Напомена
Текстот е пренесен според достапното дигитално издание и го задржува оригиналниот јазик и распоред на поглавјата.
ПРЕДГОВОР
Спомените на Лука Џеров, кои лично ги запишував според неговото раскажување од 17 февруари 1905 годинa натаму, се од посебно значење зашто се однесуваат на револуционерното бугарско движење во Кичевско, планинска област која на северозапад се граничи со непријателското албанско население, под чиј терор бугарскиот елемент таму никогаш не се чувствувал спокоен и сигурен за својот имот и живот. И покрај сè, бугарскиот дух кај народот, кој го зачувал традиционалниот карактер на семејниот живот, живеејќи често и во многубројни семејни задруги, се зачувал силен и здрав, та тамошниот Бугарин не само што отстојал од силните удари иа разннте поробувачи, но дури достигнал и до такви височини што се осмелил да влезе во судбоносна н, според своите последици, страшна револуционерна борба за ослободување од Турците. Во отворената борба со Турците, силно помагани од арнаутското население, бугарскнте борци, според опишувањата на Џеров, се бореле лавовски и со хероизмот го зачудиле и сериозно го исплашиле непријателот. Во боевите гради в гради со нож против Турцнте и Албанците, нашите кичевчани јуначки се бореле и не отстапувале. Во тој поглед спомените на Л. Џеров содржат карактеристични детали. Важни се и сведоштвата кои ги дава Џеров за улогата што во ослободителната борба ја играл големиот бугарски манастир „Пречиста” – народната светост во тој крај и, особено, неколкумината од манастирските браќа.
Спомените на Лука Џеров во еден дел ги зафаќаат и настаните во Поречието, кај што бугарскитеu дејци се судрале со влијанието на српската пропаганда.
Лука Џеров неодамна се врати во Македонија. Тој е жив и сега се наоѓа во Бугаријаu.
Љ.М
I.
Биографски податоци. Џеров во Демирхисарско. Првите војводи во Поречието и во Демирхисарско. Улогата на манастирот „Пречиста”
17 март, 1905 г.
Роден сум во Битола, октомври 1870 година. Родителите ми се од Битола, но дедовците се преселени од Охрид. Татко ми беше шивач. Основно училиште завршив во Битола, потоа учев во Солун, од втори до петти клас (1888 година). Следните две годвни учев во Битола, во француското училиште на лазаристите, за да го научам јазикот. Читам, разбирам добро и пишувам француски.
Во 1891 година, во Битола дојде Дамјан Груев. Уште од 1886 година многу се интересирав за комитите, но немав можност да зборувам со некого за тоа. Но кога дојде Груев во Битола, ние се здруживме и почнавме да мислиме на комнтет, дури и организиравме комитет во Битола. Во него влегуваа учителите од одделенијата од селата. Целта беше да се подготвн востание. Комитетот го нарековме – „учителски сојуз”. Имаше неколку состаноци. Се изготви устав за пропагирање на идејата по селата. Во почетокот на 1892 година, заминав во Софија за да се запишам на военото училиште. Не отидов во ова училиште, зашто ме разубедија – не чинело човек да стане офицер и да носи железо – бевме социјалисти. Јас бев под влијание на моите другари – Климе Караѓулев, Поп Арсов и др. кои беа студенти. Го издававме списанието „Лоза”. Станав чиновник-писар во окружниот суд, кај што работев до 1895 година. Заминав со двете чети на Стефан Поп Георгиев (од Кратово) и Крсте (Од Прилеп) – околу 150 души. Целта беше едната чета да остане одовде Вардар, а другата, прилепската на Крсте, да мине на другата страна. Јас во почетокот се запишав во четата на Стефана. Дојдовме до граница, почна престрелка со аскерот и дојде известување да се вратиме. Се вративме, не се случи ништо. Потоа заедно со Шахов го издававме „Глас македонски”. Во учебната 1896/7 година во Македонија бев учител, во Цер -Демирхисарско (Битолско). Егзархијата ме назначи по молба на Дамјан Груев, дојде и настојуваше да одам, зашто таму сме немале сили. Отидов.
