Изјава на Панко Брашнаров и Павел Шатев до ЦК на ВКП(б) (1948)

Датум: Скопје, 1 октомври 1948 г.
Степен на тајност: Строго доверливо

До ЦК на ВКП(б)¹

Изјава на Панко Брашнаров и Павел Шатев упатена до Москва во 1948 година.

Другари,

Тука приложено Ви испраќаме една кратка изјава за некои факти за сегашната фактичка положба во нашата земја, потпишано од нас самите. Ве молиме, примете ги нашите другарски поздрави:

Панко Брашнаров
Павел Шатев

Прашањето за обединувањето на македонскиот народ уште од самиот почеток беше поткопано поради неговото неправилно поставување од страна на ЦК на ЈКП, во смисла целокупна Македонија да се приклучи кон ФНРЈ, без да се води сметка за особените, специфични услови, ниту за братските соседни земји, при тоа без да се земе предвид перспективата за развојот на прогресивните сили на Балканот и за нивното обединување во една моќна федерација — јужнословенска или балканска.

ЦК на ЈКП настојува да завладее со целокупна Македонија, во која позиција ги има сите елементи на едно националистичко буржоаско гледиште, кое сака преку одземањето на одредени области да го реши македонското прашање, игнорирајќи ги животните интереси на бугарскиот народ, а раководителите на ЦК се однесуваат надмено спрема својот рамноправен ЦК на БРП(к). Ако се оди по овој пат, односно според становиштето на ЦК на ЈКП, тогаш Македонија не може да служи за поврзувачка алка меѓу балканските народи, бидејќи тоа ќе му даде предност на ФНРЈ за излез на Белото Море, ќе ја оддалечи Бугарија од морето, ќе ја лиши од природните богатства на Пиринскиот крај и на тој начин ќе ја направи Бугарија економски зависна од неа.

Истото важи и за Егејска Македонија, чиј етнографски состав е изменет поради настаните по Првата империјалистичка војна, во чиј состав еден голем дел претставува туѓ елемент, кој може да биде и непријателски, дури и непријателски настроен кон ФНРЈ. Освен тоа, со одвојувањето на Егејска Македонија од Грција, последнава се лишува од богатите плодородни полиња — Солунско, Серско, Драмско — кои служат за производство на жито и тутун од една страна, а од друга страна, при таа перспектива, односно тежнеење за одземање и одвојување на територии од Грција, се зајакнуваат позициите на крајно националистичките елементи — монархо-фашистите — и ќе им служат како аргумент во нивните раце да се оправдуваат дека, ако победи демократскиот блок, Македонија нема да биде ниту повеќе, ниту помалку освоена од Југославија. А при сегашните политички околности, општата политичка ситуација и епската борба што ја води грчкиот народ, а и македонскиот народ во Егејска Македонија, е вистинско сквернавење во однос на дадените и принесените жртви застапуваното становиште на ЦК на ЈКП. Овој лозунг, ова становиште за обединувањето на македонскиот народ во рамките на ФНРЈ имаше смисла во 1943/44 година, кога македонскиот народ беше поставен пред алтернативата или да остане како јужносрбин, т.е. да биде оставен на српска асимилација, или фактички да биде уништен, од една страна, а од друга страна, постоечкиот чисто фашистички режим во Бугарија, фактички веќе окупирана од Германците, и покрај напорите, отпорот и борбите на прогресивните елементи и сили во земјата, предводени од БРП(к), не можеа да излезат на површина, да се пројавуваат посилно и поотворено, за да може конкретно поинаку да се постави целосното ослободување и обединување на македонскиот народ. Но сега, кога во Бугарија на чело на управувањето стои БРП(к), која во ништо не отстапува на ЈКП, нема смисла да се натпреваруваме за завладување или заграбување земји кои му припаѓаат на самиот македонски народ, а не на ЦК на ЈКП.

