
Помлад брат на Гоце Делчев. Роден е во Кукуш (денес Килкис) во 1875 година. Уште од најрана младост тргнал по револуционерните стапки на својот прочуен брат.
Во ВМОРО се приклучува уште додека учел во Солунската егзархиска гимназија. Немал раководни функции во Организацијата, но се истакнувал со својата храброст и приврзаност кон македонското ослободително движење. Бил еден од првите терористи на ВМОРО. Подоцна станал четник во четата на Х. Чернопеев.
Загинал во борба против турскиот аскер на 4 февруари 1901 година, кај с. Бајалци, Гевгелиско.