Димитар Влахов

Роден е на 8 ноември 1878 година во Кукуш. Се школувал во родниот град, Солун и Софија. Студирал во Германија и Швајцарија, а дипломирал хемија на Софискиот универзитет.

Рано се вклучил во македонското националноослободително дело. Во 1904 година станал член на ЦК на ВМРО и раководител на Организацијата во Солун. За време на Хуриетот бил член на Федеративната партија (Бугарска секција) и избран за пратеник во Младотурскиот парламент (1908–1912). По Балканските војни револуционерната дејност ја продолжил во емиграција.

Еден е од основачите на ВМРО (Обединета). Од 1925 до 1944 година бил член на Бугарската комунистичка партија. Од 1936 до 1944 година живеел во СССР. Во емиграција бил уредник на весниците „Македонско дело“ и „Балканска федерација“.

По 1944 година се враќа во Македонија и станува член на ЦК на Комунистичката партија на Македонија. На Второто заседание на АСНОМ бил избран за потпретседател, а потоа и за потпретседател на Президиумот на Сојузното собрание на ФНРЈ.

Умрел на 7 јуни 1953 година во Белград.