
Роден е на 15 февруари 1882 година во Охрид. Гимназија (до петти клас) учел во родниот град, а воено училиште завршил во Софија. Со чин потпоручник служел во Бугарската армија, за подоцна да ја напушти и да се вклучи во Врховниот македонски комитет.
Во март 1903 година дошол во Македонија со четата на Софрониј Стојанов.
Загинал во борба против турска потера на 28 април 1903 година.