„Спомени на Јане Сандански“ – дигитално издание

Напомена

Текстот е пренесен според достапното дигитално издание и го задржува оригиналниот јазик и распоред на поглавјата.

Предговор

Ослободителното движење одоваде Вардар пред Илинденското востание се развива во посебни услови, во зависност од понепосредното влијание од страна на организирана македонска емиграција во Бугарија, поради што и учеството на источниот дел на Македонија во револуционерната борба, раководена од Централниот комитет на Внатрешната организација, е послабо и нерамномерио. Идејата, нашето поробено население да се подготви самостојно, на своите плешки да го понесе востанието, со сите материјални жртви неопходни за таа цел, не можеше одоваде Вардар да биде прифатено исцело и безрезервно, тоа главно се должи поради блискоста на Бугарија, за чија материјална поткрепа во решителниот час полагале многу повеќе надежи, одошто таму во Кичевско, Битолско, Охридско и другаде, каде влијанието на т.н. Врховен македонски комитет од Кнежевството едвај достасувало со слаби, нејасни еха. Затоа населението од револуционерните реони, што се граничеа со Бугарија, поставено меѓу двете идејни струи, што се бореа за првенство, – агитацијата на централистите и на врховистите, – самото да процени и да решава, не можело да не испадне во недоумица и да не се подаде на нскушението, дека со ветуваната помош однадвор ќе ги постигне својот идеал, ослободувањето, без да одделува од своите скудни средсва за купување на оружје и за многуте други потреби на револуцијата.

          Во такви услови, се разбира, раководните личности на внатрешната организација во реоните одоваде Вардар, а особено во оние што граничеа со Бугарија, се наоѓаа во мошне тешка положба, главно поради недостиг нл матерлјалнн средства. А токму тука тие беа уште понеопходни, поради ривалството меѓу двата комитета што наложувало да се трошат луѓе и парн за да се завардат заземените, респективно да се завојуваат изгубени позиции. При постоење на силна желба кај внатрешните дејци, бездруго да излезат накрај, како и да е, со својата тешка задача, за нив не беше лесно да избираат средства, да не посегаат врз моралните и јуристички права на личноста. Треба да ја имаме во предвид и грубата стварност, сред која повеќето од тие дејци на револуцијата, – израснале во една неправна држава каква што претставуваше тогаш Турција каде самоволството и насилството со векови го продолжувале својот триумфален поход па биле испобркани сега за нас елементарните правни поими. Не мала сугестивна ролја имало и потполното прифаќање на принципот, дека целта ги оправдува средствата, што било прнфатено и од инаку најнекористољубиво преданите раководни личности на ослободителната идеја. Затоа не може да не зачудува што и Јане Санданскн, кај кого е одразен просечниот менталитет и условниот морал на средината од она време, ни најмалу не знаел за колебање, барајќи излезе од беспарицата, да прибегне кон практикуваното уште од дамнешни времиња жестоко средство – да се грабне некое лице, за да се земе богат откуп. Такви планови тогаш имале и други наши, многу поистакнати револуционери, и ги остварувале без многу морални скрупули, бидејќи обично се работело за заробување на некој богат Турчин. Но Јане Сандански, во своето отфрлање на секакви обзири, ги надминува сите други, за кое ни најмалу не му пречела и вродената безмилосност, кога го смислил и извршил смелиот план, да се фати истакнат туѓинец меѓу американските протестантски мисионери во Македонија. Од таа негова намера не можела да го скршне ниту околноста, дека наместо очекуваниот мисионер, накај Банско доаѓала мисионерката мис Стон, затоа што со тоа што ќе биде грабната жена, никако не се намалувале изгледите да се добие голем откуп. Карактеристично е и тоа, што Сандански во овој случај побарал млслење, сиреч одобрување за својот план и од повисоки раководни личности на Организацијата, кои, обземени од принципот „целта ги оправдува средствата”, ја дале својата согласност. Не трееба да се заборава уште ни тоа, дека во таквите случан надвладеало сфаќањето дека со фаќањето на туѓинци во голема мерка се засегаат моралните и материјалните интереси на турската држава, која на крајот на краиштата за туѓиот свет останувала одговорна за бесправноста што владее во нејзините рамки, и која ќе ја поднесе на својата сметка и откупната сума исплатена на востаниците. Се сметало дека на тој начин во полза на македонската револуција се постигнува двојна цел –разнишување на престижот на Турцлја и истовремено добивање на паричнн средства неопходни за ослободителното дело.

          И Сандански, очевидно, гледајќи така на својот план, го извршува со особена тактичност и со вонредна стрпливост и решителност издржува сè докрај во текот на повеќе месеци, совладувајќи дури и романтични тешкотии, бидејќи требало да ги крие грабнатите жени Американката мис Стон и Бугарката г-ѓа Цилка, што ја придружувала сè до самиот момент, кога по добиениот откуп, ги ослободил живи и здрави. Во оваа негова усрдност меѓу другите му помагал и војводата Чернопеев, како што ќе се види од спомените на Сандански. во кои се изнесуваат интересни подробности за заробувањето на мис Стон, што се непознати досега. Тогаш историјата со заробувањето на мис Стон предизвика голема сензиција, стана предмет на внимание на нашиот и натуѓиот печат, и цел свет најпосле разбра дека тоа е дело на македонските револуционерл. Па и самата мис Стон, потем, и наспроти претрганите стравотии, одржа предавања во Америка во прилог на македонското дело, за кое таа отпосле имала големи симпатии.

          За големо жалење на Сандански, американските пари за ослободувањето на мис Стон, повеќето потем отишле не за непосредните цели на Организацијата, туку да се доведе докрај борбата што последнава ја беше презела против врховистите. Со тоа било пропуштено скапоцено време да се снабди населението со оружје за востанието, што Централниот комитет во Солун решил да се крене и го определил, за пролетта 1903 година. Сандански, жесток противник на другото востание, за кое врховистите јавно агитирале, останал до немајкаде изненаден од солунското решение за востание. Незадоволен од тоа, тој останува противник и на ова востание, и потем зема слабо учество во него. По неговиот неуспешен крај и Сандански привремено се прибира во Софија. Тогаш се запознав со него. Со почеток од 14 јануари 1904 год., тој неколкупати доаѓа кај мене, за да ги запишам неговите спомени, што понатаму ги соопштувам.

          Влезен во остер конфликт со врховистите, а од друга страна чувствувајќн се пренебрегнат и од Централниот комитет, Сандански уште тогаш внатрешно оладел спрема последниов. И сепак до смртта на Г. Делчев, што умеел помирувачки да делува на неговиот негаторски дух, Сандански до крајот на Илинденското востание очевидно не прави раскин со внатрешната организација. Меѓутоа, по востанието, тој никогаш не го криеше своето разочарување од последната, остро го критикуваше нејзиниот централистички карактер, и се залагаше за преобразба на Организацијата врз „подемократска” основа. Сега е лесно да се разбере дека честољубивиот во душата Сандански, што постепено беше успеал да си создаде во пограничните револуционерни реони лични приврзаници, веќе бил одметник од Организацијата, што наскоро почнува сè појасно и појасно да се покажува и на дело. Младотурскиот пресврт, кога луѓето на Организацијата во еден фатален оптимистички занес пребрзано го положија оружјето и им дадоа доверба на младотурците, му дојде сосем погодно на Сандански, без никакво стеснување да ги прекпне врските со минатото и решително да тргне на своја рака, одржувајќи добри односи со младотурскиот режим, дури и тогаш кога обновената внатрешна организација против него поведе решителна борба. Патнштата меѓу неа и Сандански се разидуваа и неминовно дојде до меѓусебниот судир во кој загина и самиот тој.

