Напомена
Текстот е пренесен според достапниот машинопис и го задржува оригиналниот јазик и стил.
АНДОН ДИМИТРОВ
Роден 1867 г. во с. Ајватово, Солунско. Студирал право во Високото училиште во Цариград и на универзитетот во Лиеж (Белгија). Работел како учител по турски јазик во бугарската машка гимназија и по бугарски јазик во турската гимназија во Солун, а подоцна како адвокат и судија во Битола и Цариград. Тој е еден од основачите на ВМРО кон крајот на 1893 г., а по Младотурската револуција учествувал во основањето и дејноста на Сојузот на бугарските конституциони клубови (СБКК). По Балканската војна се населил во Бугарија. Умрел 1933 г. во Софија.
Спомените на А. Димитров, напишани малку пред неговата смрт, се чуваат во ракопис во Бугарскиот историски архив при Народната библиотека „Кирил и Методиј“ во Софија, ф. 339, а.е. 1. Тука се објавуваат откуси од нив — л. 14—27, 32—38, 54—74, 83—92, 95—105.
СПОМЕНИ
Почна учебната година.¹ Ние здраво се фативме на работа. Голема пречка за нас беше недостигот на печатени учебници по предметите што ни се предаваа. А сами да водиме белешки од предавањата — тоа беше исклучено. Требаше да ги молиме другарите, кои успевале да запишат сè, и тоа по неколку дена, да ни дадат да ја препишеме лекцијата. Тоа беше неизмерен труд. Но, така или инаку, на крајот на учебната година ние успешно ги издржавме испитите и не го засрамивме ниту неговото блаженство, ниту министерот. На крајот на втората година, токму среде испитите, паднав тешко болен. По советите на лекарите требаше да ги прекинам испитите. Со надеж дека ќе можам во почетокот на следната учебна година да ги доиздржам преостанатите испити, заминав за родното место на тебдилхава (промена на климата), откако депонирав во ректоратот на факултетот соодветно медицинско сведоштво.
Се наближуваше новата учебна година. Не се чувствував доволно здрав, па решив да ја замолам Егзархијата да ме назначи за учител по турски јазик во Солунската бугарска машка гимназија со неколку часа неделно, за да ми се даде можност да го поправам своето здравје. Егзархијата благосклоно ја погледна на молбата ми и ме назначи учител по турски јазик во долните класови на гимназијата, вклучително и IV клас — вкупно 12 часа неделно. По неколку месеци, благодарение на особените грижи на младиот лекар д-р Христо Татарчев, мојот другар по идеи, повторно се почувствував здрав. Новото течение за создавање организација за автономија на Македонија сосема ме одврати од мислата да се вратам во Цариградскиот универзитет. Останав засекогаш учител во Солун.
Тоа беше 1892 г., кога Високото училиште во Софија го даде својот прв матурски испуст. Мнозина од завршените, поранешни ученици на Солунската гимназија, беа назначени учители во истата гимназија. Меѓу нив беа: Георги Баласчев од Охрид, учител по географија, Димитар Мирчев од Прилеп, учител по бугарски, Петар Попарсов од с. Богомила, Велешко, учител по историја, Христо Тенчев од Кукуш, учител по математика, и други. За привремен директор на гимназијата беше назначен Васил Кънчев. Истата година како лекар во Солун се беше настанил и Христо Татарчев, роден во гр. Ресен. Таа година и Србите отворија училиште во Солун и почнаа својата пропаганда меѓу сиромашните бугарчиња, истерувајќи ученици од Солунската бугарска гимназија поради „неблагонадежност“ и „лошо поведение“.
Разгуланиот живот на некои млади учители од слободна Бугарија, заедно со некои од нашите македонски учители, со слаба вера во себе си и со сметка на приватни интереси, стана причина за раздор во сфаќањето на задачата на македонскиот учител: едните сметаа дека преку вечеринки и веселби треба да се шири културата меѓу народот, а другите — преку разгорување на болката на неговата душа, односно слободата на Македонија. Така поставени гледиштата, првите се почувствуваа посилни благодарение на некои свои другари, кои успеаја да се вметнат во управата на Егзархијата. Егзархискиот орган в. „Вести“ им стана соучесник во печатната борба. Нашата група беше принудена да одговара преку некои софиски весници, кои тешко наоѓаа пристап во Македонија. Кон крајот на учебната 1892/1893 г. скоро сите наши другари учители беа отпуштени. Останав сам јас, бидејќи во Егзархијата било пренесено дека преподавањето на турски јазик е многу добро застапено (уредено), а тоа било и силна желба на неговото блаженство егзархот. Оваа околност, наместо да нè ослаби, само уште повеќе ги зацврсти нашите позиции. Ние ја задржавме во својата група другарот П. Попарсов и Дамјан Груев, тогаш коректор во печатницата на бугарскиот книжар Коне Самарџиев, роден во Прилеп, „Скоропечатница на С. Муратори и С-ие“.
Во 1893 г. за директор на гимназијата беше назначен Михаил Сарафов, поранешен министер во Бугарија. Тој беше дошол со специјални инструкции од Егзархијата, каде веќе како главен инспектор на училиштата во Македонија се беше настанил Васил Кънчев. Ние требаше уште повеќе да ги зацврстиме…
Иста (1894) година беше дошла заповед од Цариград до солунскиот меариф мидиурю (директор на просветата) да се воведе факултативно во турското идадие (гимназија) изучувањето на бугарски и грчки јазик. Нашата млада организација, чувствувајќи потреба да се навлезе секаде, најде за уместно да побара мене место за бугарски јазик таму. И навистина, под благовиден предлог дека ќе влеземе во контакт со просветните власти во Солун, директорот на гимназијата М. Сарафов се согласи да ми дозволи да го земам учителствувањето по бугарски јазик во идадието, што и го соопшти во Егзархијата. Јас се нафатив со уште три часа неделно по бугарски јазик во идадието. Во почетокот кај мене се запишаа околу 50—60 ученици. Кај грчкиот учител М. Жан, кој беше и драгоман во меарифското управление, се беа јавиле само 10 души желни. Ова ја разбуди зависта на колегата. Тој не можеше да се стрпи, та еден ден ме праша: „Зошто кај мене има само 10 ученици, а кај тебе повеќе од 60?“ Му одговорив: „Затоа што за грчки се интересираат само оние турчиња кои се од места каде има грчко население, а за бугарски — оние што се меѓу бугарска средина. Ете го мерилото на бугаризмот и грцизмот во Македонија“ — му реков нашегово. Поголемиот дел од моите ученици беа помачиња (бугари мухамедани). За нив бугарскиот јазик, како мајчин, беше многу лесен. Тие уште во првата година привикнаа слободно да читаат. Меѓу нив имаше и солунски дьонмета и албанчиња, кои гаеле особени симпатии кон бугарите. Но, бидејќи овие турчиња не го познаваа јазикот, бев принуден да го поделам часот по бугарски на две групи: помачињата одделно од дьонметата и албанчињата.
