„Спомени на Ѓорче Петров“ – опис и библиографски податоци

„Спомени – Ѓорче Петров“ претставуваат едно од најзначајните мемоарски дела за историјата на Внатрешната македонска револуционерна организација. Во нив Ѓорче Петров ги опишува создавањето и развојот на Организацијата, дејноста на нејзините раководители, односите со задграничните претставништва и подготовките за револуционерната борба. Делото претставува драгоцен историски извор за македонското ослободително движење од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Спомените биле запишани од Ѓорче Петров и приредени за печат од Љубомир Милетич, а првпат биле објавени во Софија во 1927 година. Дигиталниот текст на оваа страница е пренесен според македонското издание од 1950 година. 
Илустрација: корица од првото печатено издание на мемоарите (Софија, 1927). Дигиталниот текст на оваа страница е пренесен според македонското издание од 1950 година

Библиографски податоци

  • Автор: Ѓорче Петров
  • Запишал и приредил: Љубомир Милетич
  • Прво печатено издание: Спомени на Ѓорче Петров, Софија, 1927 година. 
  • Дигиталниот текст е пренесен според: македонското издание од 1950 година. 
  • Вид: Мемоари / историски извор
  • Јазик: македонски

Дигитално издание

Отвори дигитално издание

Контекст

Овие мемоари се меѓу најзначајните извори за создавањето и раниот развој на ВМРО. Како еден од основачите и идеолозите на Организацијата, Ѓорче Петров остава непосредно сведоштво за Солунските средби од 1893 година, ширењето на револуционерната мрежа, работата на Централниот комитет и подготовките за Илинденското востание. Поради богатството на факти и личните сведоштва, делото претставува неизоставен историски извор за проучување на македонското револуционерно движење. 

Подготвува: Цане Ѓорѓиевски