          Спомените, што ги изнесувам тука, привршуваат до кон крајот на Илинденското востание, а историјата, во која Сандански ја игра споменатата самостојна ролја, започнува дури потоа. Таа ќе треба допрва да биде опишана врз основа на други податоци, за психолошкото објаснување на кои не малу ќе послужат и овие спомени. Независно од поранешните побуди кај Сандански, чиј корен се наоѓа во настаните до крајот на востанието од 1903 год., некои од неговите подоцнежни постапки ќе се објаснат и со силните, автократски инстинкти на овој оригинален по својата решителност и упорност револуционер, што по случаен стек на околностите се издигна до тоа да има главна заповедиичка ролја во серскиот реон. Според правилото, дека човек израснува заедно со извршувањето на своите повисоки задачи, и Сандански постепено се покажува во својот вистински лик дури допрва, кога во вториот период од неговата револуционерна дејност му попадна судбата сам да решава важни и тешки задачи.

          Љ.М.

I.

Биографски податоци.  – Сандански постепено застанува на страната на Внатрешната организација против Врховниот комитет.                          Револуционерни дружби („кружоци”) – Недостиг на средства за да се вооружи населението.

         14 јануари 1904 год.

Родум сум од с. Влаи (Кресничко). Татко ми, Иван Сандански, е од истото село. Роден сум на 18 мај 1872 г. Во време на руско-турската војна живеевме во Џумаја, а потем во Дупннца. Тука го завршив основното училиште и – II клас од класното училиште. Во 1892 год. ме зедоа војнпк. Пред тоа учев занает – чевлар, околу две и половина години. Татко ми беше земјоделец. Служсв во 13. полк во Ќустендил до 1894 год. Потоа останав во Дупница, кај вујко ми, Спасе Харизанов, адвокат, како помошник – молбопишувач, две ипол години, и потем бев самостоен пишувач на молби, уште три и пол години – до 1899 година. Уште од малечок, кога маало со маало се тепавме со камења, секогаш ја земав ролјата на комита. Откако завршив училиште, се зафатив со читање револуционерни книги. Најсилен впечаток ми остави биографијата на Левски. Ги прочитав „Записите” на Захариј Стојанов, „Под игото” од Вазов и др.. Милував да читам и потем за микедонското дело. Тогаш од Рилскиот манастир дојде една организирана чета, што ја водеше Стојо од с. Скрижево (Драмско), што порано девет години едноподруго бил ајдук во Македонија, та во 1892 г. дошол во Бугарија и во Дупница се зафатил со трговија. Кога решиле во 1895 г. да се кренат на востание, му доверија една чета, во која влегов и јас. Четатата набројуваше околу двестемина, со 12 мина офицери, меѓу кои беа Давидов, Жостов, Атанасов, Димитров. Имаше и студенти – Прличев, Мирасчиев и др. Од манастирот четата замина на границата, и преку Јакуруда излезе на Доспат. Четата беше одредена за Серско – „Серска чета”. Офицерите немаа голема желба да влегувааат подлабоко во Турција така што постојано се врткавме по границата и една ноќ го запаливме селото Доспат, што изгоре за час и половина. Беа убиени неколку Турци, случајно, но масовни убиства немаше. Штом помина во Бугарија четата се распрсна, се растури.

          Јас пак си се вратив во писарницата кај вујко ми во Дупница. Оттогаш се заинтересирав посериозно да навлезам во делото, но беше тешко, не знаев ништо поодредено. Знаев само за Комитетот во Софија. Дури во 1896 година разбрав дека и внатре во Македоннја има револуционерна организација. Во 1897 година, во текот на грчко-турската војна, некои офицери – капетан Венедиков и Морфов, не подлагаа, велејќи ни: „Одете сега во Македонија, а потем ќе дојдеме и ние” (разбравме дека тоа се однесува за бугарската армија). Се формира чета под водство на Крсте Захариев (од с. Ореовец, Серско). Тој беше касап во Дупница, Стојов другар што избегал од своето село и дошол во Бугарија. Тој беше благородно момче; во 1895 година зел учество со своја чета, слегол од кај Батак преку Доспат во Пирин, каде се сретнал со четата на Муструк. Новоформираиата чета набројуваше 25-30 мина, а беа вооружени со мартинки и берданки што им ги беа дале Венедиков и Морфов. Јас си купив со свои пари пушка од браќата Иванови и кога четата дојде во Дупница им се приклучив. Го поминавме Пирин, преминавме преку Кресничко, каде не открија Турците, туку таму не се судривме со аскерот; аскерот одеше по нас.

          Кога стасавме до месноста Дебел Рид над селото Пирин (во јуни месец) наидовме на аскер од 150 мина, и се биевме од утрината до вечерта. Ние не дадовме ниедна жртва. Вечерта се повлековме, поминавме накај Неврокопско, направивме заобиколка до месноста Спанополе, поминавме накај Банска река, каде пак имавме борба од претпладне до вечерта со 250 мина аскер, и пак без да дадеме жртви. Вечерта префрливме над селото Пирин до селото Лопово. Таму аскерот не нападна ненадејно – убија едно момче, Никола (од Петричко) и мене ме ранија во левата рака. Потем четата се врати во Бугарија и јас се лекував (бев погоден под лактот) во Дупница, и се излекував. Пак си бев во писарницата. Тогаш си дадов зарек дека додека не разберам како е токму со делото, дали внатре има организација и слично, нема да му бидам орудие на никого – нема ни да помрднам веќе.

          Потоа, во крајот на 1897 година, го основавме друштвото „Младост”, во кое влегуваа Христо Јарков, (од Дупница, чиновник), Димитар Манојлов (од Дупница, трговец) Александар Млаџов (од Дупница, учител), Никола Златков (од Дупница, со завршена висока школа, сега е во Харманли), Батанов (математичар, со завршена висока школа), Христо Марков (од Трн, завршил виша школа). Тоа беа членовите на друштвото. Имаше читална, библиотека. Јас бев библиотекар. Се одржуваа предавања. Друштвото за цел си имаше поставено самообразование и дружење. Ги испадија учителите, претседател на друштвото останав јас сè до 1899 година. Властите правеа големи пречки затоа што младежта се собираше околу нас.

          Во тоа време мене веќе работите во Македонија ми беа прилично ујаснети; многу работи узнав од Малешевскн, а од друга страна и од Делчев, со кого за првпат се сретнав во 1899 год. во Дупница, дома кај мене. Делчев убаво ми ги објасни целите на внатрешната организација. Тој беше дојден во Дупница како претставник на внатрешната организација. Веднаш разбрав дека Делчев е навистина човек што потенко и подробио знае за Организацијата и сè за иеа и каква цел си поставува таа.

          Во февруари 1899 г. влегов во служба – како директор на дупничкиот затвор. Го реорганизиравме македонското друштво во Дупница. Во Дупница тогаш учителствуваа Димитар X. Дммов (од с. Горни Броди, Серско) и Ѓорги Паничаревски (од Дупница), и двајцата имаа завршено педагошка школа во Ќустендил. Ѓорги Зашов од Разлог и Хр.Данаилов од Разлог, и двајцата трговци, нсто така зедоа учество па друштвото го реорганизиравме во септември 1891 година. Претседател стана Паничаревски, јас бев потпретседател, а Димов – деловодител. На учителите им беше даден отказ поради еден нивни штрајк, бидејќи општината не им плаќаше. За благајник го избравме Никола Лазаров (кннжар), а Стојмен Цветков (трговец) – за советник.

