„Моралниот профил на Гоце Делчев“ – Михаил Герџиков

Михаил Герџиков – Спомени, документи, материали“, Софија, 1984

„Моралниот профил на Гоце Делчев“ е текст на Михаил Герџиков, еден од истакнатите дејци на македонско-одринското револуционерно движење и човек кој лично го познавал Гоце Делчев.

Во текстот Герџиков не се задржува само на револуционерната и организациската дејност на Делчев, туку настојува да го прикаже неговиот карактер, моралните принципи и личниот пример како водач. За Герџиков, Гоце бил човек кој не барал од другите нешто што самиот не бил подготвен прв да го направи, а токму во тоа ја гледал основата на неговиот авторитет меѓу соборците.

Посебно место во текстот зазема уверувањето дека вистинскиот водач на едно револуционерно движење не се определува само според положбата што ја зазема, туку според личното учество во борбата, моралната доследност и способноста со сопствениот пример да ги поведе другите.

„Моралниот профил на Гоце Делчев“ е текст на Михаил Герџиков, еден од истакнатите дејци на македонско-одринското револуционерно движење и човек кој лично го познавал Гоце Делчев.. Во неговото сведоштво се нагласува присуството и влијанието на Гоце и во Македонија и во Одринско, како и неговото учество во подготовката на револуционерното движење пред Илинденското и Преображенското востание.

Текстот е напишан во 1945 година. Подоцна е вклучен во зборникот „Михаил Герджиков; Спомени, Документи, Материали“, Софија, 1984 година.

Библиографски податоци

  • Автор: Михаил Герџиков
  • Наслов: „Моралниот профил на Гоце Делчев“
  • Година на текстот: 1945
  • Подоцнежно издание: „Михаил Герджиков; Спомени, Документи, Материали“
  • Место на издавање: Софија
  • Година: 1984
  • Вид: Статија / историско сведоштво

Дигитално издание

Целосниот текст е пренесен во посебен напис на современ македонски јазик, со задржување на смислата и структурата на оригиналот.