За да ги илустрираме агресивните, националистички тежненија на ЦК на ЈКП во однос на соседните земји и асимилаторската политика спрема македонскиот народ, прикриени под превезот на комунизмот и во чие име и под чие знаме се вршат злосторства, изнесуваме некои факти за неправди, терор и насилства спрема одделни лица и групи низ цела Македонија и надвор од неа.

**1.** ЦК на ЈКП го прикриваше сè до резолуцијата на Коминформбирото својот национализам под превезот на комунизмот. Еве како вербуваше на одделни командни позиции во партијата свои слепи и послушни орудиа, каков што е типичниот случај со лицето Видое Смиловски, сегашен потпретседател на Владата на НР Македонија.

Во 1944 г., м. август, на планината Козјак, пред да се одржи историското заседание во манастирот „Св. Прохор Пчински” (АСНОМ) — антифашистичкото собрание на Македонија — на едно собрание, кога се подготвуваше листата на народни претставници на Македонскиот генерален совет, Вукмановиќ-Темпо дојде на собранието со еден млад човек од Гостиварско, а тој не знаеше да зборува македонски — тоа беше Видое Смилевски. Ген. Темпо го предложи за народен претставник во АСНОМ. Присутните се вознемирија и се спротивставија, а особено се изјаснија против овој предлог другарите Лазар Соколов од Куманово, поранешен пом.-министер за трговија, а сега професор на универзитетот во Белград, Кирил Григоров — поранешен министер за финансии во Македонија, пом.-министер за финансии во Белград, и Благој Хаџи Панзов, поранешен помошник на јавниот обвинител на Југославија, донедамна советник при југословенската легација во Софија, а сега отстранет, отповикан и без определена служба. Ген. Темпо се разлути и го напушти собранието. Потоа, кога собранието продолжи, Темпо повторно дојде и изјави: „Видое Смиловски е испратен од ЦК на ЈКП и мора да се внесе во списокот на народните претставници…” Наредбата беше извршена, но поради тоа горенаведените другари подоцна беа распрснати низ Србија како сомнителни и неблагонадежни лица и на тој начин лишени од можноста да станат општественици и македонски народни и државни дејци.

По ваков начин беа поставени и истакнати и други лица, како Никола Минчев, Киро Милjовски, Љубчо Арсов, Вера Ацева, а и самиот Лазар Колишевски, кој има заслуги спрема македонскиот народ и работничката партија само затоа што учел заедно со Ал. Ранковиќ во средно техничко училиште (В. Т. завод) во Крагуевац, а потоа е апсен во Македонија (1941 г.) и осуден на доживотен затвор од бугарската фашистичка власт. Ваков вид вербување се прави во сите републики и само така може да се објасни и изборот на исклучиво наивни доверливи, т.е. слепо послушни лица за делегати, кои можат да се потчинуваат на дисциплината на ЦК на ЈКП — кој има дрскост да бара строга дисциплина од своите членови, а самиот да не се потчинува на повисокиот орган, каков што е Коминформбирото.

**2.** ЦК на ЈКП, имајќи на располагање државниот апарат и слепите извршители — органите на УДБ, сите одбрани и правоверни оруѓиja на Ал. Ранковиќ и Цв. Узуновски — отпушта од служба и исклучува од партијата и фронтот лица кои пораснале или симпатизираат со резолуцијата на Коминформбирото, каков што е случајот на пример со претседателот на врховниот суд на НР Македонија Коста Тасев и Димко Страчков, самиот инвалид, кој за време на народноослободителната борба изгубил убиени во борбата татко и брат итн.

Под изговор на станбена криза и национализација на имотите, ЦК на КПМ врши одземање куќи, каков што е случајот на пример со лицето Нанче Велков, кој уште во 1945 г. подарил две куќи на државата, во 1946 г. дал уште две куќи под наем на државни установи, а последната своја единствена куќа на ул. 370 бр. 9 — Скопје, каде живеел, му ја одземаат за да се послушаат само молбите на Д. Влахов, а целото семејство на Нанче е иселено во село, иако имаат мали деца кои одат на училиште.