Тоа беше третата година, кога еден ден две помачиња дојдоа кај мене дома и ме замолија да им доставам примерок од романот „Под игото“ од Ив. Вазов. Тие веќе знаеја доста стихотворби од Вазовите, кои ги изучуваа од учебниците што им ги бев дал за читање. Им реков дека бараната книга е забранета од цензурата и дека можела да ни причини големи неприлики, како мене така и ним. Тие ми дадоа да разберам дека сето тоа им било познато, но сепак сакале да најдат начин да си ја набават. Не поминаа две седмици, и тие ми покажаа два примерока од книгата „Под игото“. На прашањето како ја набавиле, ми одговорија дека им ја дал еден пријател од новата бугарска револуционерна организација, која имала следбеници и меѓу помаците во Мегленско, за да ја прочитаат и повторно да му ја вратат. Ги посоветував да се чуваат. Двајца од нив, откако го завршија Солунското идадие, го продолжија своето образование во Цариград, во Административната школа (Мектеби мюлкие), која подготвуваше административни чиновници за цела Турција: каймакамами (околиски началници), мютесарифи (окружни управители) и валии (областни управители или гувернери). Тие двајцата станаа каймакамами во Македонија. Организацијата најдобро успеваше во нивните околии, покрај големите доноси од страна на Грците. Тие и денес уште заземаат видни административни постови во републиканска Турција. Не ја заборавија својата татковина Македонија и продолжуваат да гаат особени симпатии кон Внатрешната македонска револуционерна организација.
Моето учителствување во турското идадие послужи за врска меѓу учителите од нашата (бугарска) гимназија и оние од идадието. Последното беше новоизградено. Претставуваше монументална зграда. Во него имаше физички и хемиски кабинети од последна дума на науката. Но каква полза од нив, кога поголемиот дел од инструментите беа целосно во прав. Учителите во идадието ги беа завршиле цариградските училишта Мюлкие и Галатасарајскиот лицеј — осмокласни гимназии. Немаше ниту еден специјалист по својот предмет. Ете зошто учителите по физика и хемија не умееле да ракуваат со апаратите во тие кабинети; тие сè учеле на теорија и така ги предаваа спорните предмети. Со учителите во нашата гимназија беше токму спротивно: сите скоро беа со високо специјално образование. Запознавањето на нашите учители со оние во идадието му даде можност на нашите учители да одат на опити во турското идадие по оние часови по физика, за кои немаше во нашиот кабинет потребните апарати. Нашиот учител по хемија се воздржуваше да оди и да прави опити во турското идадие поради тактички причини: да не им даде можност на Турците да посомневаат дека од хемиските препарати може да се приготват бомби и динамит, штом може да се добие гремлив гас и слично. Овие средби меѓу нашите учители и ученици со турските ги разбуркаа донекаде подозренијата дека ние можеме да бидеме неблагонадежен елемент за државата. Меарифското управление почна да гледа на нашата гимназија со поголема симпатија, макар и со завист, дека стоиме по наука повисоко од турското идадие. Меарифските власти почнаа почесто да ја посетуваат нашата гимназија.
Моето учителствување во идадието, покрај меарифските средини, ми создаде врски и со другиот административен апарат на државата. Доста полициски чиновници на чело со директорот на полицијата покажаа желба да учат бугарски јазик. Јас предавав на некои од нив приватни часови, се разбира, бесплатно. Се запознав и со началниците на пасошкото одделение. Ова познанство ми даде можност подоцна редовно да се снабдуваме со пасоши, тескерета и нуфузи (лични документи) за целите на организацијата.
Моето положение беше такво што никогаш Турците не можеа да допуштат ниту најмало подозрение дека можам да припаѓам на некоја организација, макар и да бев раководител на градската секција на организацијата. Во неа мои другари беа следните лица: Васил Мончев од Прилеп, содржател на „Бошнакхан“, Стефан Матлиев од Охрид, трговец на погребални работи, Тодор Гавазов од Прилеп, писар кај комисионерот Петар Матов, и Христо Червен: Иванов од Кукуш, трговец на вина.
Да забележам дека откако се поставија основите на Внатрешната револуционерна организација во Солун, во Софија се образува од Македонци еден Врховен комитет, кој си зададе за цел да работи оттаму за присоединувањето на Македонија кон Бугарија.⁴ Напразни беа нашите усилби да ги отклониме раководителите на тој комитет од мешање во нашите внатрешни работи. Сметајќи се за некомпетентен да раководи со организацијата однадвор, комитетот не отстапи од своето сфаќање, макар и многупати да издавал, за форма, окружни предписанија до своите подведомствени органи да не се мешаат во работите на Внатрешната организација.
Еден ден следобед во 1895 г. јас и другарот Атанас Мурџев бевме излезле кон Вардарската маала во Солун да навестиме некои од организационите луѓе. Каква беше нашата изненаденост и срам, кога здогледавме толпа луѓе да се собираат и да викаат „ю“. Една рота турски војници водеа под конвој врзани еден за друг околу 40—50 души комити. Тоа беа Бугари, селани од Горноджумајско, Мелнишко и Неврокопско, апсени и измачувани поради нахлувањето на врховистички чети во тие места. Големи беа за Внатрешната организација штетите причинети од овие непромислени дејствија на софискиот Врховен комитет. Настапи колебање во душите на нашите следбеници. Раководителите на Внатрешната организација се стрeснаа. Требаше да се размислат мерките со кои ќе се стави крај на ова ненормално положение. Свикана беше една средба во Солун во 1896 г. Таа стана преку велигденската одмор, за да можат делегатите од внатрешноста незабележано, поради Велигден, да земат учество во неа. Средбата се одржа во мојот стан, кој се наоѓаше спроти бугарската машка гимназија. Присуствуваа раководителите од поважните градови: Гоце Делчев, претставник од Штип, Велко Думев — Велес, Христо Матов — Скопје, Вангел Калеичев — Сер, Ѓорче Петров — Битола, а д-р Христо Татарчев, Дамјан Груев и јас — претставници од Солунскиот реон, кон кој се числеше и Кукуш. Взе се решение да им се внуши на раководителите на софискиот Врховен комитет да престанат да се мешаат во внатрешните работи на Македонија и да не му штетат на делото со своите четнички дејствија. Тие, наместо да го земат предвид ова решение, наредија на свои приврзаници во Солун Иван Гарванов и С-ие да основаат контра-комитет на нашиот. Таков комитет основаа под името „Револуционерно братство“. Со овој комитет се зачна расколот во македонското ослободително движење. Оттогаш почна борбата меѓу централисти и врховисти, т.е. меѓу ВМРО и софискиот врховизам. Секој знае колку скапи жртви се дадени во таа борба, која уште продолжува со својата ожесточеност, сега веќе во слободна Бугарија, поттикнувана од лични страсти.
