
Роден е во 1875 година во селото Синитево, Пазарџиско.
Бил истакнат деец и војвода од Илинденскиот период. Во текот на својата револуционерна дејност раководел со повеќе револуционерни реони и бил еден од најистакнатите војводи на Организацијата.
Се одликувал со голема храброст, смиреност и презир кон смртта. Учествувал во повеќе од триесет борби против турскиот аскер.
За време на Илинденското востание дејствувал во Кратовско, а по неговото задушување ја продолжил револуционерната дејност во Македонија.
На 25 јуни 1905 година, заедно со тринаесет свои соборци, бил опколен од турскиот аскер меѓу селата Куклица и Пендек, во Кратовско. Се развила нерамна борба што траела цели единаесет часа.
Согледувајќи дека нема можност за спас, извикувајќи „Да живее слободна Македонија!“, Атанас Бабата и неговите другари извршиле саможртва, откако претходно го уништиле своето оружје и архивата за да не паднат во рацете на непријателот.
Атанас Бабата останал запаметен како еден од најхрабрите војводи на Македонската револуционерна организација.