**3.** По наредба на ЦК на КПМ, претседателството на президиумот на НР Македонија определува пензии, каков што е случајот со лицето Дончо Арсов, татко на министерот за труд Љубчо Арсов, без да има какви било заслуги.

**4.** За да се подигне „борбеноста и авторитетот” на партијата, според директивите на ЦК на ЈКП се инсистира да се негира секаква борба ако не е поврзана со борбите на Србија. Оваа надменост оди дотаму да тврди дека историјата и револуционерните борби на македонскиот народ речиси започнуваат од 2.Х.1941 г.

**5.** Како крајности — националистичкиот нихилизам на ЦК на МКП се допира со националистичките, па дури и шовинистички крајности на ЦК на ЈКП. По првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 г., народните претставници избраа комисија која требаше да изработи македонска азбука и граматика. Комисијата ја изработи азбуката и ја поднесе на одобрување пред АСНОМ; таа азбука не беше одобрена од ЦК на МКП, под изговор дека тој што пишува на чисто македонски не е тука — алузија на Венко Марковски, кој во тоа време бил во втората бригада. Ова мислење на ЦК на КПМ беше дадено бидејќи ЦК уште не се чувствуваше господар на положбата, а и сметаше дека Венко Марковски ќе се приклучи кон гледиштето на ЦК. По доаѓањето на Венко Марковски во штабот, се виде дека и тој е поддржувач на македонската азбука, далеку од какво било српско или бугарско влијание. Со проширувањето на слободната територија во Македонија и преместувањето на штабот во с. Долни Брановци — Велешка околија, ЦК на КПМ се почувствува посигурно застанат на своите позиции и затоа почна на секаков начин да инсистира да се воведе Вук-Караџиќовата азбука и колку што е можно македонскиот книжевен јазик да се оддалечува од народниот говор. Проводници на оваа политика беа ген. Темпо и Лазар Колишевски преку Блаже Конески, по теоретските упатства дадени од проф. Ботковиќ, истакнат великосрпски шовинист и соработник на окупаторската власт во Србија.

И покрај тоа, ова течение за воведување чиста македонска азбука не беше задушено, па кога президиумот на АСНОМ дојде во Скопје, прашањето повторно се постави, но беше одбегнато со една итрина од страна на ЦК на КПМ, велејќи дека ќе бидат повикани проф. Државин и Бернштајн да го дадат своето мислење за македонската азбука и книжевен јазик. Гореспоменатиот проф. Државин дојде во Белград без наменски да му се даде можност да ја посети Македонија. Овој предлог беше даден од ЦК на КПМ. Откако ЦК се почувствува посилен, почна јавно да труби за културни придобивки, за македонски јазик, а всушност подземно почна да се шири мислењето дека ние Македонците сме мал народ и затоа зошто ни треба да изработуваме јазик, кога имаме готов српски јазик и можеме да се служиме со него. Нашите национал-нихилисти ширеа рамнодушност спрема нацијата како нешто одживеано, додека ЦК на ЈКП, напротив, преку својот „агитпроп” го засилуваше национализмот. И затоа целата територија на Вардарска Македонија ја задржа за сфера на културно влијание, каде од 1945 г. до денес не се пушташе никаков друг весник и книги освен српски, под изговор дека не биле пишувани по чисто комунистичка линија. Дури и органот на Советската армија во Бугарија беше запрен да се продава само затоа што беше пишуван на бугарски јазик.

Не само тоа, туку јазикот во книгите и весниците, особено во в. „Нова Македонија”, намерно, свесно, со јасна тенденција се изопачува од постојано поставени лица, како што е сега лицето Џамбаз од Прилеп, за да не може да се разбира и народот да биде принуден да го чита в. „Борба” или „Политика”, т.е. само српски весници.