Учителствував една година. Знаев дека се работи за организирање на движењето. Даме сè ми објасни. Штом дојдов во Цер се погрижив да се постават основите на Организацијата. Дотогаш ништо не беше средено, Основав комитети во селата Цер, Велмевци, Церско, Спространи и во крушевските села Пуста Река, Горно Дивјаци. Сите учители беа на чело. Идејата на населението му се виде добра и тоа тааа ја прифати. Се разбира, најмногу се агитираше меѓу младите. Луѓето знаеја дека четата е комитлак. Уште во текот на 1889 година, таму се движеле чети испратени од Дијамандиев, за да го поддржуваат духот. Во Поречнето војвода бил некој Стефанов, кој е прочуен и се помни. Бил необичен човек: надарен, умен, со моќ за предвидување, храбар. Тој убаво го организирал Поречието, па ги потепале разбојниците. Во Кичевско војводи биле Мијајле и Мицко, сегашниот србомански војвода. Мицко е родум од село Латово (Кичевско). Мицко, како и Мијајле, во почетокот бил подвојвода, а главен војвода им бил Стефан. Мицко се движел во Кичевско и во Поречието. Во Демирхисарско војвода бил Ангеле (родум од Цер). Населението ги поддржувало четите; тие биле по 7-8 души, не биле разбојнички, туку се однесувале добро. Тие постоеле околу 2 години. Мицко бил жив фатен од Турците (1882), а другите се отепани.
Во Демирхисарско затекнав, донекаде, подготвен терен. Беше се подзаборавило, но постарите луѓе помнеа, уште се пееја песни за Мицко и за Ангеле. Нашата агитација ги разбуди тие спомени, идејата се прифати. Уште во 1897 годнна. во текот на летото, ја организиравме првата чета. Се сеќавам дека тогаш учител во Битола беше Пере Тошев. Тој многу настојуваше дека ќе ни требаат чети. Јас не предвипував дека четите ќе играат некоја особено видна ролја, а повеќе мислев дека е потребно комитетот да има чета за да истреби некој лош Турчин и сл.
Имаше еден ѓакон Јосиф, калуѓерче во манастирот Пречиста, кој се наоѓа до градот Кичево. Тој ѓакон, родум од Крушево, беше идеално момче, умно, чесно, со цела душа предадено на нашата идеја. Се сметавме за подредени на Централниот комитет и дејствувавме во согласност со уставот. Манастирот Пречиста имаше најголемо значење за да успее нашето дело. На ѓакончето Јосиф населението гледаше како на светец и многу му веруваше. Тој агитираше од амвонот, сè врз основа на евангелието. Таму луѓето често одат, таму се даваа клетви, таму го направивме првиот склад со оружје, оттаму тоа се делеше во почетокот итн. Во манастирот имаше четворица калуѓери и двајца свештеници кои не учествуваа во нашата работа. И игуменот Софрониј е светец, родум од Вранештица, Кичевско. И тој беше вклучен, помагаше со пари, дозволуваше сè да се работи во манастирот, помагаше со совети, со молитви. Сите го почитуваат и го сакаат и до ден-денешен. Со помош на ѓакончето и индиректната помош на игуменот, делото успеваше. Следната година заминав за учител во Кичево и истовремено му бев секретар на новоназначениот владика, Козма. Тој дотогаш беше претседател на општината. Во Кичево затекнав организиран комитет од ѓакончето и учителите. Останав во текот на 1897/8, а во текот на учебната 1898/9 и 1899/1900 година бев инспектор на селските училишта во целата епархија. ги обиколував кичевските и дебарските села. Во таа обиколка ја ширев идејата, главно меѓу учителите.
