
„Спомени на Георги Поп Христов“ претставува драгоцено мемоарско сведоштво за револуционерната дејност на ВМРО во Битолскиот револуционерен округ, за Илинденското востание и за борбите што следувале по неговото задушување. Мемоарите на војводата, делегат на Смилевскиот конгрес, заменик-член на Главниот штаб на Илинденското востание и член на Демирхисарската шумарска управа Георги Попристов ги запишал академик Љубомир Милетич на 3 декември 1903 година. Тие биле објавени во 1926 година како дел од книгата „Кон борбите во Југозападна Македонија (Кичевско, Битолско, Леринско, Преспанско, Дебарско), засновани на мемоарите на Лука Џеров, Георги поп Христов, Ангел Андреев, Георги Папанчев и Лазар Димитров.
Библиографски податоци
- Автор на спомените: Георги Поп Хри/стов
- Запишани: 3 декември 1903 година
- Запишал и приредил: Љубомир Милетич
- Објавено во: „Материали за историята на македонското освободително движение“, Книга IV
- Издавач: Македонски научен институт
- Место и година: Софија, 1926
- Вид: Мемоари / историски извор
- Јазик: бугарски
Дигитално издание
Контекст
Овие спомени се меѓу најзначајните извори за борбите во Битолскиот и особено Леринскиот револуционерен округ во 1902–1903 година. Посебна вредност имаат описите на организациското создавање на ВМРО во Битолскиот револуционерен округ, работата на Гоце Делчев и Даме Груев, Смилевскиот конгрес и текот на Илинденското востание.
Тие овозможуваат непосреден увид во дејноста на Георги Поп Христов и неговата чета, како и во подготовките за Илинденското востание.
Подготвил: Цане Ѓорѓиевски