**6.** Со истата тенденција не се составуваат учебници на македонски јазик, за да се принудат учениците да се служат со српски учебници, а тоа е средство за да се сродат учениците со српскиот јазик.

**7.** Никаде по јавни места, а особено на манифестациите, не може да се слушне убавата македонска песна, туку насекаде се пеат само српски песни! Ако некој пее македонска песна, тој е „националист”, „сепаратист”, а ако се слушне бугарска песна, сите се сметаат за вмровци.

**8.** Народните претставници во Скупштината во Белград секогаш ги држат своите говори на српски јазик, под изговор дека треба да бидат разбрани од другите пратеници.

**9.** Многу дирекции и претпријатија во Македонија ја водат својата официјална преписка на српски, и тоа меѓу себе. Дури има случаи во Министерството за земјоделство пом.-министерот „Планински”, Стоилко Иванов, да инсистира надлежните дирекции да ги даваат своите извештаи на српски јазик.

**10.** Но овој национал-нихилизам на ЦК на КП Македонија и шовинизмот на ЦК на ЈКП се проявуваат најизразито во административно-територијалната поделба меѓу Македонија и Србија.

Административно-територијалната граница на Македонија спрема Србија сега поминува преку Четирски рид — 10 км северно од Куманово, додека вистинската и етнографска граница на Македонија е реката Јужна Морава и р. Пчиња, и ги опфаќа околиите Трговиште, Бојановци, Прешево, „Козјак”, т.е. триаголникот меѓу Крива Паланка, Босилеград и Врања. Целиот овој крај е населен со Македонци, приобштени од српската пропаганда кон српската нација. ЦК на ЈКП, како вистински „комунистички раководител”, го задржа овој крај за Србија, а во исто време извикува да се приклучи и Пиринска Македонија кон Вардарска Македонија. Не само тоа, туку истовремено извикуваат дека бугарската пропаганда во Пиринскиот крај го бугаризирала пиринското население. Тука се најде ЦК на ЈКП, кој преку ЦК на КПМ поттикнува да се испратат учители во Пиринскиот крај, за да ја разбудат македонската свест кај населението. Се поставува прашањето: зошто не се испраќаат македонски учители во „Козјак”? Не само што таму не се испраќаат учители Македонци за да ја разбудат македонската свест, туку ЦК на КПМ дури отвора и српски училишта на македонска територија, на сегашната граница спрема Србија, во селата Табановци, Четирци, Никуљане, Старо Нагоричани. А во Куманово има и српско училиште, иако нема чисто српско национално малцинство, ниту доселеници кои дошле таму да живеат. Овие „Срби” во Куманово прават литија на „Св. Сава”, додека на Македонците не им се дозволува ниту да го прославуваат на ист начин празникот „Св. Св. Кирил и Методиј” — 24 мај.

**11.** Додека ЦК на КПМ на овој начин го одвраќа народот од правилниот развој на националното чувство, дотогаш ЦК на ЈКП преку агитпропот, во лицето на Милован Ѓилас и Нешковиќ, шират во печатот најгруб национализам, односно великосрпство. Во статијата по повод годишнината на Вук Караџиќ во в. „Борба” бр. … од …, М. Ѓилас ја споменува српската книжевност во периодот од Кирил и Методиј до Партениј Хилендарски, додека летописецот Црноризец Храбар, современик на Кирил и Методиј, вели дека Словените некогаш немале свои книги, туку читале и гатале со црти и резби — т.е. зборува за сесловенска култура, уште недиференцирана.

