Димитар Георгиев Стефанов

Роден е на 15 август 1872 година во Караагач, Бесарабија. Завршил право на Московскиот универзитет во 1894 година. По враќањето во Русе, Бугарија, работел како судија и заменик-обвинител во Варна.

Во учебната 1900–1901 година бил директор на Егзархиската гимназија во Битола и учествувал во раководството на Битолскиот револуционерен округ на ВМОРО.

Од септември 1901 до крајот на 1902 година, заедно со Т. Делииванов, бил член на Задграничното претставништво на ВМОРО во Софија и водел енергична борба против приврзаниците на ген. Ив. Цончев.

Во мај 1903 година, со четата на Ј. Сандански, влегува во Македонија. Во летото 1903 година е делегат на конгресот на Серскиот револуционерен округ и е избран за претседател на конгресот. На 18 септември учествува во борбите кај Белица, а потоа и кај Бачево.

На Рилскиот конгрес од 1905 година повторно е избран за член на Задграничното претставништво на ВМОРО во Софија, заедно со Ѓ. Петров и П. Попарсов.

Во Балканските војни бил командант на чета.

Од 22 октомври 1918 година до 30 јануари 1920 година бил градоначалник на Бургас. Бил и пратеник на Демократската партија во Бугарското народно собрание.

Умира на 12 ноември 1940 година во Бургас.