе години бил околиски војвода во Скопската околија и еден од активните дејци на Македонската револуционерна организација во тој крај. Во текот на својата револуционерна дејност учествувал во повеќе борби и судири со турскиот аскер. Особена храброст пројавил во зимата 1904 година, во една борба со турскиот аскер кај…

  • Ванчо Србаков

    н е во селото Вранештица, Кичевско. Уште како млад заминал во Бугарија, каде што работел како фурнаџија. Во април 1903 година се вратил во Македонија и како војвода на ВМРО формирал чета која дејствувала во Кичевскиот крај. Активно учествувал во подготовките и во текот на Илинденско востание. Заедно со четите на Лука Џеров и А.…

  • Војдан Чернодрински

    Роден е на 15 јануари 1875 година во селото Селце, Дебарска Жупа. Неговиот татко бил свештеник, кој уште во 1890 година се преселил во Бугарија. Основното образование го завршил во родниот крај и во Охрид, а средното во Солун и Софија. Студирал право во Швајцарија, но не ги завршил студиите. Во учебната 1897/98 година бил…

  • Борис Сугарев

    Роден е во Прилеп на 12 март 1878 година. Гимназија учел во родниот град и во Солун, а Воено училиште завршил во Софија, каде што во 1900 година добил чин потпоручник. Во 1902 година учествувал во Горноџумајското востание. Во пролетта 1903 година заминал за Македонија заедно со четата на Софрониј Стојанов, а потоа бил командир…

  • Борис (Стојанов) Дрангов

    Роден е на 3 март 1872 година во Скопје. Основното и педагошкото образование го стекнал во родниот град, а потоа завршил и Воено училиште во Софија. Иако бил офицер во бугарската армија, ја напуштил воената служба и со чета од околу 120 луѓе се вратил во Македонија за да земе учество во Илинденското востание. По…