Тргнувајќи од гледиштето дека Русите ги величаат и слават генералите Кутузов и Суворов како народни херои, Бранислав Нешковиќ на VI конгрес на Народниот фронт на Србија ги велича војводите ген. Цујовиќ, Стрепановиќ и Мишиќ и ги прогласува за народни херои. Во овој случај, изгледа, Нешковиќ го меша потеклото на овие војводи, кои се од селско потекло, со нивните дела како воени старешини и поборници за великосрпство. Познато е дека војводата Цујовиќ беше десна рака на кнезот Арсениј и престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ за време на балканската војна, кога Македонија беше поделена меѓу балканските сојузници, а уште поважно за тоа време се масовните колежи на многу македонски родољуби. Што се однесува до другите војводи, како „солунци”, кога се вратија во 1918 г. во државата на СХС, тие масовно ја удрија генералната стачка на железничарите, рудничарите и рударите во Трбовле 1919/1920 г.

Горното се потврдува со зборовите на Милован Ѓилас, изречени на едно интимно собрание: „Она што раководителите на поранешна Југославија не можеа да го направат за близу 30 години, ние, новите раководители, го направивме за 3 години.”

**9.** Многу дирекции и претпријатија во Македонија ја водат својата официјална преписка на српски, и тоа меѓу себе. Дури има случаи во Министерството за земјоделство пом.-министерот „Планински”, Стоилко Иванов, да инсистира надлежните дирекции да ги даваат своите извештаи на српски јазик.

**10.** Но овој национал-нихилизам на ЦК на КП Македонија и шовинизмот на ЦК на ЈКП се проявуваат најизразито во административно-територијалната поделба меѓу Македонија и Србија.

Административно-територијалната граница на Македонија спрема Србија сега поминува преку Четирски рид — 10 км северно од Куманово, додека вистинската и етнографска граница на Македонија е реката Јужна Морава и р. Пчиња, и ги опфаќа околиите Трговиште, Бојановци, Прешево, „Козјак”, т.е. триаголникот меѓу Крива Паланка, Босилеград и Врања. Целиот овој крај е населен со Македонци, приобштени од српската пропаганда кон српската нација. ЦК на ЈКП, како вистински „комунистички раководител”, го задржа овој крај за Србија, а во исто време извикува да се приклучи и Пиринска Македонија кон Вардарска Македонија. Не само тоа, туку истовремено извикуваат дека бугарската пропаганда во Пиринскиот крај го бугаризирала пиринското население. Тука се најде ЦК на ЈКП, кој преку ЦК на КПМ поттикнува да се испратат учители во Пиринскиот крај, за да ја разбудат македонската свест кај населението. Се поставува прашањето: зошто не се испраќаат македонски учители во „Козјак”? Не само што таму не се испраќаат учители Македонци за да ја разбудат македонската свест, туку ЦК на КПМ дури отвора и српски училишта на македонска територија, на сегашната граница спрема Србија, во селата Табановци, Четирци, Никуљане, Старо Нагоричани. А во Куманово има и српско училиште, иако нема чисто српско национално малцинство, ниту доселеници кои дошле таму да живеат. Овие „Срби” во Куманово прават литија на „Св. Сава”, додека на Македонците не им се дозволува ниту да го прославуваат на ист начин празникот „Св. Св. Кирил и Методиј” — 24 мај.

**11.** Додека ЦК на КПМ на овој начин го одвраќа народот од правилниот развој на националното чувство, дотогаш ЦК на ЈКП преку агитпропот, во лицето на Милован Ѓилас и Нешковиќ, шират во печатот најгруб национализам, односно великосрпство. Во статијата по повод годишнината на Вук Караџиќ во в. „Борба” бр. … од …, М. Ѓилас ја споменува српската книжевност во периодот од Кирил и Методиј до Партениј Хилендарски, додека летописецот Црноризец Храбар, современик на Кирил и Методиј, вели дека Словените некогаш немале свои книги, туку читале и гатале со црти и резби — т.е. зборува за сесловенска култура, уште недиференцирана.

