
Роден е во јуни 1880 година во с. Бугариево, Солунско. Се школувал и матурирал во Солунската машка гимназија, по што станал учител во с. Конско, Гевгелиско, а подоцна и во с. Морарци (денес Антигона), Кукушко.
За време на Солунската афера во 1901 година бил уапсен од турските власти. Во 1903 година е четник кај К. Асенов, а кон крајот на годината предводи чета во Струмичко, а следната година во Малешевско.
На 26 јули 1904 година, во с. Митрашинци, Малешевско, загинал во борба со турската војска.