Категорија: Биографии

  • Аргир (Наков) Манасиев

    Роден е во 1873 година во селото Сехово, Гевгелиско. Бил учител, член на реонското раководно тело во Кавадарци и долгогодишен војвода на Гевгелискиот реон. Како реонски војвода учествувал во бројни борби против турскиот аскер пред, за време и по Илинденското востание. Со својата револуционерна дејност дал значаен придонес во организирањето и зацврстувањето на Македонската револуционерна…

  • Аргир Маринчев

    Роден е во 1870 година во Охрид. Како учител во родниот град се посветил на револуционерната дејност, поради што дошол во судир со егзархискиот владика. За време на Илинденското востание станал војвода на просторот меѓу Битола и Охрид. Во борбите против турскиот аскер постигнал повеќе успеси и се истакнал како способен раководител и борец. На…

  • Апостол Петков Терзиев

    Кај народот бил познат како Апостол војвода и „Ениџевардарско сонце“. Роден е во 1869 година во селото Бојмица, Гевгелиско. Уште пред појавата на ТМОРО бил војвода на комитска чета, а со создавањето на Македонската револуционерна организација се приклучил кон нејзините редови. Се стекнал со голем авторитет меѓу населението, бил многу сакан од селаните и се…

  • Антон П. Стојанов

    Роден е во селото Стојаково, Гевгелиско. По завршувањето на Солунската егзархиска гимназија, извесно време бил учител во Бугарија, каде што станал секретар на Македонскиот комитет. Подоцна се префрлил во Македонија и активно се вклучил во револуционерното движење. Во 1903 година пристапил во четата на Христо Чернопеев и учествувал во револуционерните акции на Организацијата. На 6…

  • Андреј Казепов

    Роден е во 1878 година во Ресен. По завршувањето на Солунската егзархиска гимназија, учителствувал во Банско и Струмица. Во редовите на револуционерното движење се вклучил како активен деец на ТМОРО и бил назначен за војвода во Кресненскиот реон. Како војвода работел на организирањето и зацврстувањето на револуционерната мрежа во својот реон и учествувал во борбите…

  • Александар Турунџев

    Роден е во 1872 година во селото Екши Су, Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил уште како млад, најнапред како четник, а подоцна и како војвода. За време на Илинденското востание, со својата чета зел активно учество во борбите во Леринско. По востанието учествувал во обновувањето на револуционерната мрежа во својот реон и влегол…

  • Александар (Сандо) Малинов

    Роден е во Ново Село – Штип, на 19 јануари 1871 година. Бил познат како храбар и решителен револуционерен деец. Со својата храброст се прославил и заслужено влегол во алејата на бесмртните со подвигот што го направил на 6 јануари 1904 година. Случајно откриен поради непретпазливост на една жена и опколен од турска војска во…

  • Александар Кошка

    Роден е во влашкото село Гопеш, Битолска околија во 1873 година. Бил учесник во национално-ослободителната борба на македонскиот народ. Завршил романска гимназија во Битола и студирал медицина во Букурешт, Романија. Бил еден од најактивните Власи – членови на ВМРО. Како пелистерски војвода, со својата чета учествувал во Илинденското востание и во борбите што се воделе…

  • Александар Ефтимов

    Роден е во 1874 година во Битола. По завршувањето на средното образование, во учебната 1895/1896 година работел како учител. Нешто подоцна станал раководител на Организацијата во Лерин. Во 1899/1900 година бил назначен за раководител на Организацијата во Битола. По една година бил избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет и раководител на ученичката револуционерна…

  • Тодор Паница

    Роден е во 1876 година во Орехово, Бугарија. Од бугарска народност, уште како млад се вклучил во македонското револуционерно движење. Извесно време дејствувал во четата на скопскиот војвода Никола Пушкаров. Од 1905 година се поврзал со Серските револуционери и својата дејност ја продолжил во Серскиот револуционерен округ. Подоцна раководел со Драмскиот револуционерен реон. По наредба…