          Со Ѓорче Петров се запознав во 1899 год. во Софија. Во 1900 год., кога почна борбата протнв Сарафов, тогаш веќе застанав на страна на внатрешната организација. Врховниот комитет имаше купено тогаш 500 долги и 75 куси манлихерки. Нив ги испратија до мене, како претседател на друштвото, за да ги скријам. Јас ги сокрив. Потем се скаравме, бидејќи Врховниот комитет тогаш си правеше собрание со Цончев и др.. Нашето друштво имаше собрано во Дупница и околијата 15.000 лева, што ги испративме до Комитетот. Потем, откако се скаравме, дојдов да барам објаснување, зошто за нашите пари не ни испратиле оружје, за да го пратиме во Македонија. Тогаш Сарафов располагаше со големи пари, а ние немавме пари. Тие ни ветија дека ќе ни испратат 6.000 пушки и др., и јас си се вратив назад. Кога се вратив, доаѓа Саев со чета од 15 мина – и ми пишуваат да му дадам пушки и да му го предадам складот со пушките. Јас одбив. Ми испратија телеграми неколкупати, јас одбивав. Во опозиција спрема Комитетот останавме само тројца – јас, Малешевски и Ѓорче Пегров. Започна меѓусебната борба: офицерите беа луѓе нестрпливи, – како да е машина, наполнија со вода и ќе тргне, – а пак Организацијата внатаре имаше потреба од постепена подготовка. Затоа бевме на мислење дека офнцерите не се луѓе погодни за работа со иародните маси, дека се негодни за подготвителниот период на Организацијата. Кога видоа дека ние цврсто им се спротивставуваме, Сарафов тогаш го одложи конгресот; се штрекна, тој не ни помнслуваше дека ќе наиде на толкав огпор од наша страна. Тој се објави и против Цончев, бидејќи и тој беше во оставка, и сакаше да го замени. Сарафов распрати второ циркуларно упатство, за да се одложн конгресот. Тогаш тој беше уапсен од владата.

          Спорот за пушките остана нерасчистен, јас не ги дадов пушките, тие останаа кај мене. Кога го затворија Сарафов, Саев избега од Дупница во Софија, јас прибрав уште неколку пушки од неговите момчиња, што тогаш исто така избегаа. Меѓу нив имаше и тукашни – подофицери, имаше и Македонци. Со Малешевски бевме делегати на конгресот, отидовме во третиот участок да го видиме Сарафова и таму тој ни раскажа за Цончев дека истиот бил човек на кнезот и сл.. Тој агитираше меѓу нас да застанеме на негова страна, надевајќи се дека ќе го изберат наново. Ние се определивме за средната листа – Михајловски, Кепов, Влад. Димитров и др.. Потем се вратив во Дупница, кај бев подготвил чета и чекав на конгресот.

          Заминав со 8 мина: Иван Цветков, со завршен VI клас во софиската гимназија, родум од Разлог, Добре Даскалов, од Тиквешко, имаше завршено протестанско училиште во Самоков; Коце Абаџиев, протестант, со завршен 4 клас во Самоков, родум од Пазарџик, и др.. Во протестанското училиште, како и во металското училнште во Самоков, имаше револуционерен кружок. И во Софија имаше револуционерен кружок, а исто така и во Ќустендил, Дупница и Шумен. Овие кружоци беа основани по идеја дадена од Делчев. Во мојата чета имаше еден постар подофицер од с. Влаи (кресенско). Сè на сè бевме 8 мина. Во април 1901 година тргнавме. Цел ни беше агитациона, подготвителна работа во служба на внатрешната организација, и тоа во крајграничните реони – Џумајскиот, разлошкиот и сл.. Во текот на три месеца ги обиколив Цумајско и Разлог, меѓу населението агитиравме да си купуваат пушки, пак и самиот јас за истата цел од тоа население требаше да соберам пари. Туку гледам сиромаштија голема, а пак не се надевав ни на помош од Бугарија, знаејќи колку неразумно беа правосани од Сарафов парите, па затоа во мене созреваше мисла на некој друг начин да се приберат повеќе пари, за да се употребат за ослободителното дело внатре во Македонија. Пред мене низ тие села поминала една мала чета, но таа не вршела никаква агитација. За првпат агитираа во смисла самоотојно да се постави Организацијата, населението да се почувствува слободно, откако ќе се отргне од турските власти и власта да се најде по можност во рацете на Организацијата – па така населението на дело да види троа слобода, да ја почувствува таа слобода и да ја засака. Во секое село се формираа управни тела, се собираа членски вноски, а имено во Бистрица, Х’рсово, Марлево, Градево, Србиново, Мечково, Кресна, Сенокос, Влаи, Оштава, Ораново, Железница, Моштанец и Покровник. Одев и во Банско, туку тие самите си беа поставиле управно тело; Делчев порано имал одено таму. Населението добро не пречекуваше. Внатре уште не беше навлегла спротивната агитација од врховистите.

II.

Кај Сандански созрева план да се грабне некој, за кого да се земе значителен откуп. Грабнување на Американката мис Стон и нејзината придружничка, Бугарката госпоѓа Цилка – Долго талкање со грабнатите жени. – Борба со Дончо војвода, што ги преследува. – Г-ѓа Цилка добива девојче; грижите за леунката и детето. – Подолги преговори се прима откупот. – Ослободување на грабнатите.

Кај мене и Чернопеев созреа мислата да грабнеме некого за земање откуп. Одев во Дупница, и со Чернопеева намисливме да грабнеме еден бег – Сулејман бег, син на пашата од Џумаја Ние двајцата се преоблековме, отидовме во Џумаја да ги проучиме улицата и кафеаната во која доаѓаше бегот. Тогаш се вративме и пак влеговме назад со решение да го грабнеме од кафеаната. Туку очигледно случајно тој не се појави два дена, не излезе од дома. Ние бевме со 20 момчиња, од кои 4 мина селани од селата со пушки. Мислевме да нападнеме и со бомби. Туку не можевме да ги задржуваме подолго во градот момчињата, па ги пративме во селата, а јас со Чернопеев и Крсте Асенов останавме да образуваме во градот раководно тело. Тогаш средивме и некои недоразбирања меѓу граѓаните. Натеравме да бидат назначени некои учителн, -Александар Китанов, (од Лешко) и Сава Михајлов, против кои се беа објавиле чорбаџиите. Откако средивме се за два-три дена, Сава Михајлов и Крсте се вратија во Бугарија, а ние со Чернопеев си отидовме кај четите.

