„Спомени на Христо Куслев“ – опис и библиографски податоци

„Спомени на Христо Куслев“ претставуваат значајно мемоарско сведоштво за револуционерната дејност на ВМРО во Серскиот револуционерен округ и за подготовките и текот на Илинденското востание. Сеќавањата на Христо Куслев биле усно раскажани, а ги запишал и приредил Љубомир Милетич. Во нив се опишани организациската работа, четничките акции, односите меѓу населението и револуционерите, како и настаните во Разлошко, Неврокопско, Струмичко и другите краишта каде што дејствувал авторот. Делото претставува вреден историски извор за проучување на македонското ослободително движење од почетокот на XX век.

Библиографски податоци

  • Автор на спомените: Христо Куслев
  • Запишал и приредил: проф. Љубомир Милетич
  • Превод од бугарски: Цветко Мартиновски
  • Стручна редакција, предговор и коментари: академик д-р Иван Катарџиев
  • Издавач: Култура
  • Место на издавање: Скопје
  • Година: 1997
  • Јазик: македонски
  • Вид: Мемоари / историски извор

Дигитално издание

Отвори дигитално кздание

Контекст

Спомените на Христо Куслев нудат непосреден поглед врз секојдневната работа на револуционерната организација, животот на четите и состојбите во Македонија непосредно пред и за време на Илинденското востание. Благодарение на личните сведоштва на авторот и записите на Љубомир Милетич, делото претставува значаен извор за истражување на историјата на ВМРО.

Подготвил: Цане Ѓорѓиевски