Во текот на 1897 година, во Кичево дојде Пере Тошев. Тој беше претседател на комитетот во Битола.
Со првата чета раководеше еден стар комита, родум од село Јудово, Кичевско, поранешен член во четата на Русинот Калмиков. Во четата влезе и Јордан Пиперката (родум од Козица, Кичевско) и уште двајца – вкупно 4 души. Четата ја надгледуваше ѓаконот.
Треба да се забележи дека во манастирот имаше и едно друго калуѓерче, поп Стојан – уште е жив – од Подвис, Кичевско, немирен, храбар, добар човек. Често, кога имаше потреба, одеше со четата.
II.
Борба со арнаутските угнетувачи на народот. Првите две чети во Кичевско. Џеров и др. во затвор. Од Смилевскиот конгрес Џеров назначен за реонски началник во Кичево. Вооружување за востание
Во тоа време четата го отепа зулумџијата-Арнаутин Ремко, од селото Солб. Тоа е арнаутско село, населено со Арнаути, доселени од Дебар и познати по тоа што во 1840 година востанале против султанот, па селото им беше уништено. Тој Ремко економски беше заробил многу села и во Демир Хисар и во Кичевско. Тој веќе ја имаше намирисано нашата Организација. Се чини дека беше и поткупен од Србите, зашто советувал да се купуваат српски книги. Тој беше итар, но не убиваше христијани и постапуваше со итрина. Убиството предизвика претреси по околните села – имаше затворени, измачувани, но ништо не се откри. Ремко беше отепан во близина на селото Малкоец, Кичевско.
Вооружувањето беше ставено на втор план, а главно се водеше агитација. Српската пропаганда дејствуваше главно во градот и отгука се насочуваше кон селата во Поречието Таа не ни пречеше, особено во Копачка кај што дејствуваше. Во текот на 1899 година, селаните од село Добреноец, под наше влијание сами ја уништија четата на прочуениот арнаутски разбојник Зулко. Заедно со него отепаа и тројца негови другари, со кои дошол во селото. Ништо не им се случн и не се разбра кој ги отепал.
Во истата 1899 година, кон крајот на јуни, беа убиени дебарските бегови и аги: Абдураман бег и други 4 првенци од Дебар. Четата избрзала, без да добие дозвола од началството. Абдураман бег, исто како и Ремко, беше ги заробил мијачките села – Лазарополе, Галичник и др. Беше речено четата да чека до есента со убиството, и ако може жив да го фати, за да се земе потоа голем откуп за комитетот. Четата избрза: разбрале дека Абдураман бег ќе оди да купува чифлик во Прилеп и дека со себе ќе носи 2000 лири. Го отепаа на граница меѓу Кичево и Дебар, но нашле само 150-160 лири. Дебарските власти, за да се оправдаат, велеа дека го убиле кичевските комити, а пак кнчевскиот кајмакам одлучно негираше дека има комити во неговиот реон. И така во Кичевско не беше никој затворен. Но Арнаутите се сетија дека убијците се комити, зашто нашите жртвите ги заклале со ножеви, а на тој начин Арнаутите не убиваат. Се помисли дека ги отепал дебарскиот разбојник Рамдука, кој два дена пред тоа минал покрај Лопушник, местото на убиството. Арнаутите почнаа да се одмаздуваат во Лазарополе и Душегубица, зашто меѓу тие две села се случи убиството. Го отепаа прво кметот на Лазарополе Боско, потоа уште 6 момчиња. Ги отепа Рамдука. Истиот Рамдука, заедно со околу 100 души, во текот на ноември 1899 година го нападна Душегубица, го запали и изгоре 40 куќи, отепа 1 старец, 1 жена, 1 момче на 11 години. Имаше наши четворица со комитетски пушки: излегоа, фатија позиција и ги избркаа. Истата