Категорија: Биографии
-
Бојан Панајотов
Роден е во Битола во 1883 година. Бил познат битолски револуционер и терорист на Македонската револуционерна организација. Како четник и извршител на специјални задачи, по наредба на Организацијата се справувал со повеќе гркомански дејци во Битола и околината. Во 1906 година добил задача да го ликвидира србоманот Коста Начов од Ресен. Бојан Панајотов успешно ја…
-
Блаже Крстев – Биринчетo
Роден е во селото Бирино, Крушевско, во 1873 година. Рано се вклучил во редовите на ТМОРО, најнапред како основач, организатор и раководител на Организацијата во своето село. По убиството на крвникот Расим станал четник во четата на војводата Ѓурчин Наумов. Непосредно пред Илинденското востание формирал сопствена месна чета составена од четници од неговиот крај и…
-
Атанас Тешовалијата
Роден е во 1866 година во селото Тешово, Неврокопско. Уште како млад станал комита во четата на Дончо војвода. Во 1899 година се приклучил на редовите на ТМОРО, а во 1901 година бил назначен за војвода на Неврокопскиот реон. За време на својата револуционерна дејност работел на организирањето и зацврстувањето на револуционерната мрежа во Неврокопско…
-
Атанас Перев – Мурџев
Роден е во Прилеп во 1875 година. Ја завршил Солунската егзархиска гимназија, каде што се зближил со истакнатите револуционерни дејци Даме Груев, Пере Тошев и Ѓорче Петров. Во редовите на Македонската револуционерна организација се вклучил уште во нејзините први години. Бил истакнат агитатор и организатор на ослободителното движење во Македонија. Активно учествувал и во вооружената…
-
Атанас Нивички
Атанас Нивички Роден е во селото Нивичко, Струмичко. Атанас Нивички бил мошне смел борец и искрено посветен на национално-ослободителното дело на македонскиот народ. Целото негово семејство било вклучено во револуционерната борба. Бил следбеник на идеите на Гоце Делчев и се истакнувал со здраво расудување, тактичност и беспримерен хероизам. Учествувал во повеќе борби против турскиот аскер…
-
Атанас Кршаков – Насо
Роден е во селото Косинец, Костурско. Во револуционерните борби се вклучил уште пред Илинденското востание. Еден месец пред почетокот на Востанието бил тешко ранет во борба со турскиот аскер, поради што не можел непосредно да учествува во борбите за време на самото востание. По Илинденското востание, како војвода на чета, продолжил активно да дејствува во…
-
Атанас Иванов
Роден е во Прилеп во 1874 година. Повеќе години работел како учител во прилепските села, а потоа и во Прилеп и Ресен. Многу рано се вклучил во редовите на Македонската револуционерна организација. Бил член и секретар на Првиот револуционерен комитет во Прилеп и активно учествувал во организирањето на револуционерната мрежа во регионот. Атанас Иванов бил…
-
Атанас Бабата
Роден е во 1875 година во селото Синитево, Пазарџиско. Бил истакнат деец и војвода од Илинденскиот период. Во текот на својата револуционерна дејност раководел со повеќе револуционерни реони и бил еден од најистакнатите војводи на Организацијата. Се одликувал со голема храброст, смиреност и презир кон смртта. Учествувал во повеќе од триесет борби против турскиот аскер.…
-
Арсениј Јовков (Пејко Селечки)
Роден е во 1884 година во селото Селце, Дебарско. По матурирањето во Битолската егзархиска гимназија во 1903 година, веднаш им се придружил на востаниците и зел активно учество во Илинденското востание. Како политички емигрант во Бугарија, во периодот од 1921 до 1924 година го издавал весникот „Илинден“, орган на Илинденската организација во Софија. На ноќта…