          Веќе обземени од мислата да грабнеме некого, намислив да отидеме во Разлог, па некако да ги натераме протестантите од Организацијата, без да се сетат зошто, да сторат така, што од Солун да дојде мисионерот доктор Хаус. Отидовме двајцата во Банско, момчињата ги оставивме во планината, едно поради тоа што во селото имаше војска, а пак второ и поради тоа што во селото имаше малцина членови на Организацијата. Од разговорите со протестантите разбравме дека би било тешко да се доведе Хаус во Банско, но узнавме дека токму во тоа време дошла некоја Американка, на нме мис Стон. Јас се пораспрашав и разбрав дека таа е важна личност. Му кажав на Чернопеева, и тој се согласи да ја грабнеме. Му се искажав на еден од протестантите од Организацијата дека ќе бараме помош и од нив. Се согласија. Двајца од нив беа од раководното тело – што се состоеше од Јонката Хаџи В’канов, Јонка Колчагов, Минчо Лазаров и Симеон Молеров. Тие ни јавија кога ќе тргнат луѓето со мис Стон. Меѓутоа, 11-мина од нашите момчиња се вратија во Бугарија, па останавме сè на сè петмина. Заминавме за Градево, зедовме уште четворица од тоа село (Нано, Тодор, Христо и Коле), од Покровнпк, – едно момче, Лазо и од Бистрица – Чиме. Ние бевме: јас, Чернопеев, неговиот другар Димитар Ќосето (Макед.), Стојан Просјаков (од Влаи) и Димитар Инев(од Кнежевството). Начекувавме два дена и вечерта на патот на месечина го здогледавме Крсте Асенов како доаѓа со момчињата. Ние бевме напишале да дојдат момчињата: Јуруков (од Карлово) и Шуманов (од Тетовско) за мојата чета, а за Чернопеев – Александар Дрводелски од Враиа, Станиш од Кукушко и Александар Илиев. Последниве беа тргнале да стапат во четите на Организацијата во Петричко. Ги зедовме кај нас, и утредента изутрина ги распоредивме на пусии, без да им кажеме ништо за својата намера. На своите им бевме веќе кажале; тогаш му го кажавме својот план и на Крсте Асенов. Стоевме така цел ден, и квечерина накај 5 часот тие се приближија. Бевме облечени во турски облеки, – аскерски и други. Ги фативме. На една бабичка, што се наоѓаше со нив, и која сакавме да ја земеме за придружничка на мнс Стон, и се слоши. Помнна еден Турчин, за кого потем разбравме дека бил контрабандист, и му реков да запре. Тој слезе од коњот и почна да бега накај пусијата од спротива. Оттаму се кренаа момчињата, и тој испука со револверот, и го рани трошка по темето едно момче, но беше фатен и веднаш убиен. Тргнавме со фатените. Тоа беше на 21 август во 11 часот вечерта по турско време кај „Потпрената карпа”, на патот меѓу Банско и Џумаја. По пат зборуваме божем турски, туку не знаеме добро турски, така што уште ноќта решивме да зборуваме бугарски. Утредента фатените не запрашаа, што сме, кои сме; ние им рековме дека меѓу нас има и Турци и секакви. Се исплашија и почнаа да плачат и така речиси сите први 5-6 дена плачеа секој ден. Најпосле решив да им разоткријам сè, но сепак тие не се успокоија. Вративме еден дел од момчнњата и останавме тројца, и Дрводелски и Ќосето. Втората вечер по нивното фаќање јас си ја шинав ногата – ми се изместија глуждовите. Дојдовме во Џумајско, ја поминавме границата кај с. Црвиште и отидов во Дупница, лекар да ми ја прегледа ногата. Откако се уверив дека не може брзо да ми помине, се вратив, и три месеци не можев да стапнам на таа нога.

          Оттаму отидовме во с. Селиште и таму на жените им откривме дека бараме да ни се даде бездруго за откуп 25.000 лири. Тие почнаа да плачат. Напишаа писма до еден нивни добар пријател, Костаднн Петканич, што го однесоа по канал луѓе од Организацијата. Не смееле да му ги предадат писмата во раце, а му ги оставиле на неговиот праг. Овој, кога ги нашол писмата, се исплашил, па и ги дал на власта. Бидејќи не можеа да се водат преговори во Турско, напишавме едно писмо до Хаскел во Самоков, но и ова писмо не му го предале, та два месеца останавме во неизвесиост. Потем Асенов отиде во Самоков, му го предаде ппсмото на Хаскел, и овој веднаш замина за Цариград. Асенов се врати и ни кажа дека го предал писмото. Тогаш Асенов и Чернопеев дојдоа во Софија кај Дикенсон, американски претставник во Цариград, што беше дојден тука за преговорн. Со него се сретнал Асенов, а Чернопеев однадвор вардел. Дикенсон дал надеж за плаќање, но дека ќе треба уште да чекаме. Тоа беше во ноември.

          Во тоа време ние се преместувавме од Селиште во Покровник и назад. Па така една вечер во Селиште се случи во куќата на Тоше Мирчев, во соседната до нашата одаја, да спијат тројца заптии. Домаќинот им даде повеќе ракија, тие се опијанија и заспаа. Потем поминавме на Сушичка Планина (на 2 часа до селото Сушица); таму си направивме две колиби и тука преседевме четири дена. Зедовме уште четири момчиња од Петричката чета, во која комитата Александар Илиев беше убиен од Дончо. Чернопеев и Асенов се одделија со шест момчиња да го гонат Дончо, а јас останав со четворица од старите момчиња (Дим. Ќосето, Андон Ќосето, Каравасил и Стефан Мандалов од Гевгелиско, сега убиен во четата на Чернопеев, на 6 сепември).

          Тогаш јас ги одведов жените во Сушица, таму преспавме и потем отидовме во село Тросково. Таму во текот на денот бевме предадени. Дончо дојде со 78 мина. Небаре нешто ми потскажуваше дека ќе дојде Дончо. Бев сонил сон и бев уверен дека ќе се случи нешто. Вечерта селаните кажуваа дека имало аскер кај месноста „Крстот” та отишле да видат накај ќе сврти аскерот. Веднаш се сетив дека тоа е Дончо. Дојде нашиот курир од Покровник, и потоа дојде еден селанец, што го повнка; овој не се врати и по половина час испратив да го повикаат. Овој се врати и ми призна дека Дончевите луѓе се во близина – во куќата на Спасе. Им заповедав на момчињата да вардат. Отидов со едно момче близу до таа куќа, во темнината изнаскокаа Дончови луѓе, та едвај се избавив. Цела ноќ траеше престрелка и утредента претпладне дојде еден со бела крпа – го убивме. Најпосле се повлековме. Попладнина тргнав со жените накај Лашко. На крајот од селото Тросково се сретнавме со Чернопеев и Крсте, што беа собрале да ни дојдат на помош 40 мина милиција. Тогаш веќе се разбра за запленетите. Ги отпуштивме милиционерите и останавме само ние, 13 мина, и отидовме во Лешко првата вечер, а другата во Дреново. Тогаш ги испратив Чернопеев и Асенов во Бугарија, пак да водат преговори со Дикенсон, велејќи им да прават што ќе прават и како знаат, туку да заврши со тоа, затоа што веќе ни се беше здодеало. Пак се вратив со жените во с. Покровник (во куќата на Стоилко), потем оттаму поминав за Србиново (на 21.12. вечерта). Патуваваме 12 часа и стасавме во куќата на некој што го викаа Никола – што беше на крајот на селото, во лозјата. Тоа беше куќичка во која точат вино. На Цилка и реков дека ќе одиме на пат па ја запрашав дали ќе може, да не и е дојдено времето да се породи. Ние уште пред два месеца бевме подготвиле сè за тоа – ние зедовме материјал, а тие, жените, му подготвуваа облека и пелени, плетеа и сл.. Цилка ми јави по еден час дека е пред породување и оставаше во аманет „сè” на мис Стон, во случај да не остане жива. Таа беше уверена оти по сите овие стресови тешко да може да се породи нормално. Повикав две жени од селото и таа лесно се породи – девојче, здраво, полничко. Го зедовме детето в раце, другарите и честитаа, и јас ги почестив другарите. Прекутредента требаше пак да се патува. Цилка не можеше да јава, а требаше да си отидеме, бидејќи во селото беше дојден аскер. Ја легнавме опружена во еден долг сандак, – го качивме сандакот на коњ, а од другата страна на коњот исто натоваривме за тежина, и така, со потпирање отстрана, поминавме 6-7 часа пат и стасавме во с. Влаи, во кое се сместивме во една куќа. Детето го носевме по пат на раце, – тоа плачеше, а мис Стон јаваше на друг коњ. Во Влаи се задржавме 9 дена.