Тргнувајќи од гледиштето дека Русите ги величаат и слават генералите Кутузов и Суворов како народни херои, Бранислав Нешковиќ на VI конгрес на Народниот фронт на Србија ги велича војводите ген. Цујовиќ, Стрепановиќ и Мишиќ и ги прогласува за народни херои. Во овој случај, изгледа, Нешковиќ го меша потеклото на овие војводи, кои се од селско потекло, со нивните дела како воени старешини и поборници за великосрпство. Познато е дека војводата Цујовиќ беше десна рака на кнезот Арсениј и престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ за време на балканската војна, кога Македонија беше поделена меѓу балканските сојузници, а уште поважно за тоа време се масовните колежи на многу македонски родољуби. Што се однесува до другите војводи, како „солунци”, кога се вратија во 1918 г. во државата на СХС, тие масовно ја удрија генералната стачка на железничарите, рудничарите и рударите во Трбовле 1919/1920 г.

Горното се потврдува со зборовите на Милован Ѓилас, изречени на едно интимно собрание: „Она што раководителите на поранешна Југославија не можеа да го направат за близу 30 години, ние, новите раководители, го направивме за 3 години.”

Овие и слични зборови, мислења, заклучоци на теоретичарите на ЈКП се оправдуваат и се прифаќаат како правилни, комунистички, од страна на ЦК на МКП, а што се однесува до нашите македонски дејци и борци за нашето ослободување, тие се нарекуваат националисти, недорасни за времето или изживеани старци, кои не треба и не заслужуваат да се слушаат и почитуваат. На овие фарисеи им треба да дигаат врева и да се кријат под комунистичка покривка — прикритие и слободољубие. Затоа им е потребно пред светот да подигнат споменик на Гоце Делчев во Скопје. Потребно им е да основаат комитет за илинденски пензии, потребно им е да прават „свечености” за Илинден (денот на големото македонско востание од 1903 г., наречено Илинденско поради тоа што било кренато токму на денот на св. Илија — 2 август 1903 г.) во Крушево, како трибина од каде да се навредува сè што е бугарско, иако е историски факт дека илинденците секогаш и секаде се чувствувале и дејствувале како луѓе со бугарска свест. Нашите фарисеи имаат илинденци пензионери-инвалиди, старци на државни јасли, кои мора да се издржуваат за да не изгасне сјајот на слободољубието и признателноста на КПМ. На тој начин, не давајќи им можност на илинденците организирано да манифестираат и да го покажат своето борбено минато и својот придонес кон ослободителното дело.

Со забраната на секаква организација на илинденци во Народниот фронт како одделна група намерно се прави од страна на ЦК на ЈКП, за да се задуши и да не излезе на бел свет вистинскиот лик на македонскиот народ, да не излезе најаве оној животоспособен и борбен елемент кој на своите плеќи ја понесе илинденската епопеја и народноослободителната борба. Горното се потврдува со добро познатото за сите: егзекутирање на 12 души во Скопје, 53 души во Велес, 43 души во Куманово — без никаков суд, убиени од органите на ОЗНА по директива и наредба на Александар Ранковиќ. Ние не зборуваме за престапниците фашисти, кои со оружје или на друг начин се бореле против партизаните, но сме против тоа затоа што јавноста не беше известена за нивната виновност. Тогаш, кога во Србија селани четници, фатени со оружје в раце во борба против партизаните, беа помилувани како „заведени”, „измамени”.

Плодовите на оваа со ништо неоправдана бугарофобска политика, како спрема македонскиот народ и спрема емиграцијата во Бугарија, така и спрема самиот бугарски народ, се појавија уште во почетокот на ослободувањето на Македонија од фашизмот. Уште од почетокот на ослободувањето, наместо да одиме кон зближување со емиграцијата и бугарскиот народ, и целото ова движење да дојде одоздола, од самиот народ, наместо да се олеснат врските и општењата со Бугарија или меѓу Вардарска и Пиринска Македонија, напротив, тие вештачки се прекинаа, и секоја проява од страна на емиграцијата или од самиот народ во Македонија, по разни градови и села, за зближување и взаемна помош, се толкуваше на свој начин, како во случајот со Охридското братство во Софија, кое во 1945 г. испрати помош (пченка — заб. на состав.) на населението во Охридска околија, а тоа беше отфрлено како „поткуп”, за да биде ослободено лицето Кецкаров — поранешен градоначалник на Охрид.

