Основање на ВМРО
На 23 октомври 1893 година во Солун беше поставен темелот на Внатрешната македонска револуционерна организација — движење создадено за слобода, самостојност и организирана револуционерна борба.
Солун, 23 октомври 1893 година
23 октомври 1893 — Солун
Широкото ослободително движење што ја зафатило Македонија во 90-тите години од XIX век довело до формирање на тајна револуционерна организација, која подоцна ќе стане симбол на македонската борба за слобода.
Во услови на силен политички и национален притисок, македонската интелигенција започнала да создава револуционерни кружоци и друштва. Во исто време, низ Македонија се појавувале и групи за самоодбрана, создадени од народот како одговор на насилствата и несигурноста.
Потребата од обединување на расфрланите сили довела до создавање на општа револуционерна организација.
Основачите
На 23 октомври 1893 година (стар стил), во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Организацијата:
- Христо Татарчев
- Даме Груев
- Петар Поп Арсов
- Иван Хаџи Николов
- Антон Димитров
- Христо Батанџиев
Тие ја основале првата конспиративна револуционерна група, нарекувајќи ја:
Македонски револуционерен комитет
Целите на Организацијата
По долгите разговори и дискусии, биле поставени основните принципи:
- Организацијата да биде тајна и револуционерна
- Да дејствува на територијата на Македонија
- Во неа да членуваат луѓе без разлика на вера и народност
- Главната политичка цел да биде автономија на Македонија
- Организацијата да остане самостојна и независна од соседните држави
Првиот Централен комитет
По усвојувањето на првиот устав и статут:
Така започнало организираното револуционерно движење кое подоцна ќе се прошири низ цела Македонија.
- Христо Татарчев бил избран за претседател
- Даме Груев за секретар и благајник
Сведоштво на Иван Хаџи Николов
„Во договореното време на 23 октомври 1893 година, во петокот навечер, сите шестмина се собравме…“
„Организацијата треба да биде тајна и револуционерна…“
„Политичкото верују на организираните Македонци е: автономија на Македонија…“
Сведоштво на Даме Груев
„Се згрупиравме, и сложно изработивме статут-правилник.“
„Основавме тајна организација со Централен комитет, со разгранoци и членски вноски.“
Сведоштво на Христо Татарчев
„Не можевме да го прифатиме ставот за директно присоединување кон Бугарија…“
„Ни поминуваше низ мислата дека автономна Македонија може да стане обединувачка алка на балканските народи.“
Историско значење
Основањето на ВМРО во 1893 година претставува еден од најзначајните моменти во македонската национална историја.
Организацијата станала носител на револуционерната борба за:
- слобода
- автономија
- национално достоинство
- македонско национално единство
и оставила длабока трага во историскиот развој на Македонија.