          Деветтиот ден од Бугарија дојде Асенов, донесе писмо од рускиот пратеник Бахметјев за мис Стон, со која се познавал, и подарок – благи испратени преку Дикенсон. Му кажале дека ги подготвиле парите за откуп. Ги зедов Асенов и Спиро, кај жените оставив 10 мина, а Чернопеев со 25 мина беше во Дојранско. Отидовме во Банско, а по два дена дојдоа Хаус, Гарџолу, Драгоман во пратеништвото, и Пит, благајник на мисијата. Турците со 250 аскер вардеа на парите и го сардисаа селото. И ние бевме во селото. Го викнавме Костадин Петканин да им каже на комисијата: „Денес дојде еден човек, што ни рече дека квечерина ќе дојдат тројца луѓе да се видат со комисијата. Што имате да им порачам?” Вечерта станавме и со него отидовме кај комисијата, им го предадовме полномошното од мис Стон. Фативме преговори како да ги земеме парите и како да им ги предадеме жените. Им објаснивме на Хаус и другите каква е работата, дека ние сме луѓе на една организација, дека не сакаме да сотруваме никого и сл.. Ги обврзавме да ја натераат да се повлече потерата. И испраќам писмо до мис Стон дека нејзините не се трудат за да бидат ослободени и сл.. Таа им напиша остро писмо. Се договоривме да ги донесат парите на едно место „Арами-бунар”. Турците вардеа на парите. По наш совет комисијата ги извлече од сандачињата парите, а наместо нив таму ставија олово. Ни ги дадоа парите, а Турците го натоварија оловото и со војската се повлекоа, а ние со парите, десетмина, поминавме на Јакуруда и оттаму во Бељовски орман. На момчињата им дадов по 2 лири.

          Го испратив Асенов да ни купи облека. Првин во Пловдив кај едно момче, Михал Бојаџиев, сега учител во гимназијата, Македонец, многу добар, сместивме 2.000 лири. Потем кај Хаџи Димов во Софија оставивме 4.000 лири; кај сестра му на Асенов, докторка по медицина, С`пка Асенова, оставивме 4.000 и други 4.000 лнри оставивме кај Узунов, телеграфист во Софија. Меѓу Ѓорче Петров и Дели Иванов (тие без претставници на Организацијата) имаше несогласувања за парите, па затоа ги оставивме во приватни раце, додека дојде Делчев, па сè да помине другарски, да им се предадат. И потем парите беа предадени на Делчев и на другарите и тие ги употребија. Парите ги примнвме на 18 јануари и му напишавме на Чернопеев да ги ослободи жените. Тој ги испратил од Влаи во Оштава, а оттаму во Сенокос – Србиново – Ораново и преку Струма понатаму. Чернопеев дури ги допратил жените до Малешевско, а понатаму ги предал по канал. Сè едни и истн момчиња ги придружувале – Стефан Мандана, Андон Ќосето, Андреев, Дењу.

III.

Се засилува борбата против врховистите. – Сандански со своја чета во внатрешноста агитира против врховистите. – Оружени судири со четите на Врховниот комитет. – Кресненското востание предизвикано од врховистите.

Со две чети по 12 мина, јас, заедно со Крсте Асенов, тргнавме преку Ќустендил, пред да дојде Делчев и случајно го сретнавме на самата граница. Заедно со Делчев сите се вративме пак преку Ќустендил во Софија и тогаш ги предадовме парите. Потем заклучивме да отидеме во две посоки. – Христо и Крсте Асенов да ја фатат десната страна на Струма, а пак јас одавде – левата. Сериозно започнуваше борбата против врховистите. Јас замннав накај 6 април 1902 г. Поминавме кај селото Дометево над Бараково, со курирот Стојмен (од с. Делвино, над Џумаја), и стасавме во Делвино. Бевме 16 мина во четата беа Сава Михајлов, Ѓорги Скрижевски (од Скрижево, Драмско), учител со средно образование; Петар Милев, од с. Косач (Радомирско), со завршен 6-ти клас гимназија во Софија, Ѓоргн Баждарев, со завршена гимназија и тогаш учител внатре во Македонија, а сега студент во Високата школа; Андреја Казепов, од Ресенско, со завршена гимназија; Спиро Петров, Прилеп, се занимава со трговија, убиен есеноска на Пирин (на 4 септември во борбата кај Куклите во Пирин), чудесен песнопеец и др.. И сите други имаа завршено по два-три класа гимназија. Во Делвино се задржавме едно – два дена. Планот беше на народот да му се објаснува целта иа Организацијата, за што се подготвува, да се објасни дека не е вистина оти Организацијата не мисли за востание, меѓутоа, не тогаш кога сакаат врховистите. Им објаснувавме во што се разликуваат врховистите од нас. Им велевме, дека тие се луѓе на дворецот, дека сакаат да ги предберат во свои раце нишките на Организацијата, за да можат да си играат како сакаат со ослободителното дело. Со нивното востание што го пропагираа, – велевме ние, – сакаат првин да не дезорганизираат, и второ, тие како офицери, зборувале дека веднаш ќе кренат востание, сакаат по секоја цена да го кренат востанието. За пример наведувавме дека од востанието во 1895 год. имаше корист само кнезот, а имено дека го признаа. Велевме дека според наше разбирање востание може да се крева само ако сите се подготвени, без да се надеваат на надворешни ветувања, дека треба првин да се увериме дека сиот народ е подготвен. Сето тоа треба да се организира и кога ќе се видн дека сме достатно силни, тогаш може да се решава за востание. А оние, врховистите, постапуваат инаку, – велат, вие само востанете, па оттаму доаѓа Русија, оттука доаѓа Бугарија. А вие, кога ќе видите дека сте излажани, наскоро ќе потклекнете. Им објаснувавме дека тоа прашање не е бугарско прашање туку европско прашање, и дека Бугарија и да сака не може да го решава сама. Ние мораме да го поставиме на меѓународен план итн.

          Од Делвино отидовме во с. Х’рсово и Маралево, сè така агитирајќи. Пред мене врвеше една чета, водена од капетанот Ѓорги, Арнаутин (Бугарин – Арнаутин, чаркчија) со дваесет мина, чета на врховисти. Тој беше нов, а неговите луѓе беа сите кои арамии, кои арнаутчиња, пијаници. Тој им велел да не неслушаат што им зборуваме и сл.. Од Маралево испратив до тамошниот раководител во Градево да ни испрати еден курир. А пак таму се наоѓал капетанот Стојанов, со околу 18 мина, а таму отишол и капетанот Ѓорги со својата чета. Поради овие чети раководителот не ни испрати курир, бидејќи страхувал дека ако отидеме и ние, може да дојде до судрување, па ќе пострада селото. Направнле и пусија. Во Маралево дури се беа обиделе да не погубат со труење (со жива); најдов жива во сланината. Насетив дека има заседа во Градево и затоа решив да направам заобиколка и да одиме во Разлог.