Испуштив да спомнам дека во 1895 г. Внатрешната организација, и покрај противењето и пречките од страна на егзархиските големци, доста се беше зајакнала. Таа веќе ги беше завладеала трите македонски бугарски тврдини: Прилеп, Велес и Штип. Во последните два града директорите на училиштата беа наши луѓе. А во Прилеп испративме за директор Петар Попарсов. Кога главниот егзархиски инспектор Васил Кънчев пристигна на ревизија во Прилеп, Попарсов не го пушти да влезе во училиштето. Прилепчани уште самите си ги издржуваа учителите и директорот. Кънчев го замоли училишното настојателство да му дозволи, не како инспектор, туку како приватно лице, да го разгледа училиштето, кое беше едно од најдобро уредените училишта во Македонија. Ова негово желание беше уважено. На следната година, меѓутоа, Егзархијата ѝ соопшти на Прилепската општина дека таа (Егзархијата) е готова да го издржува директорот, и под предлог дека сите училишта во Македонија треба да имаат една иста програма, чие извршување треба да биде под надзор на Егзархијата, го наметна своето барање на општината, заканувајќи ѝ дека, ако не ги прифати нејзините услови, ќе нареди да се одбие приемот во Солунската гимназија на ученици од прилепските училишта. Организацијата се чувствуваше веќе доста подготвена со свои адепти (приврзаници) и, сметајќи дека лицето кое ќе биде назначено за директор не може да биде туѓо на нејзината идеја, ја посоветува Прилепската општина да ги прифати предложените услови на Егзархијата, бидејќи во спротивен случај конфликтот можеше да се разрасти до степен во кој би можела да ја искористи само српската пропаганда, која веќе почнала да се шири и во прилепските села.
Во 1897 г. Централниот комитет во Солун најде за уместно јас да одам за учител и советник кај дедо Козма Пречистански, тогаш архимандрит и претседател на Бугарската духовна општина во истиот град, во Битола. Таму ги најдов како раководители на организацијата Пере Тошев, Георги Пешков, Анастас Лозанчев и др. По размена на мислења со Пере, најдовме за поцелисходно јас да останам скриен за луѓето на организацијата, така што тоа да го знаат само еден-двајца од неговите најдоверливи другари. Пред да оди на заседание, Пере се советуваше со мене за оние прашања кои му беа малку нејасни. Тој ми ги соопштуваше и добиените решенија по нив. Тој беше високо чесен и не можев да не му верувам дека постапуваше добросовесно. Ова го истакнувам за да подвлечам дека, покрај другарите во организацијата, меѓу челните лица имаше и такви кои по природа сакаа да додаваат нешта од своето воображение и да криеле многу работи што требало да бидат познати на сите други во раководното тело.
Во 1902 и 1903 г., до денот на востанието — 20 јули 1903 г. — прогонството на бугарското население беше неопишливо. На нас, адвокатите, полицијата ни забрани да пишуваме молби на Бугарите до административните власти. Имав случај да ги видам длабоките рани во ребрата под мишките на еден селанец, Бугарин од ресенските села, причинети од горешти јајца. Со ризик да бидам апсен, му го напишав заявлението до тогашниот валија Абдул Керим — сам тој воен. Овие мачења беа извршени, според кажувањето на пострадалиот и на неговите соселани, од самата воена потера. Абдул Керим паша беше човек многу чесен, строг, но справедлив. Откако го прочита заявлението, кое беше напишано со изрази што ја засегаа силно тенката струна на неговата воена чест и престижот на државата, тој веднаш нареди пострадалиот да биде однесен на лекување во државната болница, при што истовремено направи и постапки, за пред воените да го зачуваат престижот на државата. Абдул Керим паша не сакаше да не знае дека пострадалиот, пред да се јави кај него, бил кај странските конзули во Битола, кои го фотографирале со раните. Благодарение на околноста дека заявлението падна директно во раката на валијата, кој веднаш му даде тек, јас не бев вознемируван од полицијата.
Кога, меѓутоа, еден ден кај мене дојдоа мухтарите (кметовите) на 14 села од Демирхисарско (Битолско) да им подготвам заявление до валијата против зулумите (угнетувањето) што им ги прави Сулю чауш, заявлението, пред да оди кај валијата, беше одземено од полициските органи. Еден од селаните, исплашен и збркан, дојде во писалиштето ми и ми соопшти дека полис-мюдюринот (директорот на полицијата) им го зел заявлението и им се заканувал со затвор ако не кажат кој им го напишал заявлението. Му реков да им соопшти дека заявлението сум го напишал јас. Уште селанецот не беше го преминал прагот на излегување од писалиштето, кога еден полициски комисар (пристав) се јави кај мене и ме покани да отидеме кај полис-мюдюрин. Му реков дека имам да завршам една брза работа до судот и по 5—10 минути ќе се јавам кај мидиурин. Тој не настојуваше многу. Остави пред писалиштето ми еден детектив и си отиде. Еснафот од таа чаршија, кој се состоеше речиси само од гркомани, со злорадство го следеше сето тоа. Се стегаа срцата само на луѓето во 2—3 бугарски дуќани. Ја завршив својата работа и се упатив кон конакот (владиниот дом), следен, се разбира, од детективот. Се јавив кај полис-мюдюрин, пред чиешто биро беа наредени исплашени прашаните мухтари. Полис-мюдюринот го држеше пред себе заявлението. Ми посочи со прст и многузначително ме праша: „Вие ли го напишавте овој арзухал (заявление)?“ Му одговорив утврдно. „Добро, но селаните одбиваат да признаат дека сте им внеле работи од себе, за да ги уроните престижот на државата.“ „За да се увериш во вистинитоста на тоа што го тврдиш, те молам да ги повикаш селаните да го признаат пред мене“ — додадов. Тој се збуни. Не се осмели да ги повика селаните да го отфрлат содржаното во заявлението. Се задоволи само да ме потсети дека треба да го извршувам нареденото од полициските органи, т.е. да не пишувам никакви заявленија што имаат за цел да го уронат престижот на државата. „Правото на отоманскиот граѓанин да ги пренесе на знаење на властите сите свои неволи е осветено од законите на земјата; а пишувањето на заявленија, молби и сл. влегува во прерогативите на адвокатската професија, вршењето на која исто така е гарантирано со законите на земјата“ — одговорив јас и си заминав од неговото биро. Дури и со закани селаните да беа принудени да го отфрлат содржаното на заявлението, јас во тоа отношение бев обезбеден, бидејќи поседував на бугарски истото заявление, скрепено со 14 селски печати. Тоа го бев направил како превентивна мерка поради еден порано случен настан со други селани, кои уште при првата закана од полицијата ги отфрлиле содржината на заявлението.
Одлучив да ставам крај на овие полициски произволи. Се јавив уште истиот момент кај строгиот, но праведен валија Абдул Керим паша и му ја раскажав целата случка со заявлението на мухтарите од демирхисарските села. Тој, разнежен, веднаш го повика полис-мюдюрин, кој при јавувањето пред валијата се свил на две половинки од почит или страв, не знам. Без да му покаже место да седне, валијата го праша: „Зошто го заплаши овој господин адвокат?“ Полис-мюдюринот се обиде нешто да се оправда, но валијата го прекина и му нареди да го донесе арзухалот (заявлението) на селаните. Мюдюринот се јави повторно со арзухалот в рака. Откако го прочита, го праша мюдюринот: „Каде се селаните?“ „Долу се, ваше височество“ — му одговори тој. „Веднаш ослободи ги селаните, а јас пак ќе наредам до воените да ги земат сите потребни мерки за фаќање на овој разбојник. Наместо ред во земјата, ние со своето несовесно однесување стануваме соучесници на разбојниците и на тој начин го изнесуваме престижот на државата пред надворешниот свет.“ Валијата се сврте кон мене со зборовите: „Адвокат ефенди, вие гледајте ја својата работа, и ако некој ви пречи, веднаш пожалете се.“ Овие насрчувачки зборови на валијата ме ободрија. Побарав дозвола да се оттргнам од присуство (така беше усул китаби⁵ во Турција), му се заблагодарив нископоклонно и ја напуштив неговата соба. По тоа никој веќе не ме вознемируваше.
