Опис
Писмо од Панчо Михајлов до Ванчо Михајлов за издршката на семејството на Тодор , по убиството на легендарниот водач на ВМРО. (септември 1924 г.)
„Драги Братко,
Синоќа до доцна разговаравме со семејството Колиштрукови за положбата на Вангелија и издршката на нејзиното семејство. Сериозно претпоставувам дека она што ми го кажа др. Колиштруков е самото барање на Вангелија. По сè што е познато околу смртта на нашиот учител, нема причина определената сума (10.000) десет илjади лева месечна издршка на семејството на великиот покојник да се дава на Монев. Да се нареди сумата да се исплаќа директно на Вангелија.
Нашиот учител живееше скромно, спартански и држеше на апсолутната чистота на моралот. За домот воопшто не мислеше, и затоа никаков мебел (мислам на најскромниот, и тоа нов) нема, ниту пак кујнски прибор. Ќе биде потребно засега да ѝ се отпушти една сума за набавка на традиционалната жалосна облека, како за себе, така и за децата, а откако ќе го напушти домот на својот татко — што поради разни причини веројатно ќе се случи по 5–6 месеци — ќе треба да ѝ се додели сума за уредување на домаќинството. Наш свет долг е да не го оставиме семејството на нашиот учител да тоне во немаштија, бидејќи тоа би нè изложило пред очите на емиграцијата и другарите.
До доцна ја читав нашата пошта, во која имаше извадоци од српските весници. Сите тирани ликуваат! Те молам, стори сè што е можно за што побргу да ми се испратат лично лицето и шоферот, за да им ја помрачиме радоста на злобните.k Ако нашите војводи не сакаат да се вклучат, ќе се обидам самиот да ги повлечам. Сега нѐ чека работа, работа…
Бакнежи за тебе, Пламенов и Јоско, од твојот до гроб — Чавдар.”
Извор: Скенирано од оригинален примерок
Автор: Роден во градот Штип, Панчо Михајлов Апостолов Мечкаров (1889–1925, Софија) е бугарски учител, офицер, поет, фолклорист и прославен кочански војвода на ВМРО.
Убиен е на 14 јуни 1925 г. на аголот на ул. „Витошка” и ул. „Гладстон”, во близина на домот на тогашниот премиер Александар Цанков, по наредба на Иван Михајлов и со знаење и содејство на Третата секција при Министерството за војна.