
Роден е во 1867 година во Крушево. Се занимавал со трговија. Во 1895 година е еден од творците на структурите на ВМОРО во својот роден крај и е нејзин член до 1901 година. Во тоа време е и училишен управник во градот. Во 1901 година се преселува во Солун.
По Илинденското востание, кон крајот на 1903 година е уапсен и лежи 9 месеци во Одрин. Во 1906 година повторно е затворен, во Еди Куле во Солун.
По Втората балканска војна во 1913 година, новите грчки власти го затвораат на островот Трикери, каде што останува 6 месеци.
За време на Првата светска војна, кога Вардарска Македонија е окупирана од Бугарија, тој е помошник-кмет во родниот град.
По војната се населува во Бугарија, каде што и умира на 7 јули 1932 година во Софија.