Васил Главинов

Роден е во 1869 година во Велес.

Основното образование го завршил во родниот град, по што го изучил дрводелскиот занает. Во 1887 година заминал во Софија, каде што отворил сопствена дрводелска работилница.

Социјалистичките идеи ги прифатил под влијание на Димитар Благоев. Во 1893 година ја формирал Македонската работничка социјалистичка група. Во 1900 година била одржана првата социјалистичка конференција во Македонија, на која присуствувале Васил Марков, Никола Петров Русински, Никола Карев и други дејци.

Васил Главинов учествувал во издавањето на весниците „Револуција“ (1895), „Политичка слобода“ (1898) и „Работническа искра“ (1909), како и на бројни прогласи, брошури и други публицистички изданија.

Во јануари 1910 година учествувал на Првата балканска социјалдемократска конференција во Белград.

По почетокот на Балканските војни се вратил во Софија, каде што останал до крајот на својот живот. По превратот од 9 јуни 1923 година се повлекол од јавниот живот.

Починал во Софија на 24 јануари 1929 година.

Васил Главинов останал запаметен како еден од првите организатори на работничкото и социјалистичкото движење меѓу Македонците.