
Роден е во 1874 година во Битола. По завршувањето на средното образование, во учебната 1895/1896 година работел како учител.
Нешто подоцна станал раководител на Организацијата во Лерин. Во 1899/1900 година бил назначен за раководител на Организацијата во Битола. По една година бил избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет и раководител на ученичката револуционерна организација во градот.
Александар Ефтимов учествувал во многу борби со турскиот аскер пред, за време и по Илинденското востание.
По Првата светска војна живеел во Бугарија. Во меѓусебните фракциски борби бил на страната на т.н. левица и Временото македонско претставништво.
Умира 1939 година во Софија, Бугарија.