Писмо (поштенска карта) до Никола Малешевски – 20 јануари 1899 година

Факсимил од зачуваната поштенска карта до Никола Малешевски, Софија, 20 јануари 1899 година.

Оваа зачувана поштенска карта до Никола Малешевски е испратена од Гоце Делчев на 20 јануари 1899 година од Софија до неговиот соработник и пунктов началникот на ТМОРО.

Во кратката порака Делчев објаснува дека непредвидени околности го задржале и дека не можел да замине кон Дупничко како што планирал. Истовремено го известува Малешевски дека испраќа два врзопа и му препушта да ги среди тековните работи со луѓето на теренот.

Писмото

Софија, 20.I.1899 г.

Никола,

Може би таа ноќ да си ме чекал, но што да правам, братко, кога сè оди против.

Разни работи, непредвидени непријатности ме задржаа и кој знае кога ќе можам да се ослободам донекаде барем, за да минам кон вашите страни.

Разбери се ти со тие господа онака како што знаеш.

Поздрави ги сите пријатели и Мицо.

Испраќам и два врзопа.

Со поздрав,
Гоце

Забелешка

Текстот е пренесен на современ македонски правопис според објавената транскрипција на оригиналната поштенска карта.

Извор

Централен државен архив – Софија, фонд 1942К, опис 1, а.е. 12, лист 2.
Оригинал, ракопис, печатено.

Објавено и во: „Гоце Делчев. Писма и други материјали“, писмо бр. 119.