година ме затворија мене и уште 12-13 души, меѓу кои главни беа ѓакончето и ѓаконот Тома, архиерејскиот намесник во Кичево, кичевските учители и др. Еден од нашнте работници во пијана состојба кажал некои тајни иа Организацијата и затоа не затворија. Лежевме околу 8 месеци во кичевскиот, потоа уште пет во битолскиот затвор. Немаше други сведоци, па со поткуп и со пријатели, излеговме. Еден Турчин, полјакот од Бигор-Доленци, по име Бекир, се заколна дека ние сме чисти, а всушност сведочеше лажно, и тоа не за пари. Српските агенти беа многу задоволни, зашто имавме преземено здрави мерки да ја запреме српската пропагавда во Поречието, а откако не затворија нас и најдобрите селани кои работеа со нас, населението се исплаши. Србите тогаш го беа поткупиле и кајмакамот. Со нас беше затворен и селанецот Анастас од селото Манастирец, седиштето на србоманите во Поречието. Тој Анастас беше со нас; тој беше богат и мошне влијателен. Кога го пуштија од затвор заедно со нас, го отепаа Арнаути, поткупени од Србите, пред неговата куќа. Тоа убиство го вознемири населението и тоа почна да ја губи надежта дека ќе се извлече од србоманите кои работеа со Турците.
Ѓакончето една година по затворот умре дома од офтика, пишувајќи го во креветот распоредот за четите. Тома ѓаконот отиде во Кичево и пак го примија за архиерејски намесник. Мене не ми дозволија да учителствувам, па останав во Битола, божем учител, а вршев комитска работа како член на окружшот комитет. Сите курири од крушевскиот, демирхисарскиот, кичевскиот и дебарскиот реои работеа преку мене, а исто така и кореспонденцијата одеше преку мене. Во текот на 1901/2 заврши вооружувањето на реоните и заздраве Организацијата. Повторно се купуваа грчки пушки, а потоа од Тетово се доставуваа и мартинки, но расипани. Подоцна се набавија гра пушки, низ друг канал, преку Охридско. Грчки пушки се пренесуваа и од Преспа.
Бидејќи останав во Битола, со комитетот во Кичево раководеше ѓаконот Тома, а кога него во летото 1902 година го преместија во Дебар, го наследи Ангеле Бунгуров, родум од Кичево, интелигентен човек, трговец. Во Кичево имавме две чети – едната под војводство на Наке Јанев, која пејствуваше во Кичевско, (Горна Копачка) и во Дебарско, помијачките села (Мала Река), а другата чета ја водеше Арсо Мицков (од Подвис).
Во текот на мај 1903 година, од Смилевскиот конгрес бев определен за реонски началник во Кичевско („горски началник”).
Од Битола излегов со нова чета. Со нас беа и Лозанчев, Пере Тошев, кој беше дојден од Софија и други. Се разделивме во Кичево. Јас остаиав со кичевските чети. Одев де со едната де со другата. Сите села, без исклучок, веќе беа организирани и подготвени за востание. Во Кичевско (без Поречието) најдов 540 пушки, во просек со по 50 патрони на пушка (едни имаа 100-тина, други по 7-10-15 патрони). Во резерви имаше барут, но олово иемаше воопшто. Јас донесов повеќе машинкн за полнење патрони, лекови (ацид фениц, кристализиран, па сами си правевме карболова вода, памук, јодоформ-гас и др.). До востанието успеавме да купиме 60 оки барут од Дебарско, околу 400 окн олово од Битола и околу 4000 празни, неупотребени патрони. Во тоа време при една обиколка на мијачките села собравме околу 400 лнри; владиката ни прати 50 лири, игуменот ни даде 20 лири. Со тие пари ги задоволивме главните потреби. Поскапата облека со наредба ја скривме.