          Стасавме во с. Недоб’рско. Тоа беше во април. Тука немаше агитација од страна на врховистите. Сепак поприкажавме за работите, за постапките на врховистите и сл.. Потоа заминавме за с. Годлево, вечерта ги собравме селаните и им зборувавме. Отидовме во Банско. Пред тоа го натеравме едно момче, Миле да им пспрати писмо до раководителите во Недо’брско и Годлево. Тие се посомневале ние да не сме врховисти. Кога стасавме во Годлево беше дојдена и месната чета од Банско, за да не спречи ако се покаже дека сме врховисти. Потоа заминавме во Банско, набавивме што ни требаше и ја повикав неврокопската чета. Водач и беше Атанас Тешовалијата, а секретар Куслев. Ја зедов и банската чета, и испратив курнр во Влаи, да дојде човек да не прифати па да отидеме во селото. Ни одговорија дека не можат да не одбијат, туку таму во близина биле врховистичките чети, па можело да дојде до судрување и селото да им настрада. Сепак решив да отидеме во Влаи. Тргнавме за таму на 24 април. Поминавме преку врвот Елтепе – па по Влашката Река; таму има чаркови, се распрашавме за селото и влеговме во малото Полена. Ги разместив момчињата во пет куќи. Испратив да дојде раководителот Тошков Никола, да позборуваме. Дојде вечерта. Изутрината со него ја преместивме четата во едно друго маало, во куќата на Стојмен Марушино. Следната вечер ги собравме сите, им зборувавме, им објаснувавме. Нив им прикажувале дека јас со парите од мис Стон сум отишол во Европа, во Будимпешта и др.. па се чудеа што ме гледаат. Тука поседевме 3-4 дена и оттаму заминавме во село Оштава. И тука беше истото – собрание; ги убедувавме луѓето да не бидат заведувани од врховистите, дека тие ќе ги изгорат и ќе си отидат во Бугарија, а тие ќе останат да страдаат и сл.. Заминавме во Сенокос. Дојде раководителот Мицо Чакалски. Со него отидовме во селото. Мицо имаше завршено втори клас, се занимаваше со трговија. Многу добро ги разбрал работите. Го запрашав, како смета тој, дали разликите меѓу нас и врховистите се само во тоа, дали да биде едниот или другиот. Тој не веруваше во агитациите на врховистите, што стасуваа дотаму да им велат дека при осветувањето на Шипченскиот храм ќе дојдат руски војски и сл.. Овој Мицо добро ги разбираше нештата, не се заведе од врховистите. Сенокос беше единствено село што не беше заведено и не востана.

IV:

По востанието Сaндaнски продолжува со агитацијa меѓу населението. – Се разгледуваат и судски дела. – Сандански, кој е против идејага за востание, останува здробен од веста дека во Солун се зело рeшение зa востание. – Сандански се објаснува со Делчев по тоа прашање.

Потоа стивна борбата и јас тргнав низ демирхисарскиот реон, да агитирам низ селата Голешево, Лехово, Крушово и Крчево. Во Крушово повикав и десетинамина гркомани, ги убедував. гн вклучив во делото. Вклучувањето во делото насекаде се вршеше со давање заклетва. Потем отидов во Серско, с. Броди – големо село со 1.100 куќи; тука се задржав 26 дена. Тоа беше сето разнебитено, имаше разврат, пијаници, комарџии, чорбаџии. Ги прегледав и сметките на општината, бидејќи имаше караници. Поставивме раководни тела, им дадовме упаства и сл.. Потоа заминав во с. Баница, од каде, преоблечен во свештеничка облека отидов во Серез и таму се задржав четири дена. Се сретнав со раководителите, зборувавме за дисциплината на комитите, и за други организациони работи. Четата насекаде убаво ја пречекуваа. Потем во с. Дутлија, како што беше вообичаено, ги собрав селаните во црквата, им говорев и др.. и пак преку Баница и Броди заминав во с. Караќој (Неврокопско). Таму по ред разгледавме голем број дела – за земање – давање. На пример, се суделе за некоја нива за 4 лири и за судења едниот потрошил 26 лири, а другиот 22 лири. Ние ги повикавме, донесовме пресуда, тие си простија и се помирија, заврши делото и др.. Оттука отидов во с. Тарлис (турско-бугарско село). Тука чета не доаѓала. Им донесовме пресуда по едно дело меѓу општината и еден чорбаџија, за вода за воденица и за коријата. Назначивме една комисија од друго село – од с. Караќој, направија план за водата и сл., делото се реши со добро.

          Потоа отидовме во с. Ловча. Двајца другари од Ловча – Хр. Бадински и Крсто Савов се вратија во Бугарија, а Стојо Хаџиев (од Голешево) си отиде во Голешево легално и стана учител во Д.Сушица (Малешевско). Останав само со четиримина. Разгледувавме дела, сметки на општината; со коџобашиите и др., заседававме 6-7 дена Тоа беше во декември, до околу 11. истиот месец. Оттука – во Гајтаниново. И тука многу сметки и судски дела. Не правевме воени вежби. Во Неврокопско имавме 200-300 пушки. Во Демирхисар 150, во Серско 150, во Драмско 100 пушки. Вечерно време сн правевме вечеринки, игри со момчињата, на пр.: „во нашата градина се родиле толку тикви – не се 21, а 1, – не е една, туку 5″ и др.. Друга игра се викаше „пошта”, една друга:„на ти едно печено јајце” и сл.., и којшто ќе се збрка, за казна има да рецитира, да испее нешто. Со такви игри си ги поминувавме вечерите. Во нив земаа учество не само момчињата од четата, туку и селаните, па кога ќе се собереа по 20-30 мина, многу убаво си поминувавме. Туку последен ден Божиќ во Гајтаниново гледаме кај трчаат стуштени жените, си ги соблекуваа новите и облекуваат ветви облеки. Доаѓаше аскер од 50 мина, што остана таму во селото. Отидовме за с. Тешево. Таму имаше еден Турчин од Разлог, многу лош, па беше дојдено заповед од Неврокоп четата да го начека, кога ќе се враќа од Серез, но овој не се врати и поради таа работа се откривме. Аскерот го опколиса селото, а пак се случи така, што јас се најдов внатре. Еден Циган беше забележал дека од куќата, во која бев, постојано влегуваат и излегуваат луѓе и Циганот си се запрашал зошто влегуваат толку многу луѓе. Му одговориле дека невестата се мачи да се породи. И кога се разбра за ова, домаќинот порача невестата да легне, дека божем е во породилни маки, а ние да се скриеме, па ако дојде аскерот, и земе да се распрашува, да се покаже невестата. Па и навистина оваа – за чудо – по малу ја фатија породилни маки и роди девојче. Таа му беше жена на Андон Јанев, терзија, и јас требаше да го крстам детето. Му дадовме име „Автономија” – на 27 декември 1902 година. Ова дете е уште живо.

          Излеговме оттаму, се провревме низ аскерот (нн го фатија курирот) и дојдовме во с. Јучдјурук (Неврокопско), и таму пак вршевме општа агитација меѓу сите, во црквата, потоа разгледувавме судски спорови и таму не затече Нова година. Дојдоа учители и учителки од Неврокоп, да се видиме, ни донесоа една баннца со паричка за касмет.

