Категорија: Биографии

  • Трајко (Цветков) Китанчев

    Трајко Китанчев е роден на 1 септември 1858 година во селото Подмочани, Ресенско. Основното образование го стекнал во Ресен, а потоа се школувал во Цариград. Образованието го продолжил во Киевската духовна семинарија, а во периодот 1879–1880 година студирал правни науки на Московскиот универзитет. Во 1881–1882 година работел како учител во Петропавловската семинарија, а подоцна бил…

  • Христо Чернопеев (Черну Пеев)

    Роден е во јули 1868 година во селото Дерманци, Плевенско. Од 1889 до 1899 година служел како подофицер во бугарската армија, по што се вклучил во македонско-одринското ослободително движење. Во прво време дејствувал како војвода во Кукушко. По завршувањето на аферата „Мис Елен Стоун“, учествувал во борбата против четите на генерал Иван Цончев. По Илинденското…

  • Анастас (Ташко) Д. Лозанчев

    Роден е на 8 април 1870 година во Битола. Отпрвин бил учител, а потоа држел фотографски дуќан во Битола. Во Организацијата бил воведен лично од Даме Груев. Станал претседател на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ и во тоа својство учествувал на Солунскиот конгрес на ТМОРО (јануари 1903), а потоа и на Окружниот смилевски конгрес…

  • Алберт Сониксен

    Роден е во 1878 година во Сан Франциско, Калифорнија, САД. На 21-годишна возраст (1899) учествувал во американската експедиција за освојување на Филипините. Како бунтовник и хуманист, преминал на страната на месните востаници. Како резултат на таа авантура, во 1901 година ја објавил книгата „Десет месеци заробеник на филипинските острови“, а потоа и други дела, меѓу…

  • Руша Делчева

    Руша Делчева е најстарата сестра на Гоце Делчев и прва жена – револуционерка, која рамо до рамо со другите патриоти зела учество во борбите за ослободување на својата татковина Македонија. Извесно време била советник во кукушкото раководно тело на Организацијата и курир. По Првата светска војна, иако пребегната, продолжила да работи и да се бори…

  • Павел Поцев Шатев (1882–1951)

    Павел Поцев Шатев е роден на 2 јуни 1882 година во Кратово. Основното образование го стекнал во родниот град, а потоа учел во Скопје и во Солунската гимназија, каде матурирал во учебната 1899/1900 година. Уште како ученик во Солун се запознал со револуционерното движење преку Пере Тошев и Христо Матов. Во 1898/1899 година, заедно со…

  • Мара Бунева

    Родена е во 1901 година во Тетово. Основното и прогимназијалното образование го стекнала во родниот град, а потоа завршила стопанско училиште во Скопје. За време на Првата светска војна, заедно со својот татко заминала во Бугарија. Таму живеел и нејзиниот брат Борис, кај кого Мара останала извесно време. Наскоро се запознала со коњичкиот офицер Иван…

  • Лазар Поп Трајков (1876–1903)

    Лазар Поп Трајков (1876–1903) – костурски револуционер, војвода, поет и учесник во Илинденското востание. Војвода, поет и херој на Илинденското востание Лазар Поп Трајков е роден во 1876 година во селото Д’мбени, Костурско. По завршувањето на Солунската егзархиска гимназија, кратко време работел како учител во Костурскиот крај. Уште како млад се вклучил во револуционерното движење…

  • Ѕоле Стојчев – Агеш паша

    Ѕоле Стојчев, познат како Агеш паша, бил истакнат војвода на ВМОРО во Леринскиот револуционерен реон. Лерински војвода и приврзаник на младотурската идеја Ѕоле Стојчев е роден во селото Баница, Леринско. Во редовите на Македонската револуционерна организација се вклучил како активен револуционер и повеќе години дејствувал како лерински војвода, уживајќи голем углед меѓу населението во Леринскиот…

  • Ефрем Чучков (1870–1923)

    Ефрем Чучков (1870–1923) – револуционер, војвода и еден од истакнатите организатори на македонското ослободително движење. Организатор и војвода на ВМОРО Ефрем Чучков е роден во 1870 година во Штип. По завршувањето на средното образование се запишал во Военото училиште, каде што учел заедно со Гоце Делчев. Заедно со него го напуштил училиштето и се посветил…