На овие пројавувања на сочувство, кои доаѓаат одоздола, од народот, претседателот на владата Лазар Колишевски покажа дека „дипломатскиот пат за помош од Софија за Скопје е преку Белград”. Тоа значи дека се отфрла секакво зближување и општење со бугарскиот народ и македонската емиграција, сè додека не успеат да ја асимилираат македонската младина, без притоа да сметаат дека тоа е сериозна работа и најмалку комунистите се повикани за такво асимилирање. Затоа се дојде до тажниот факт нашата кауза, наспроти огромната македонска емиграција во Бугарија, да ја „брани” и „застапува” еден професионален агент, продавник уште на крал Александар, познат малоумник и безхарактерник Ангел Динев, кој со резолуцијата, изготвена и продиктувана од други, напаѓа и обвинува БРП(к). Оваа резолуција веќе е со уживање испечатена во 100 000 примероци, за да се шири насекаде во момент кога кај нас нема хартија дури ни за учебниците и слично.

**12.** ЦК на ЈКП, за да ја задоволи реакцијата во Југославија, донесе закон за пензионерите, кој закон го признава затекнатото положение на сите чиновници-касапи, жандари и насилници над македонскиот народ. Исто така не заборавија да ги пензионираат и српските учители — пропагандисти на српството во Македонија — кои биле плаќани од Министерството за внатрешни работи на поранешна Србија, додека вистинските народни учители, кои му служеле на македонскиот народ за 10–15 турски лири (пари собирани од црковните приходи, од влезни билети, од чистачки), немаат пензија, затоа што училиштата во кои тие предавале биле под управа на Егзархијата, која исто така беше официјално признаена од турската државна власт како претставник на македонското и бугарското национално дело тогаш. Засега не наоѓаме за потребно да навлегуваме во економските проблеми, чие спроведување и користење доведе до апсурд.

**13.** Правосудството на НР Македонија, според директивите на ЦК на КПМ, достигна степен на илузија за судење по законитост, бидејќи пресудите, како систем, однапред се даваат во затворен плик на соодветните судии. Доволно е да се земе која било пресуда по политичка или кривична работа, за да се утврди оваа илузорност. На тој начин народот ја губи верата во народното правосудие. Ова е состојбата со правосудството; со народните обвинители работата стои уште полошо, бидејќи тие се органи на ЦК на КПМ. Делата во судот во Македонија од ден на ден се намалуваат, бидејќи народот веќе ја изгубил верата во судот како државна институција, а ако сепак има судски дела, тие намерно и вештачки се создаваат од народните обвинители по диктат на УДБ, која врши претреси и, под изговор дека имало некои скриени работи кои повеќе им се потребни — како на пример: каса за пари, фотографски апарат, билијарска маса и слично — подигаат обвинение и сопственикот бива уапсен.

**14.** Затворите се полни со политички затвореници, како резултат на измислени афери, како приврзаници на ВМРО–Иван Михајлов, кој немал и нема никакво влијание меѓу масите, а токму со овие процеси му се крева авторитетот и името како народен херој.

1.Х.1948 г.

Белешки и појаснувања:

¹ ВКП(б) – Всесојузна комунистичка партија (болшевици), владејачката партија на Советскиот Сојуз до 1952 година, кога е преименувана во КПСС.