Се назначија селски војводи за селските четн. Во поголемите села имаше повеќе чети. Најголемата чета имаше 25 души. До востаннето не дојде никој од раководството. Наминаа за кусо Даме и Сарафов, но беа само во едно село. Давидов ги обнколн повеќето кичевски села. Делчев не дојде во Кичевско. Сам направив план за дејствијата. Во почетокот мислев да го нападнам Кичево, но од Штабот ме советуваа да не преземам такво нешто.
III.
Првите востанички дејствија на 20 и 21 јули. Нападот на Кичево. Жестоки судири со аскерот и башибозукот. Привремено затишје
На 13 јули вечерта, беше недела, случајно бев во манастирот Пречиста, кај што го добив писмото од Штабот, со кое се известуваше за востанието. Веднаш пратив абер до поречкиот војвода Ванчо Србаков да дојде. На 18 јули се собравме ние двајца, Наке, Арсо и секретарите и одлучивме: да направиме една демонстрација пред Кичево, а од Ванчо се бараше да ја нападне војската во ижишкиот ан (до селото Ижишта), како и војската која беше во „Текија” (Текето кичевско). Но тоа не го направија, Ижишта не го нападнаа. Ние требаше да го нападнеме аскерот во кулата и во анот во месноста Извор, за да се разбие таму војската. Пред тоа требаше да го нападнеме Кичево, а половината востаницн да го опколат аскерот во анот и да ги чуваат опколени додека не се вратиме ние од градот. Во исто време му се нареди на Арсо војвода да им соопшти на селските војводи, дека востанието ќе се дигне в недела вечерта. Војводите на селаните да им кажат во неделата, по ручекот. Јас на 19 отидов во Душегубица, ги собрав селските војводи.
Тука се направи планот: селата Душегубица, Ехловец, Иванчица, Попоец, Кленоец и Малкоец да ја опколат војската во Извор в зори, на 21 јули. Јас Кичево требаше да го нападнам од две страни со четите од другите села од кичевскиот реон: Лафчани, Јаорец, Добревоец, Кнежино, Осој, Раштане, Подвис, Пополжани, Видрани, Брждани, Јудово, Свиништа, Козица, Белица, Кладник и Карбуница. Од третата страна требаше да нападне Ванчо Србаков. Селото Вранештица се определи да внимава на преминот на Турла. На 20 вечерта, Арсо со дел од тие села и јас со другиот стасавме на договореното место пред Кичево. Тоа беше 5 часот по турски, односно околу 1 часот по полноќ. Ние фативме позиција без да не забележат. Бевме околу 500 души – јас и Арсо со по 200, Србаков со 100 души. Во градот имаше еден табор (околу 600 души) иљаве, тие беа во шатори блиску до градот, во местото Јурија, до реката Велика и имаше уште еден табор низами аскер, среде град, на калето, во шатори. Уште при првите истрели иљавето ги напушти шаторите и избегаа в град, без да отворат оган. Оние од калето отворија оган, но многу слаб. Јас мислев да влезам во градот, но имаше недоразбирање и по 20 минути пукање се вративме вазад, без жртви. Од иљавето во шаторите беа отепани 18 души, а на калето двајца. Владиката гледаше од прозорецот на митрополијата, и игуменот беше со него. Се повлековме на договорените места: Арсо во Карбуница, јас во Извор. В зори пристигнав во Лафчани. Седнавме да се одмориме и останавме зачудени кога забележавме дека не сретневме ни жени ни деца во селото. Кога сме оделе ние кон Кичево, околу 150 војници излегле од градот и дошле во Подвис, го опколиле и почнале да пукаат во куќите. Тоа било полноќта. Од пукотниците, жените од Лафчани, кое е наспроти Подвис (го дели еден дол) избегале в планина. Кога дојдовме ние во Лафчани, аскерот беше во Подвис. Едновремено разбравме дека во Извор почнала битката. Но, тогаш и аскерот во Подвис сфатил дека во Извор