Категорија: Биографии
-
Ѓакон Евстатиј (Георги Шкорнов – Димитров)
Роден е на 12 февруари 1873 година во с. Нестрам, Костурско (денес Несторио, Грција). Уште на 15-годишна возраст заминал во Хилендарскиот манастир на Света Гора. Во 1896 година ја завршил Бугарската католичка гимназија во Солун. Служел како ѓакон во бугарската црква во Букурешт, а во 1903 година, по наговор на Даме Груев, се приклучил кон…
-
Донка Христова Ушлинова
Родена е на 21 декември 1880 година во с. Смилево, Битолско. На 15-годишна возраст се омажила за Ставре Христов Ушлинов од с. Лера, Битолско. Додека нејзиниот сопруг бил на печалба во Цариград, на неа фрлил око чифлик-сајбијата на с. Лера, Џелеп Реџо. Кон крајот на август 1902 година, не можејќи повеќе да го трпат, двете…
-
Добри Даскалов
Роден е во 1884 година во Кавадарци. Основното образование го завршил во Кавадарци, а потоа учел во Егзархиската гимназија во Солун. Од Солун образованието го продолжил во Самоков, Бугарија. Таму ја започнал својата револуционерна дејност и станал член на револуционерниот кружок „Трајко Китанчев“. Член на ВМОРО станал во 1901 година и се вклучил во четите…
-
Дине Абдурахманов Кљусов
Роден е во с. Петеле (денес Агиос Пантелејмонас), Леринско. Во редовите на Организацијата влегол уште во 1896 година и станал раководител на месниот револуционерен комитет во Петеле. Во 1902 година се наоѓал во четата на војводата Марко Лерински, со кого бил близок пријател. На 26 јули 1902 година четата влегла во родното село на Д.…
-
Димо Хаџи Димов (Avicenus)
Роден е во 1875 година во с. Горно Броди, Серско. Завршил Педагошко училиште во Ќустендил и две години студирал на Софискиот универзитет. Неколку години учителствувал во Дупница и во други места во Бугарија. Во 1903 година неколку месеци престојувал во Македонија и бил еден од непосредните сведоци на загинувањето на Г. Делчев. По Илинденското востание…
-
Димко Сарванов – Могилчето
Роден е во 1879 година во с. Могила, Битолско. Завршил основно училиште во родното село. Во 1898 година се вклучил во редовите на ВМОРО. Бил четник во четата на Ѓорѓи Сугарев и крстосувал низ Битолско, Мариово и Демир Хисар. Кога четата се поделила, преминал во четата на Јон Кафеџијата, со која за време на Илинденското…
-
Димитрија Димов Чуповски
Роден е на 8 ноември 1870 година во с. Папрадиште, Велешко. Кога имал десет години, селото било изгорено од албански качаци и семејството се преселило во Крушево. Образованието го започнал во родното село, а потоа во Крушево, каде што го научил и молерскиот занает. Подоцна, заедно со своите браќа, заминал на печалба во Софија, каде…
-
Димитар Филдишев
Роден е во Охрид. Во редовите на Револуционерната организација стапил во јануари 1903 година, најнапред како четник, а потоа како секретар во четата на војводата Парашкев Цветков. Загинал во борба со турскиот аскер кај селото Могила, Битолско, на 21 мај 1903 година, заедно со војводата П. Цветков и целата негова чета.
-
Димитар Георгиев Стефанов
Роден е на 15 август 1872 година во Караагач, Бесарабија. Завршил право на Московскиот универзитет во 1894 година. По враќањето во Русе, Бугарија, работел како судија и заменик-обвинител во Варна. Во учебната 1900–1901 година бил директор на Егзархиската гимназија во Битола и учествувал во раководството на Битолскиот револуционерен округ на ВМОРО. Од септември 1901 до…
-
Димитар Поп Стаматов
Роден е во јуни 1880 година во с. Бугариево, Солунско. Се школувал и матурирал во Солунската машка гимназија, по што станал учител во с. Конско, Гевгелиско, а подоцна и во с. Морарци (денес Антигона), Кукушко. За време на Солунската афера во 1901 година бил уапсен од турските власти. Во 1903 година е четник кај К.…