Извор на документот: Државен архив на Република Северна Македонија

Именик на поими и личности:

  • АСНОМ – Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија. Врховно законодавно и извршно тело на македонската држава, конституирано на Првото заседание на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински“.
  • Ацева, Вера (1919–2006) – Истакната македонска партизанка, учесничка во НОБ и Народен херој на Југославија. По војната вршела високи политички функции, а во текстот е наведена меѓу кадрите кои биле блиски до линијата на ЦК на ЈКП.
  • Бернштајн, Самуил (1911–1997) – Истакнат советски славист, лингвист и македонист. Во историскиот контекст на кодификацијата на македонскиот јазик, неговото мислење (заедно со она на акад. Државин) било барано како стручен авторитет за јазичните прашања.
  • Брашнаров, Панко (1883–1951) – Македонски револуционер, учител и соработник на ВМРО (Обединета). Како најстар пратеник го отворил Првото заседание на АСНОМ. Заради застапување на Резолуцијата на Информбирото и потпишувањето на оваа „Изјава“ до ВКП(б) во 1948 година, бил уапсен и осуден на Голи Оток, каде што и починал.
  • БРП(к) – Бугарска работничка партија (комунисти). Официјалното име на комунистичката партија на Бугарија во периодот непосредно по Втората светска војна, која подоцна се преименува во Бугарска комунистичка партија (БКП).
  • Вукмановиќ-Темпо, Светозар (1911–1986) – Црногорски комунист, генерален и личен пратеник на Јосип Броз Тито во Македонија за време на НОБ. Одиграл клучна улога во организирањето на партизанското движење и во спроведувањето на кадровската политика на ЦК на ЈКП во Македонија.
  • ЈКП – Југословенска комунистичка партија. Владејачка партија во Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ) на чело со Јосип Броз Тито. Во 1948 година доаѓа до нејзин историски судир со советскиот Коминформбиро (Сталин).
  • Колишевски, Лазар (1914–2000) – Првиот претседател на Владата на Народна Република Македонија и долгогодишен водечки политички лидер во републиката. Бил главен спроводник на политиката на ЦК на ЈКП во Македонија и клучна фигура во повоениот развој на македонската државност во рамките на Југославија.
  • Коминформбиро (Информбиро) – Информативно биро на комунистичките и работничките партии, основано во 1947 година како координативно тело под контрола на Москва. Во јуни 1948 година ја донесува познатата Резолуција со која се осудува раководството на ЈКП, што доведува до целосен политички прекин меѓу Југославија и СССР.
  • Конески, Блаже (1921–1993) – Кодификатор на модерниот македонски книжевен јазик, истакнат поет, филолог, преведувач и прв претседател на МАНУ. Во Изјавата на Шатев и Брашнаров е критикуван поради неговите ставови во филолошките комисии околу изгледот на новата македонска азбука и граматика.
  • КПМ (Комунистичка партија на Македонија) – Основана на 19 март 1943 година во Тетово како составен дел на Југословенската комунистичка партија (ЈКП). Нејзин прв секретар бил Лазар Колишевски.
  • Марковски, Венко (1915–1988) – Истакнат македонски и бугарски поет, револуционер и учесник во воените јазични комисии за кодификација на македонската азбука. По резолуцијата на Информбирото застанал на просоветска линија, поради што подоцна бил уапсен и испратен во логорот Голи Оток, а потоа емигрирал во Бугарија.
  • ОЗНА / УДБ – Органите за државна безбедност на повоена Југославија. ОЗНА (Одделение за заштита на народот) во 1946 година се трансформира во УДБ (Управа за државна безбедност). Биле задолжени за контраразузнавање и елиминирање на внатрешните политички противници на режимот.
  • Шатев, Павел (1882–1951) – Истакнат македонски револуционер, еден од последните преживеани Солунски атентатори („гемиџии“). Бил член на ВМРО (Обединета) и прв министер за правосудство во повоената влада на НР Македонија. Поради несогласувања со југословенската политика и потпишувањето на оваа „Изјава“ до ЦК на ВКП(б) во 1948 година, бил отстранет од функцијата, уапсен од ОЗНА и ставен во домашен притвор во Битола, каде што и починал во тешки услови.