Во април 1903 г. раководителите на организацијата на својот конгрес донеле решение да прогласат сеопшто востание во Македонија, а главно во Битолскиот вилает, кој се чувствуваше најподготвен и беше најдалеку од бугарската граница.⁶ Граѓаните и селаните почнаа да си набавуваат резервни залихи, главно брашно. Се сеќавам дека и јас купив 2—3 чувала брашно во навечерието на востанието. Во ноќта спроти Св. Илија (на 20 јули 1903 г. по стар стил) целото битолско поле беше осветлено: горееа купови сено и кулите на бејските чифлиции. Јас живеев на влезот на едно бездна тесна уличка, населена речиси целата со турски семејства. Некои од посмелите мажи од тие семејства, вооружени со пушки, пузеа претпазливо покрај ѕидовите на куќите и се доближуваа до излезот на уличката. Ги слушавме жените нивни да им викаат под нив да не излегуваат на широката улица, зашто повеќе од 2000 бугарски комити, кои се собрани над селата Магарево и Търново, ќе го нападнат градот и ќе го запалат. Слушавме и гласови, во случај на нужда, да се засолнат кај мене како кај Бугарин. Толку голема беше паниката кај мажите и стравот кај жените и децата. Не помина многу и се слушна тропот на коњица. Тоа беа коњанички патроли, кои ги советуваа граѓаните мирно да седат в куќи. На следниот ден се дозна дека Бугарите објавиле востание во целиот вилает. Војските од III корпус во гр. Битола се покажаа недоволни да ги смират востаниците, та почнаа да пристигнуваат војски и од Солун. Повеќе од двестахилјадна армија тргна да го гуши востанието. Изгорени беа многу бугарски села, особено кон костурскиот крај. Востанието продолжи 2½—3 месеци. Хероjски се бореа бугарските четници и селани. Настапи есен. Жени и деца од изгорените бугарски села останаа без покрив и без покуќнина. Привремено тие беа подпомогнати со ќебиња и други топли облеки, доделени им од разни човекољубиви и добротворни друштва во Европа, а главно англиски. Една комисија, под претседателство на бугарскиот владика дедо Григориј, ги раздаде покуќнините на нуждаещите се.
Се враќам на дејноста на Февкаладето.⁷ Ова не беше суд, туку подобие на суд. За претседател имаше еден Арапин од Бејрут по име Кямилюс Сулх. Тој беше зет, оженет за сестрата на вториот секретар на султан Хамид, Иззет Хольо паша. Не само чиновниците од правосудството, вклучително и судските инспектори, туку и самиот Хилми паша⁸ не смееше да реагира против неговите произволи. Тој беше воведел практика, така што само тој ги проучувал делата, а членовите-судии се задоволувале само со јавно слушање пред судот на изјавите на подсудимите и сведоците. Мене ми се виде оваа постапка уникум во судската практика. Побарав да ми се даваат делата за претходно проучување. Оваа моја дрскост направи особено впечатление кај него. Одбегна тоа да го направи под благовиден предлог дека ние, судиите, сме зафатени со своите тековни работи во своите одделенија и следствено немаме време да ги проучуваме делата. Му реков дека нема да ми биде труд и дека ќе остана еден час надвор од работното време за да можам да ги проучувам и тие дела. Ова не му се допадна и си остана на својата одлука, додавајќи: „Изгледа дека сакате да го расипете добриот ред на досегашната постапка.“ Се задоволив да го пренесам ова на судските инспектори (тие беа двајца: еден Турчин и еден Грк). Тие нешто замрзнаа и ветија да го нарат потребното. Чекав неколку дена резултатите. Гледајќи дека ништо не се врши, се јавив кај Хилми паша и откако подробно му ја раскажав целата ситуација, го замолив да ме ослободи од Февкаладето, во случај таму да продолжи да се води оваа постапка. Тој ветил дека ќе го проучи прашањето. И навистина, по 2 дена претседателот ми соопшти дека делата од Февкаладето ми се на располагање, кога ќе ги побарам. „Но, јас не одговарам ако нешто недостасува од нив“ — додаде тој лукаво. „За да бидеме гарантирани и вие и јас, нарете да бидат прошнурувани и номерирани“ — му одговорив. Имав сознанија дека тој често пати ги криел оние документи што содржеле елементи во полза на подсудимите Бугари. Толку голем бугарофоб беше овој господин. А неговиот бугарофобство и грчкофилство се должеа освен на општата политика на Хилми паша — да се прогонува сè бугарско и да се менажираат Грците — уште и на специјалните подароци од страна на Грците. Така поне се шушкаше меѓу колегите судии.
Како и да е, почнав, како привилегија, да ги проучувам однапред сите дела пред да се јавам на заседание во Февкаладето. Во текот на заседанието бев единствениот судија кој поставуваше прашања, се разбира со негова дозвола, на подсудимите за да се разбулва вистината. Имаше случаи кога моите приватни сознанија ми даваа особена храброст за невиноста на подсудимиот; јас тогаш бев крајно упорен против тактиката на претседателот да го изкарва секој Бугарин комита. Таков беше меѓу другото и случајот со Стефан Наумчев од с. Долно Котори, Леринско. По востанието во 1903 г. кон декември тој, снабден со редовен пасош од Лерин, заминал за Америка за да си ја заработи преживеалницата. По двегодишен престој во Америка, во 1905 г. се вратил повторно во своето село. Истата година бил назначен за учител во с. Живуново, Леринско. На 23 септември истата година власта го апсила врз основа на една заповед (постановление) на обвинителната комора (хейети итхамие) во Битола, како „комитаджия“, кој подолго време се укривал. Напразно тој сакал да се оправда, изтакувајќи пред властите самата вистина. На 14 декември 1905 г. Февкаладето во Битола го разгледа неговото дело. Подсудимиот заяви пред судот дека заминал за Америка уште во 1903 г., откако се снабдил со редовен пасош од властите. Кога се враќал оттаму низ 1905 г., пасошот му бил визиран од турскиот конзул во Ню Јорк за Солун. Местните власти во Солун врз основа на овој пасош му издале едно турско „тескере“, со кое патувал од еден вилает во друг во внатрешноста на Турција. Со него тој се вратил во своето село. Подсудимиот побара еден рок за да ги достави пасошот и „тескерето“, со кои документи да ја докаже својата тврдина.
