Спомени на Лука Џеров – опис и библиографски податоци

„Спомени – Лука Џеров“ ги содржи сеќавањата на истакнатиот војвода Лука Џеров, запишани и приредени од Љубомир Милетиќ. Во нив се опишани создавањето и развојот на револуционерната организација, подготовките за Илинденското востание, борбите и дејствувањето на четите во југозападниот дел на Македонија, како и животот и жртвите на македонските револуционери. Делото претставува значаен мемоарски и историски извор за македонското ослободително движење од почетокот на XX век.  

Библиографски податоци

  • Автор на спомените: Лука Џеров
  • Запишал и приредил: Љубомир Милетич
  • Објавено во: „Материали за историята на македонското освободително движение“, Книга IV
  • Издавач: Македонски научен институт
  • Место и година: Софија, 1926
  • Вид: Мемоари / историски извор
  • Јазик: бугарски

Дигитално издание

Отвори дигитално издание

Контекст

Овие спомени се меѓу најзначајните извори за револуционерната борба во Кичевскиот револуционерен округ и за подготовките и текот на Илинденското востание во западна Македонија. Во нив Лука Џеров, како војвода и раководител на Кичевскиот револуционерен реон, остава непосредно сведоштво за организацијата на четите, вооружените судири, животот на населението и револуционерната дејност во Кичевско. Поради автентичноста на авторот и времето кога се запишани, спомените претставуваат драгоцен историски извор за проучувањето на македонското ослободително движење. 

Подготвил: Цане Ѓорѓиевски