          Уште кога бев во Ловча, добив писмо од Серез, во кое ме прашуваа за мислење дали треба да има востание, затоа што од Солун барале мислење дали да се преземаат само терористички акции, или пак да се крева востание. Одговорив дека не разбирам поради какви мотиви Централниот комитет дошол до становиште да прашува за востание. Побарав да ми се образложат мотивите за тоа. Ми се образложи дека мигот бил погоден, дипломатијата била наклонета, а па најпосле и врховистите инаку пак ќе создавале главоболки. Тогаш по тој повод ги собрав раководителите на мелничкиот реон: Даскалов Илија, род. од с. Калиманци, бил учител во Мелник 11 години, и од џумајскиот – Васил Хаџи Петров, од с. Гајтаниново, и од Неврокоп – учителот Балтов. И со нив (тоа стана во с. Тешево) го разгледавме прашањето за востанието. И се искажавме против неговото кревање, и јас во Јучдјурук испратив писмо во одговор. Им пишував и во Разлог, и тие да се изјаснат; и тие се нзјасниле против и единствениот делегат од Серез во Солун бил против кревањето востание. Споменатата вест морално не утепа; сосем друго мислевме за Организацијата, друго агитиравме, а сосем поинаку излегуваше. Веќе немав ни лице, ни срце да агитирам како порано. Ги оставив момчињата да агитираат. Просто плачевме. Од Јучдјурук поминавме во Буржози – Давчифлик, Баничан – Скребатно. Тука се задржавме 5-6 дена, во вршење агитација и претресување судски спорови. Има и 50 турски куќи, па таму кога не испраќаа, луѓето плачеа. Ни дадоа вечера. Еден го подготвува јадењето, а кој како доаѓа си носи лажица, леб и вино. Дојдоа околу 30 мина. Не испратија нас 5-мината, опкружени со нив, со гајда, поминавме крај турската стража во селото (деврието) и така се збогувавме. Тоа беше на 8 јануари 1903 година. Бев повикан во Серез за една многу важна работа. Поминавме преку Сингартиите, Либјахово, Ловча, Броди, Дутлиј. Тука дојдоа учителите Лазар Димитров, Ангел и Ѓорги Динев, и ни јавија дека во Солун се решило да се крене востание. Тоа беше како вистински гром да ме погодил. Паднав сосема сломен, не можев да одам. Пред да дојде она првото писмо, во кое ме прашуваа за мислење за востанието, бев сосема инаков, не усеќав ннту измореност, ништо…

          Од Дутли отидов пак за Броди – потем за Калапот, а по три дена отидов во Горенци. Преку Неврокопско се вратив пак во Команич, и оттаму во Караќој, каде се сретнав со Делчева. Позборував со Делчева за востанието. Му реков: „Многу сте подраниле да кревате востание!” Му го реков тоа со иронија. Делчев одговори: „Што да се прави, излегоа многу бегалци од Петричко и др., и врховистите ќе ги употребат пак да се води борба со нив, а од друга страна и другарите сакале да се крене востание, на пр. Стефан Димитров, бившиот делегат, се откажал да се занимава со македонското прашање, штом не се решава за кревање востание. Затоа требало да се преземе барем терористичка акција”. Јас му приговорив дека терористичка акција ќе повлече одмазди од страна на Турците и ете ти пак востание. „Ами ние зошто агитиравме против врховистите и зошто пред народот зборувавме поинаку?!” Освен тоа силно го прекорив Делчева што го прибрале и Сарафов, толку компромитиран и сл. Јас се согласував на терористички акции во смисла да се преземаат само од четите, и тоа на пруги и мостови, далеку од селата. Најпосле со Делчев постигнавме согласност против секакво кревање востание и тој и Кошанов останаа да напишат во таа смисла.

V.

Сандански агитира одавде Вардар населението да не востанува. – Борба со турската војсска. – Подготовки за востанието по смртта на Делчев. – Планови за терористички акции. – Заеднички акции со врховистите.

По овој разговор во Караќој отидовме во Демирхисарско над селата Крушово и Крчево, во месноста Капе, каде имаше една голема пештера (внатре има и старо црквиче) па тука сите чети што беа дојдени во Караќој се фотографиравме. И потоа сите се разделивме. Решивме како за обид да извршиме една терористичка акција во Серско, па според ефектот да можеме да процениме како да се примени планот за терористички акции во други области. За акцијата го избравме тунелот и мостот кај Анџиста (Ангиста). Делчев беше во Демирхисарско и оттаму отнде да изврши атентат. Делчев веќе си носеше експлозиви, динамитни, патронии сл., од што се гледаше дека уште во Софија било решено да се преземат терорнстичкн акции. По атентатот врз тунелот Делчев отнде во Солун, божем да ги разу6едува да не креваат востание. Тогаш се узна дека Битолчани не сакале да чекаат веќе. Тогаш реков дека штом битолчани толку не можат да чекаат, тогаш ќе треба само четите одавде Вардар да дејствуваат, а народот на иикој начин да не се крева на востание. И во таа смисла почнав да агитирам. Ги обиколив селата Калиманци, Х’рсово, Врања и др., во Мелничко. На 21 февруари отидов во Орманите. Таму се караа за еден аџар на еден чифлик, земен под наем. Еден од чорбаџиите, што се карал со другите, се заканувал со чета. Штом дојдовме, другите побегнуваат и не предаваат на аскерот, и овој во текот на ноќта не опколисува (460 мина аскер) во куќата. Бевме 8 мина. Домаќинот ни јави дека сме сардисани. Ги разбудив момчињата. Преекокнавме преку едно капиџиче, залегнавне на улицата, престрелка. Ни се втурнаа 20-50 мина. Јас испукав 10 куршуми, го погодив јусбашијата и други, стрелбата престана. Потем се нафрлнвме на еден куп Турци и сн пробивме пат. Загинаа 18 мина Турци и јусбашијата. Потем, другата вечер одиме во Кашина, воКо-вачево, Черешница и во с. Пирин отпочинавме 6-7 дена. Напишав да ни нспратат пушки, за да се раздадат по селата. Пушките ни ги испратија преку Разлог. Кога го поминавме Пирин, одејќи за Разлог (на 10 март) имаше голем снег и страшен студ. Трнпати ни се лупеа кожите на лицето, сите бевме отечени; во Банско лежев 6 дена болен.

          Еден дел од другарите ги испратнв во Мелничко, двајца оставив во Разлог н со двајца другари, Кипров и Петар Милев, дојдов во Софија, за да набавам нешто повеќе, па и ние да сторнме нешто за востанието.

          Во Софија дојдов околу 6 април, тука узнав за смртта на Делчев[1]. Во Софија престојував едно месец дена и пак тргнав за Мелничко со чета од 30 мина, вооружени со манлихерк ии берданки, и понесов уште 18 пушки. Во мојата чета беа и: Никола Наумов, Пејо Јаворов. Стефанов Димитар, Харизанов, потпоручнлкот Ангелов, поручникот Наумов, еден телеграфист и др., Преку Самоков поминавме на Демир Капија – Драглишта-Банско, па преку Пирин во Мелничко. Тоа беше во мај месец. Од таа чета избрав 7-8 мина под водство на Мирчо Кипров и го испратив за началник на чета во Драмско, бидејќи заедно со Делчева паднал убиен и Коштанов, комита од Драма. Наумов, Стефанов и други стоеја така во четата, веќе сакаа и весник да издаваат. Ја поделив четата на четири дела и тргнавме по селата да собираме храна. Собравме 60.000 кгр. жито (пченица, испековме 6.000 оки пексимит, брашното го складиравме на повисоки места, а исто така и шеќер околу 500-600 оки, сирење околу 200-300 оки, околу 30-40 парчиња кожа за опинци, лимонтуз, сода, восок, балзами (шишиња, против изморка, по 1 грош шише – алкохол што освежува). На селаните им велевме да ни ги дадат тие работи и дека ништо повеќе од нив нема да се бара. Им забранувавме да востануваат, велејќи дека само ние, четите, ќе дејствуваме колку што можеме. Откако ги прибравме тие продукти испративме писма до четите и раководителите на другите реони, да испратат делегати за конгрес, да уточниме еден заеднички план на дејствуваие. Дојдоа делегатите: Мирчо Кипрев, од Драмско, Баждаров Ѓорги од Броди и Дедо Илија од Демирхисарско, Николиев од Серско, Филип, секретар на чета, и Днмитар Пенков раководител на реон – од Неврокоп. Од Разлог беа дојдени Димо Лазаров и Борис Голев (и двајцата се од Банско). Од Мелник бев јас. Од четата Стефанов, Радославов, Наумов и Јаворов и други. Пред нив се вратија уште во јули месец исто и поручникот Наумов, Ников, Коцев и др…

1. Гоце Делчев загина на 22 април, по стар стил, односно на 4 мај 1903 год.