Судот даде тек на просбата му, писувајќи истовремено и на каймакамина во Лерин да соопшти дали кон крајот на 1903 г. бил издаден пасош за Америка на името на Стефан Наумчев од с. Долно Котори. Официјалниот одговор на каймакамина беше негативен. Овој одговор на каймакамина се доби пред дадениот рок на подсудимиот да ги достави документите. Јас имав позитивни сознанија дека пасошот и „тескерето“ биле најдени во куќата на подсудимиот и требало да се донесат лично од неговата жена. Претседателот уште на следниот ден по добивањето на одговорот на каймакамина го извлече подсудимиот пред судот. На прашањето мое зошто подсудимиот Наумчев е донесен пред судот пред дадениот му со определение на судот рок, претседателот високомерно одговори: „Затоа што има официјален одговор од каймакамина дека никаков пасош за Америка не е издаван од Лерин на името на подсудимиот кон крајот на 1903 г. Подсудимиот е лажец…“ „Ако судот можеше да се задоволи само со одговорот на каймакамина, немаше потреба да се дава на подсудимиот определение да ги претстави проблемните документи. Има уште три дена до рокот. Но, штом сметате за добро да го изслушаме, можеби е добил документите“ — додадов јас. Го повикаа подсудимиот во заседателната сала. На прашањето на претседателот каде се документите, подсудимиот одговори дека биле предадени на неговиот заштитник — адвокатот Исак ефенди, Евреин. Исак ефенди беше зафатен со друго дело во граѓанското одделение. Го повикаа. Тој се јави и изјави дека пасошот и „тескерето“ се кај него, но бидејќи рокот за изнесување пред судот на документите на подсудимиот е определен за по 3 дена, рече дека ќе ги претстави документите во определениот ден. Судот го одложи делото за определениот ден. По 3 дена подсудимиот се јави заедно со својот заштитник. Исак ефенди ги претстави документите на судот. Се утврди дека пасошот навистина бил издаден од властите во гр. Лерин во 1903 г., дека подсудимиот бил до 1905 г. во Америка и дека пасошот бил визиран од турскиот конзулат во Ню Јорк.
Несреќниот учител беше ослободен, откако прекара 6 месеци во затвор без никаков законски мотив. Имаше среќа што документите му се најдоа зачувани дома. Му обрнав внимание на прокуророт за да го примени законот против каймакамина, кој си дозволил да ја скрие вистината. Не само што каймакаминот не беше обеспокоен по судски ред, туку не доби никаква укор дури ниту по административен ред, затоа што си дозволил да го лажира официјално судот во однос на пасошот.
Оваа несовесност на претседателот на судот ми создаваше душевни маки. Тешко беше да се гледа како луѓе Бугари се осудуваа на 15-годишен затвор, доживотен затвор или дури на смрт, дури и кога во делото имаше елементи за нивната невиност. Не помалку тажен впечаток правеше и околноста дека поради заплена на некоја архива на локална организација или врз некоја војвода (при најстрогите нареди на Централниот комитет никој војвода или четник да не носи со себе архива) често пати цели афери се создаваа од непочитувањето на овие нареди, се влечеа во затвор по 150—200 души селани, поголемиот дел од кои имаа тој грев што нивните имиња се среќаваа во списокот на војводата. Таква беше Охридската афера.
Бинбашијата Enver бей — подоцна Enver паша и зет на султанот — беше натоварен да ги гони бугарските чети. Во Охридско беше заплена значителна архива. Enver бей заведе повеќе од двесте души селани, меѓу кои имаше и апсени. За прегледување на архивата (разни писма) беше назначена трочленска комисија: стариот адвокат во Битола Серафим Матлиев од Охрид, гркоманин, тердjуманинот на полицијата Фахри ефенди, роден од гр. Видин, кој го завршил Ломското педагошко училиште, и јас. Enver бей присуствуваше како набљудувач во нашата работа. Тој не постави никакво прашање додека ги прегледувавме писмата, во кои се спомнуваа имињата на селаните. И тој се согласи со нас поголемиот дел од заловените селани да бидат ослободени уште таму, во Охрид, откако ќе им се дадат потребните упатства да си ја гледаат мирно работата и да се откажат од секаква организација. Благовидниот предлог беше да не се доведуваат во Битола, зашто поголемиот дел од нив од незнаење не знаат што вршат и, според неговите приватни сознанија, биле насила запишани во списоците на организацијата.
Кога, меѓутоа, дојде прашањето за интелигентните лица, тој нè постави во најголеми подробности врз псевдонимите на секој еден од нив. Се разбира, никој од нас не се решаваше да го стави потписот во рапортот врз основа на некакви псевдоними, додека немаше за тоа фактички податоци. Тој вложи големи усилби да нè увери дека сретнатите во некои писма псевдоними се на Иван Нелчинов и други во Охрид; тој се повикуваше за тоа и на својата воена чест. Забележав дека двајцата мои колеги почнаа да се колебаат. Се обратив кон Enver бей со зборовите: „Знаете, моите симпатии кон личноста на Enver бей се безгранични, но нека тој не ја насилува нашата совест.“ Enver бей вети на следниот ден да ни ги достави бараните докази. Мојата цел беше да го одложиме заседанието, за да можат да се предупредат охридските учители да се сокријат. Веднаш испратив известие до претседателот на организацијата да испратат курир преку ноќ во Охрид. Но, изгледа дека и Enver бей ги забележал моите тајни намери, та веднаш, штом излеговме од заседанието, телеграфирал во Охрид да ги апсат Нелчинов и другите учители. Подоцна се дозна дека неколку минути по нивното апсење пристигнал куриерот од Битола. Не секогаш ни се удаваше можност да им бидеме корисни на луѓето од организацијата. Често пати се враќав дома поуморен од душевни маки отколку од физичка умора. Многупати домашните ме молеа да поднесам оставка од судиството, бидејќи секојдневните тревоги видливо се одразуваа на моето здравје. Жалев што не можев да ја задоволам нивната желба.
Стоењето мое во Февкаладето ја разбудило омразата и кај Грците. Бидејќи си водев кратки белешки по сите дела и правеа, кога станеше потреба, споредба пред судот меѓу разни решенија на истиот суд за подсудими Бугари и Грци, од кои решенија јасно се гледаше пристрасноста кон Грците и омразата кон Бугарите, ова го схватиле Грците како прогонство на нивните луѓе, и нивниот комитет донел решение да ме убие. Ова ми беше соопштено строго доверливо од еден наш роднина, гркоманин, кој бил член на истиот комитет; Грците не знаеле дека ова лице имаше роднински врски со мене. Малку недостасуваше да станам жртва на едно покушение. Починал претседателот на трговскиот оддел Продромос ефенди, Грк караманлија, кој се ползуваше со општа обич и почит во целата Битола. Најдов за нетактично и неполитично од своја страна да не земам учество на неговиот погреб, кога колегите од сите судилишта се готвеа да отидат и да ги придружат смртните негови останки. Таму беше и валијата со членовите на Идаре меджлиси (административниот совет). Имаше и воени. Во текот на опелото во грчката црква едно непознато момче се доближи до мене и ми даде знак да излезам малку на дворот, каде ме чекаше едикой си (тој го спомена името на мојот роднина од грчкиот комитет). Тој ме предупреди дека двајца терористи се наоѓаат меѓу калабалакот, затоа требаше да си ги земам мерките. Се вратив назад во црквата, застанувајќи место до валијата и неговиот помошник Стефанаки беј Крастевич. Кога по завршувањето на опелото поворката зави кон насока кон грчките гробишта, незабележано ги напуштив редовите и се вратив дома. Мојот стан беше близу и среде чаршијата. За сето ова беше известена од мене нашата организација. Таа имаше свои тајни агенти кои ги следеа грчките терористи.
