
„Спомените на Андон Димитров“ претставуваат лично мемоарско сведоштво на еден од основачите на Македонската револуционерна организација. Текстот бил составен од Андон Димитров во последниот период од неговиот живот и е зачуван во машинописна форма. Ракописниот наслов на прикажаниот лист е подоцнежна архивска белешка, внесена по неговата смрт.
Во спомените тој се навраќа на сопствениот живот, просветната и револуционерната дејност, создавањето на Организацијата и луѓето со кои соработувал. Како непосредно сведоштво на учесник во настаните, текстот претставува вреден историски извор за почетоците на организираното македонско револуционерно движење.
Библиографски податоци
- Автор: Андон Димитров
- Форма: Машинопис
- Наслов: Спомени на Андон Димитров
- Место и година на машинописот: Софија, 1936
- Забелешка: Ракописниот наслов е подоцнежен и не е напишан од авторот
- Јазик: Бугарски
- Вид: Мемоари / авторски извор
Дигитално издание
Контекст
Овие мемоари претставуваат едно од ретките лични сведоштва на основач на Македонската револуционерна организација. Како непосреден учесник во создавањето на Организацијата, Андон Димитров остава драгоцен извор за нејзините почетоци, за личностите што учествувале во основањето и за првите години од нејзината дејност.
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски