
Роден е во 1875 година во Охрид. Се школувал во родниот град, а потоа во Софија, каде што завршил гимназија. По школувањето бил учител во с. Зашле, Битолско.
Во април 1902 година се вклучил во четата на Ј. Пиперката. Заедно со војводата Ј. Пиперката бил претставник на Демирхисарската револуционерна околија на Смилевскиот конгрес.
За време на Илинденското востание учествувал како началник на голем четнички одред, водејќи повеќе борби со турскиот аскер и башибозукот.
По Востанието предводел чета во Битолско.
На 4 октомври 1903 година бил опколен од турскиот аскер во с. Брезово. По единаесетчасовна борба, на 5 октомври, со дел од своите четници, Д. Матлиев извршил самоубиство.