Не поминаа еден-два месеца, кога еден ден следобед, напуштајќи го судилиштето, чув зад грбот си едно момче Бугарче да го прашува расилниот Бехлюл ага кој е ааза (член-судијата) Андон Димитров. Ме застигна по скалите и откако ме праша дали сум навистина Андон Димитров, ми рече дека бил испратен од претседателот на нашиот комитет (тогаш таков беше Петре Лигушев) да ме предупреди да не минувам преку златарската чаршија — таму ми беше вообичаениот пат за судот и назад до дома — зашто во еден дукан биле скриени двајца грчки терористи, кои сакале да ме нападнат. Му се заблагодарив на момчето и се упатив кон Хилми паша, кој по тоа време беше во Битола. Му го соопштив соопштеното. Тој веднаш нареди да се блокира од полицијата и жандармеријата целата златарска чаршија. Во резултат на претресувањата беше заловен еден Арнаутин, вооружен со револвер. Се покажа дека тој бил телохранител на еден виден Бугарин од Ресен, Георги Татарчев, кој по приватни работи бил дошол во Битола. Во тоа време речиси секој ден се случуваше убиство во градот: на Грк или на Бугарин. Изгледа дека грчките терористи, предупредени за пристигнувањето на полицијата, уште навреме го напуштиле своето скривалиште. На излегување од Хилми паша забележав дека до мојата скромна личност беше приложен еден официјален полицаец, кој добил наредба од својот шеф да ме придружува од дома до судилиштето и назад. Ова положение траеше два месеца. Потоа сам ги преземав мерките да бидам чуван од наши луѓе на организацијата.
Но, да се вратиме на работата во Февкаладето. Односите со претседателот на судот продолжуваа да бидат исто така затегнати. Разгледувањето на делото на подсудимиот Цветко Илиев, еден хром момок од с. Кривогащани, Прилепско, тргна на добро сето тоа. Подсудимиот беше обвинуван дека направил обид да ја запали куќата на еден свој соселанец србоманин, при што при бегството бил застигнат од србоманите и удрен со секира по главата. Кога јас го проучував делото, прочитав еден рапорт на онбашијата — во селото квартируваше едно одделение војска — кој содржеше елементи во полза на обвинетиот. При разгледувањето на делото овој рапорт недостасуваше од досието. Побарав да се прочита овој рапорт. Претседателот, меѓутоа, рече дека таков рапорт тој не бил среќнал меѓу книжата. Бидејќи имав приватни сознанија дека србоманите имале на два пати приватна средба по ова дело со претседателот на судот, дозволив себеси да посомневам дека овој рапорт е уништен од него. Настоив да се одложи делото, повикувајќи го онбашијата лично да се јави пред судот и да ги даде своите показанија, бидејќи тој бил првиот кој се јавил на местото на настанот и дал свој рапорт за случката на својот шеф.
Претседателот употреби сè за да не се прифати мојот предлог, бидејќи гледаше дека ќе се изложи целосно, и успеа да наметне свое. Тој сметаше дека понатамошните разгледувања се излишни, и веднаш почна да ги собира гласовите на судиите, подведувајќи го делото на несреќниот Цветко за предумислено палeж, кое предвидуваше смртна казна. Неколку луѓе веќе гласаа, кога се обратив кон нив со молба да ги зачуваат честа на судиите и престижот на државата. „Молам, реков, пред да го дадеме својот глас, да го прочитаме самиот текст на законот. Ние ќе се ужасиме од сопствената постапка.“ Гласалите се поколебаа. По кратко советување, Цветко беше осуден со преогласје наместо на смрт на 15-годишен затвор. Се разбира, дека таа беше произволна пресуда, бидејќи немаше консумирано злодело, а само обид за палeж, ако се прифати дека сето тоа не било скроено од страна на србоманите во селото.
Претседателот даде неколку минути одмор и се повлече во својот кабинет. Другите членови-судии се повлекоа од заседателната сала, останав само јас да разгледам друго едно дело. Седнав до маса за да го напишам своето особено мислење по делото на Цветко. Во тоа време претседателот, крајно возбуден, ја отвори вратата на својот кабинет и без да забележи дека и јас сум во салата — прикриен од колегата оддесно — му се обрати со зборовите: „Виде ли како успеа оној кера (тој користеше навреден збор) да ги натера судиите да го променат своето мислење, откако веќе биле гласале?“ Додека колегата му направи знак да не зборува, јас се исправив и го прашав: „Кон мене ли се однесуваат овие зборови?“ Тој се збуни, нешто замрза, ја затвори вратата на кабинетот кон салата и си влезе внатре. Решив за себе конечно прашањето. Откако го напишав своето особено мислење, ја напуштив седницата и отидов кај Хилми паша да му ја раскажам случката, велејќи му дека, по сето тоа, се наоѓам во невозможност да продолжам да стојам во Февкаладето, и го замолив да ме ослободи од должноста. Хилми паша се покажа крајно опечален од слученото; ме замоли да се вратам во судот, ветувајќи дека ќе ја истражи случката, и во случај да се покаже точно доложеното, ветуваше дека ќе бидам без друго задоволен. Го замолив да ми даде можност два-три дена да размислам. Тој веднаш го повика кај себе валијата Хазим бей и му ја вложи истрагата на случката.
Беше почетокот на 1908 г. Случајно ми падна в рака едно писмо од Младотурскиот комитет „Иттихад ве терекки“ („Обединение и напредок“) во Париз, кој комитет тогаш се раководеше од Ахмед Ризa бей, бегалец таму од султан Хамидовиот режим, до Младотурскиот комитет во Битола. Од ова писмо разбрав дека Младотурците имаат веќе и во Битола свој кружок. Од истото писмо се гледаше дека нивниот задграничен комитет им испраќа неколку каси револвери англиска система и потребната количина патрони. Еден ден во месец мај излеговме со неколку луѓе млади судии надвор од градот на прошетка. Тие поведоа разговор за бугарската револуционерна организација. Признаваа дека каузата е права, но не ги одобруваа сепаратистичните дејствија на Бугарите. Отечеството е заедничко, велеа тие, подразбирајќи ја целата Турска империја, и следствено требало со заеднички усилби да се преземаат дејствија за отстранувањето на султанскиот режим. Ставајќи ме пред претпоставка дека можам да не бидам посветен во организационите работи на бугарските комитети, ми ги поставуваа следните прашања: како вашите селани можеа да се организираат, а нашиот селанец Турчин да не може? Нели и едниот и другиот живее во ист климат и услови? — и сл., и сл. Ги прашав каква ќе биде платформата на нивната организација; што ќе им ветуваат тие на своите Турци, за да ги привлечат кон себе. Одговорот им беше дека нивната агитација ќе биде да живеат со сите народности добро, за да може да се отстрани султанскиот режим, кој е еднакво штетен за сите. „Значи, ги увещавате да се откажат од ограбувањето на бугарското население и да ги поделат со него своите чифлиции“ — додадов јас. — „Вие револуционерна организација меѓу турското население не можете да создадете“ — продолжив, — „но најлесно ќе можете да го отстраните султанскиот режим преку своите воени, кои се веќе по закон организирани. Историјата ни дава доста примери од воени револуции.“ Тие го прекинаа разговорот и преминавме на други теми.
