
„Спомени на Ангел Андреев“ претставуваат значајно сведоштво за револуционерната дејност во Преспанскиот револуционерен округ, подготовките за Илинденското востание и борбите што ги воделе востаничките чети во 1902–1903 година.
Спомените се запишани од Љубомир Милетич и објавени во едицијата „Материали за историята на македонското освободително движение“, Книга IV, издание на Македонскиот научен институт во Софија (1926). Тие претставуваат едно од најважните сведоштва за настаните во Преспанско и Леринско непосредно пред и за време на Илинденското востание.
Библиографски податоци
- Автор на спомените: Ангел Андреев
- Запишал и приредил: Љубомир Милетич
- Објавено во: „Материали за историята на македонското освободително движение“, Книга IV
- Издавач: Македонски научен институт
- Место и година: Софија, 1926
- Вид: Мемоари / историски извор
- Јазик: бугарски
Дигитално издание
Контекст
- Овие спомени се меѓу најзначајните извори за борбите во Преспанскиот револуционерен округ во периодот 1902–1903 година. Тие овозможуваат непосреден увид во дејноста на Ангел Андреев, подготовките за Илинденското востание и борбите што ги воделе востаничките чети во Преспанско и Леринско.
Подготвил: Цане Ѓорѓиевски