VI.

Оружени судрувања со Турците. – Врховистите дејствуваат заедно со внатрешните. – Големи турски загуби. – Напад врз г. Мехомија. – Горење на селата Белица, Обидим и Кремен. – По востанието Сандански се прибира во Бугарија.

Два-три дена заседававме во Пиринско, кај „Ливадката” и решивме ннкој да не го вовлекува населението во борба туку секој да гледа да стори нешто колку може. И тогаш решивме да го кренеме во воздух демирхисарскиот мост, а ако може да нападнеме и на градот. Го пративме потпоручникот Васил Ангелов со демирхисарската чета да проучат што може да се направи, бидејќи аскерот варди од двете страни. Датата на востанието, сиреч кога ќе започнеме со терористичките акции, беше одредена за 14 септември, Крстовден. Тогаш дојдоа врховистите – околу 20-24 август, дојде поручникот Стојанчев со 40 мина за да дејствува каде ќе му одредиме ние. Четата му ја поделивме – со 20 мина го пративме со Дедо Илија во Демирхисарско, а 20 мина останаа кај нас. Му рековме дека ние веќе имаме определен план за акција, па ако Стојанчев и неговите другари сакаат да дејствуваат во согласност со нашиот план, нека дејствуваат, инаку да си одат. Тие се согласија. На шапките од своите момчиња тој беше изнакачил бугарски војнички (тенеќени) грбови и еполети. Јас побарав да ги сметнат еполетите и грбовите. Некои гн сметнаа грбовите, други рекоа дека ќе ги сметнат попосле. Најпосле се спогодивме. Поручникот Стојанчев е родум од Бугарија. По нив дојдоа Дончо, Дарвингов и Стојанов, беа прегладнети, околу 80 мина. И тие се кандисаа, дошле да ни се стават на наше „располагање”. Божем ќе се распределиме на помали групи, за да не нè откријат. Додека се најадоа, на 30 август, нè откри аскерот, што знаеше за нив дека дошле. Се судривме со аскерот кај паракливчето св. Троица, дадовме само две жртви, токму од нашата неврокопска чета беше убиен Димитар Гевгеливчето и уште еден. Од аскерот паднаа многу повеќе, – можеби 80 мина, затоа што тне беа во напад, а пречекавме во пусии еден дел од аскерот што нм доаѓаше од Мелник на помош. Им се доближивме дури до нагазување, на 50 чекори, дојде и друг аскер, но ние вечерта се извлековме. Утредента Цончев водеше борба во месноста Гарваница, во Пирин, – не мошне далеку. Селаните му рекле дека ние се бориме, та си помислил дека се уште сме таму. Ние му тргнавме на помош, но додека да стасаме борбата беше веќе завршена. Нашиот другар Спиро Петров, со оние 20 мина од Стојанчев и негови 8-9 мина отишол во Разлог, да пренесува материјали, па кога узнал дека сме се бореле, свртел да ни дојде на помош, и кога дошол над селото Пирин, во месноста Куклите, селаните што биле избегани од с. Пирин почнале да го молат: „Бате Спиро, немој да не оставиш!” И тој им го ветил тоа. Зафаќа една чука, а потпоручникот Настев (од луѓето на Стојанчов) зазема друга чука. Доаѓа аскер, без да знае дека чуките се заземени. Се судруваат првин со Спиро, и дел од нив се повлекува накај чуката каде е Настев и тука започнува борба. Настев со своите другари се повлекува без да му јави на Спиро, а Турците ја заземаат позицијата на Настев, и оттаму му се нафрлуваат врз Спнро. Овој се крепел до вечерта и најпосле паѓа со уште четворица свои другари, а паѓаат и други 5-6 мина од Настевите, што биле кај него – сè на сè загинале 12-тина мина. Од аскерот загинале множество – најмалу 100 мина. Кога паднал Спиро, Турците помислиле дека тоа сум јас па низ Џумаја испозалепиле огласи. Додека Спиро се борел, ние ги слушавме пукотниците, но бевме далеку – јас бев далеку со Цончев, Јанков и др. на Гарваница.

          После отидовме во Неврокопско и сите се собравме кај езерата над Брезница. Се разделивме, јас отидов во Мелничко, и со мене уште Дончо, Дарвингов и Стојанов. Цончев, Јанков и со нив Стефанов и Симеон Витанов отидоа во Разлог. На оној наш конгрес, за кого споменав, избравме окружно раководно тело: Димитар Стефанов, Радославов и Симеон Витанов. Кога дошле таму, се собрале, решиле да го нападнат г. Мехомија. Праќаат 100-тина внатрешни луѓе -мехомијчани, здоговорени – па оние однатре да кренат бунт, а однадвор по даден сигнал да удри Цончев. Но оние што вечерта требало да отворат оган, биле насетени од Турците, и започнува стрелба попладне, започнува борба внатре, палење на куќи, а Цончев, што бил оддалечен од Мехомија на час и половина пат, не отишол на помош. Во тоа време ги пратиле Лефтеров и Танушев (Цончев ги испратил) на Предел, да му попречат на аскерот, ако наиде оттаму, да го запрат. А тие си ги ставиле пушките на рамо, и право на граница. Цончев го сторнл истото. Јанков со Настев и Герџиков (српски офицер) и др., биле кај Белица, и таму се бореле. Турците ја запалија Белица (700 куќи, од кои 150 турски). А пак поручникот Атанасов оди и со една смешана чета удира на аскерот во селото Обидим (80 мина аскер). Убиле неколцина од нив, а другнте се разбегнуваат. Утредента Турците се враќаат и го запалуваат Обидим и Кремен. Уште во Демирхисарско Стојанчов водел една борба и што поскоро си се повлекол накај границата, Во Серско, тамошната чета под водство на Николиев води две борби – едната кај селото Фраштани, а другата кај с. Мертатово.

          Со тоа заврши востанието. Нас во Мелничко аскерот не откри, не опколиса, но не отвори оган. Ние бевме зазеле позицин, па и тие исто така, се гледавме 5 часа, Турците не нè нападнаа. Вечерта ние се извлековме од своите позиции над Лилјанската река над „Скалата”, и слегнавме накај Креснпчко. Преденувавме, а утредента зазедовме позиции, испративме по леб, ни донесоа малу леб и аскерот почнал да се раздвижува. Стојанов испратил 10 свои момчиња во селото Вали, да фатат некои чорбаџии – двајца (Тодор Мицев, коџобашијата и В’цков). Тие двајцата, откако биле фатени, биле истерани од селото горе, но успеале да избегаат. Намерата на Стојанов му била да бара пари и да ги убие, затоа што во текот на поланското востание овие двајца предале некои пушки. Јас откако узнав со што се занимава Стојанов, се разделив и отидов во Разлог, и со мене дојде Дончо, што изјави дека немал време да стои гладен. Останаа Стојанов и Дарвингов.

          Во Разлог се задржав 10 дена и разбрав дека сите чети бегале во Бугарија. Најпосле на 29 септември и ние тргнавме во Бугарија. Падна снег, момчињата беа необлечени, без кепиња. Две вечери спиевме на снег на Пирин, уште на одење во Разлог. На Добро Поле поминавме под Царев Врв и удривме на пресрека меѓу Пастра и манастирскиот чифлик, и слеговме во Дупница – накај 2-3 октомври. Во Мелничко останаа мои другари 12 мина. И тие после дојдоа во крајот на октомври. Јас поминав со 20 мина. Моите луѓе и сега наминуваат тука.