Весниците почнаа да зборуваат за нови средби на државни глави, на кои средби требало да биде расгледувано и македонското прашање. Воените, за да го попречат тоа, решија да ја зголемат својата дејност. Султанот веќе имаше сознанија дека во македонските вилаети постои некаква организација. Во Битола пристигнал од Цариград еден султански емисар, Сами бей, под булото на административен инспектор. Младотурскиот комитет го подушил, и во 24 часа го уништи во гр. Крушево, во левата горичка, каде бил заведен на веселба. Ова градче беше избрано за извршување на покушението, бидејќи во него немало никакво турско население, кое би можело да биде разбудено. Крушево е чист бугарски град со неколку влашки семејства. Ова беше кон крајот на месец јуни 1908 г. Конечното решение за автономијата на Македонија требало да се земе меѓу австрискиот⁹ и рускиот император во Ревал. Младотурците, за да ја попречат оваа средба, решија да ја прогласат востановувањето на Мидхатпашовата конституција за целата империја. На 10 јули (стар стил) 1908 г. воените ја прогласија конституцијата. Ова воено пронунциаменто е познато во Турција под името „Хуриет“ (слобода).
На следниот ден по хуриетот кај мене дојдоа двајца претставници од Младотурскиот комитет и ме замолија да ги поставам во контакт со раководителите на бугарската организација. Ветив да се обидам да откриам кои се раководителите на бугарската организација.
Од разменетите мисли со раководителите дојдовме до заклучок да не излегуваат наjаве уште раководителите, туку да се потрагат Милан Матов и Павел Христов, кои да се јават за преговори со претставниците на турскиот комитет. Ја определивме средбата да се одржи во мојот стан. Со едно доверено лице на местниот комитет, а именно Димитар Иванов, учител во првоначалното централно училиште во Битола, син на поранешниот псалт Иван, отидовме во Баир маала, каде се криеше инспекторот на бугарските чети Милан Матов, и му соопштивме дека, по наредба на управителното тело на комитетот, тој треба да се јави на средба со претставниците на Младотурскиот комитет, со кои да ги договорат условите за враќањето на сите бугарски чети во Битолскиот вилает. Заедно со него, во еден закриен фаетон — бидејќи тој беше гологлав и со долги коси и брада — пристигнавме кај нас. Таму ги затекнавме Павел Христов и Петко Пенчев, кои по тоа време се криеја во Битола. По малку пристигнаа и тројца претставници на Младотурскиот комитет: капетан Хабиб бей од Боли (Мала Азија), вилаетскиот драгоман Фахри бей од Видин и уште еден воен, чиешто име не можам да го спомнам. Се реши да се телеграфира до каймакамите од сите околии да наредат за слободното патување на бугарските чети кон Битола, при што ќе си го зачуваат и оружjeто. Определен беше вкупен пункт бугарското с. Цапари, северозападно од Битола. Младотурските претставници беа направиле предлог, чети последните да го предадат оружjeто на властите и да се разотидат по домовите. Нашите делегати, истакнувајќи дека со прогласувањето на конституцијата не можело да биде гарантирана слободата на народностите и дека султан Хамид ќе се обиде да реагира и повторно да ја суспендира конституцијата, настојаа четниците да го задржат оружjeто кај себе и, во нужда, да можат да притрчаат на помош на Младотурците за зачувување на извојуваната слобода. Младотурците отстапија.
По 48 часа сите скоро бугарски чети беа собрани во с. Цапари. Се определи часот на пречекот. Една специjaлна комисија во името на воените и административните власти, во која влегов и јас, отиде во с. Цапари да ги поздрави бугарските четници и да ги повика да побрзаат да тргнат кон гр. Битола, каде им бил уреден свечен прием. Ги затекнавме четниците речиси пијани. Таму го затекнавме и Ниязи бей (ресенскиот херој) со една рота војници; тој бил отишол да го чува редот и да ги придружи четниците до Битола. Кога веќе четниците беа почнале да се стројат за тргнување, меѓу леринскиот војвода Дзоле и Ниязи бей се разгоря шеги (закачки). Ниязи бей му подметна на Дзоле како тој бегал со својата чета кога разни потери го гонеле. Дзоле, малку пиjaн, се навреди од овие зборови на Ниязи бей и му упати покана да ги испробаат силите двајцата во присуство на војници и четници. „Јас бегав со моите неколку души четници, зашто ти доаѓаше против нас со 400—500 души аскер — додаде Дзоле. — Јас сум готов секој момент да влезам во сражение со тебе, но со рамни сили.“ Гледајќи дека атмосферата се разгорева од овие закачки, кои почнаа да ги дразнат и војниците, и четниците, за да не настане некаков нежелан скандал, го замоливме Ниязи бей да ѝ даде команда на војската да тргне. Војската тргна, но четниците одбија да тргнат. Војводите ѝ заявија на комисијата дека не сакаат да одат конвоирани од Ниязи бей. Додека тој не се врати во Битола, четниците нема да тргнат и се готови повторно да ги фатат планините. Ниязи бей ја схвати сериозноста на положението и се повлече. Војската се упати кон Битола, и четниците, откако се увериja во тоа, зачекорија напред. Војводите повторно ги зајавнаа кавалерискиte коњи, кои им беа поднесени од воените власти, предводени од главниот инспектор на четите Милан Матов, кој исто така зашеде на прекрасно екипиран коњ. Матов беше окичен со широки ленти преку рамењата.
Пристигнавме во Битола доста подоцна од определеното време. Административните и воени власти, заедно со многубројни граѓани, а најмногу Туркини, стоеjaʼи по едниот и другиот брег на патот, преку кои минуваа четниците, ги пречекаа последните, извикувајки: „Яшасън хуриет“ (Да живее слободата). Валијата со својот антураж очекуваше четниците пред вратите на конакот (владиниот дом). Таму војводите слегоа од своите коњи и беа претставени на валијата. Во тоа време четниците стоеа во строј. Се одржаа говори од едната и другата страна, пречекани со рацоплескања од многуиljaдниот народ. И jас реков неколку зборови од балконот на владиниот дом. Војводите повторно ги зашеднaa коњите и под звуците на воената музика по главната улица пристигнаа на Плоштадот на слободата — Хуриет мегдани — до артилерискaта касарна. Откако беа одржани и таму соодветни говори, тржеството беше прогласено за затворено и четниците заедно со своите војводи беа распределени на разни квартири по бугарските куќи. Кај мене квартируваше крушевската полска чета на Блаже војвода. На следниот ден четниците почнаа да се разидуваат по домовите.
Речиси по истиот ред беа пречекани последователно и грчките, албанските и српските чети.
Во Солун беше пристигнала веќе селекцијата на Македонија. Таму беа веќе и идните министри на Македонија, следени од разни поети и писатели; таму беа и шефовите и членовите на разните македонски револуционерни организации од Софија. Почнаа да издаваат весници и списанија. Таму беше и Санданскиот со својот антураж. Тој ја печати во Солун првата брошура, содржаjaʼa неговата програма за идна организација на легална почва на Бугарите во Македонија. Таа беше во духот на младотурските сфаќaʼa и затоа беше пречекана благосклоно од нивна страна.
Ние добивме во Битола покана од Солун за учредителен конгрес. Свикавме окружна средба, за да ги определиме делегатите за овој конгрес. Меѓу нив бев и jас. Кога пристигнавме во Солун, ja затекнавме таму цела Македонија. Нашите софиски пријатели: томакарайовци, анастасхристовци, д-р руменовци и др., беа зазеле привилегирано положение. Тие веќе беа влезле во својата улога на раководители. Ова, од една страна, нè радуваше, но, од друга — нè вознемируваше. Младотурците не гледаа со добро око на околноста дека софийците се истакнуваат налице и се готват да го земат в раце раководството на клубовите. Ова ми беше кажано од еден близок пријател Турчин, чиновник и доверено лице кај Хилми паша, кој по тоа време беше во Солун. Им го соопштив на софиските пријатели, при што ги посоветував, при изборот на идното Централно управно тело на нашите конституциони клубови, да истакнат месни луѓе, а софийците, како поинтелигентни, да се насетат на приватна работа: едни адвокати, други лекари и сл., и на тој начин да го дирижираат работата на клубовите. Тие ветија така да постапат.
Се откри конгресот. Ипсан котлугăн ден¹⁰, jas бев избран за претседател на учредителниот конгрес. Конгресот заседаваше во еден местен театар кон Вардарската маала. По тридневни расправи дебатите се завршија и се пристапи кон избор на централно управно тело. Избрани беа сите софиски пријатели. Ги честитав и им реков дека не постапија добро; нивниот избор нема да биде добро пречекан од Младотурците. На следниот ден jas се вратив во Битола и се јавив на работа токму по еден месец од хуриетот. Ниту моjot претпоставен началник, ниту судскиот инспектор ме прашуваа каде сум отсуствувал: тие знаеja дека празнувам „хуриет“.
Испуштив да кажам дека веднаш по прогласувањето на хуриетот, под претседателството на валиjaта, беше образувана една специjaлна комисиja со по двajca претставници од секоj народ, коja комисиja требаше да ги уредува сите неспоразуми, настанати меѓу браtaʼa „османлии“ (отомaнци), како ги нарекуваше конституцијата граѓаните на Турската империja. Од бугарска страна во таa комисиja учествувавме д-р Ангелаки Робев и jас. Имаше по двajca Грци, Власи и Срби! Уште на првото заседание протестирав против учеството во комисиjaтa на Срби, бидejки во Битолскиот вилает Срби немаше. Двajcaта претставници на комитетот „Иттихад ве терекки“ („Обединение и напредок“), воени, ме повикаа настрана и ми реkoa дека и тие знаат дека Срби нема, но бидejки Младотурскиот комитет сака да го зацврсти своето положение и пред надворешниот свет, решил да стави во комисиjaтa и двajca Срби. Комисиjaта траеше „од ден до пладне“. Таа имаше за цел да ги пречекa и гостите, кои доаѓаат оттaмo. Наjнапред ja посетија Битола гости од Белград: разни професори и трговци. Им се даде банкет во хотел „Белград“. На банкетот еден од професорите држеше тост, се разбира, на српски. Изкажа благопожелание за задравjaвaнeтo на новото положение, во кое и потомците на крал Душан ќе можат да благоденствуваат. Му одговори еден претставник од Младотурскиот комитет. Макар и да не беше предвидено да зборува друго лице, jас се исправив и реков неколку зборови, меѓу кои: „…Повеќе од 500 години Турци и Бугари живееле братски на оваа убава македонска земjа. Интригите и подстрекателствата на надворешни фактори од време на време ги помрачувале тие братски односи меѓу двата братски народа. Нека се надеваме дека новиот режим ставa веќе крaj на секое недоразбирање, и сите народности занапред ќе живеат спокоен живот.“
На следниот ден српските гости се вратиja назад. Неколку дена по тоа пристигнаа обикновени гости од Софиja. Тие беа речиси сите Македонци од Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, Лерин и др., кои беа дошле да ги видат своите роднини. И на нив им се даде банкет од страна на Младотурскиот комитет. И таму се одржаа соодветни тостови.
Настапи агитациониот период за избор на народни претставници (мебуслар). Ние повторно ja свикавме окружната средба, за да ги определиме нашите кандидати. Определени беа 4-ма луѓе Бугари, според бројот на населението. Меѓу нив бев и jас. Д-р Георги Николов, роден во Охрид, се почувствуваше навреден, зашто средбата не го одбележа и него меѓу кандидатите, веднаш се упати за Охрид да агитира против кандидатурата на некои од нас. Изгубивме повеќе од 60 иljaди бугарски гласови. Наместо 4-ма, се избра само еден Бугарин — Панче Дорев, и тоа со сите турски гласови.
Во 1909 г. Хилми паша стана голем везир. Тој нареди поголемиот дел од судиите во Битола да бидат преместени во цариградските судилишта. Не останав незасегнат ниту jас. По неволjaта заминав за Цариград — — —
Во 1910 г. Талят бей, како министер за внатрешни работи, внесе законодавен предлог во камарата, кoj го отменуваше законот за сдруженијата (Джемиетлер низамиамеси или кануну). Според чл. 4 од овоj нов закон се забранувaa здруженија со национален карактер. По публикувањето на новиот закон сите национални клубови се затворија. Во Битолскиот вилает почна таканаречената обезоружителна акциja, раководена од Торгут паша. Мнозина мирни граѓани беа апсени, а по-видните раководители на бугарските конституциони клубови — испратени на заточение. Софиските пријатели успеаja да ja преминат границата и да се озоват здрави и читави во Бугарија. По публикувањето на новиот закон за сдруженијата jас имав на два пати средби со Талят паша. Во тие средби се обидов да му ja внушам идejaта дека затворањето на националните клубови ќе биде во штета на државните интереси. Клубовите беа, реков jас, мали парламенти за секоj народ. Во нив граѓаните се воспитуваа во почитување на законите на државата. Државата имаше право на секоj момент контрола врз дejнoста на тие клубови. Со нивното отстранување државата носи вода на воденицата на нелегалните елементи. Се разбира, сето ова не можеше да го разубеди Талят паша. Тoj остана поклоник на своjaта идеjа— — —
Едно антер парантезе. Кога покоjниот екзарх Йосиф I ja направи првата визита кај Хилми паша и меѓу другото побара од последниот да бидат назначени за судии и Бугари младежи, кои поседуваат законски ценз, како што имаа Ерменци, Грци и др., според упатствата дадени лично како комплимент од страна на екзарха, Хилми паша му рекол дека имало 50 души Бугари судии. На чудењето на екзархот, Хилми паша побрзал да му одговори дека Андон Димитров, кoj е сега во перенското судилиште, вреди повеќе од 50 души, но е малку упорен (муаннид). Екзархот си објаснувал овие зборови на Хилми паша дека на последниот не му е многу приjaтно да има чиновници националисти, за какoвшто jас минав. И навистина, меѓу Младотурците jас си бев спечалил името „справедлив судиja, но фанатик Бугарин“— — —
[Крајот на публикуваните откуси]