нешто се подготвува и тргнал право натаму. Ние помисливме дека аскерот сака нас да не нападне, зашто нè гледаше – зиамето ни беше развеано – и затоа фативме позиции. Но, аскерот сврте кон Подвис. Тогаш ние се спуштивме да го попречиме. Бидејќи бевме уморни, не можевме да стигнеме навреме за да му го пресечеме патот. Најпосле успеавме на полпат да зафатиме битка со аскерот која траеше сè до Извор. Аскерот се биеше – пукаше – и трчаше кон Извор без да застанува. Од Турците паднаа 7-8 души. Кога се доближивме, јасно се слушаа пукотниците во Извор. По половина час стигнавме заедно со аскерот. Со труба ги известивме нашите дека помош доаѓа. Јас стигнав со 80 души. Аскерот влезе пред нас и со бајонет ја нападна првата позиција на нашите кои беа 10-тина души. Тие отстапија давајќи една жртва. Аскерот фати позиција и отвори оган врз другите. Ние стигнавме и отворивме оган во грбот на аскерот. Така беше до ручекот. Во тоа време од кулата и од анот излегоа околу 150 војници, легнаа во каналот ископан околу анот и одлучија да не избркаат од главните позиции, без да не прогонуваат. Кога сакавме одново да нападнеме, аскерот успеа да избега, откако на коњи ги натоварија убиеннте и ранетите (околу 50 души). Ние имавме 8-мина мртви и 6-мина ранети. Кулата и анот заличеа на касапница. Ѕидовите од анот беа од плетени прачки, па куршумите ги пробиваа и излегуваа од другата страна. Внатре беше извалкано од нечистотија и крв (мртви и ранети немаше). Ги разурнавме и ги запаливме и анот и кулата. Легнавме да се одмориме, од замор не можевме ни да јадеме.
Во исто време, аскерот од Ижишта, заедно со башибозукот од селата Пласница и Лисичани (помашки села), ја нападнаа Вранештица, но четата ги пречекала пред село, па почнала битка. Арсо војводата со своите 200 души во Карбуннца ги чул пукањата и тргнал на помош. Патем сретнал војска која од Кичево одела во Вранештица. Арсо со еден дел ги нападнал, а другиот дел го праќа на помош на Вранештица. Аскерот при првиот истрел и при громогласното . „ура!” почнал да бега назад во Кичево. Бегајќи минал низ турското (помашкото) село Староец, а востаниците го бркале низ селото, па дури и до градот. Во оваа битка, во ногата е ранет војводата Арсо (аскерот додека бегал не пукал, но истрели доаѓале од една куќа во Староец). Избегале и аскерот и башибозукот од Вранештица (селата се многу блиску) кога виделе дека другиот аскер бега и дека доаѓаат и други востаници. Така се ослободи Вранештица. Пукањето продолжи цел ден низ целиот кичевски реон.
На 22 утрото, аскерот од Кичево, заедно со башибозукот го нападна селото Карбуница, кај што се беше вратил Арсо со востаниците. Нашите по куса битка отстапиле од селото и аскерот влегол во него. Во тоа време загинаа двајца востаници, а кога влезе во селото аскерот отепа уште еден сгарец и рани две жени. Една жена со револвер пукнала и отепала еден Турчин кога излегувала да и се придружи на четата – како што направиле и другите, бегајќи од селото. Го ограбија селото, но не го запалија. По 2 часа од Демирхисарско им пристигна помош на востаниците – околу 150 души. Се реши да се нападне аскерот и да се избрка од Карбуница. Но и на аскерот му дојде помош од Кичево и од арнаутското село Зајас. Дојде до ужасен судир меѓу аскерот, башибозукот и восганиците. Пушките се ставија на страна, на левото крило – и почна борба гради в гради, со ножеви. Судирот потраја малку време и отстапија двете страни. Во битката од нашите паднаа 30 души. Од турската страна загинаа мнозина, меѓу кои и прочуениот Сефер од Зајас, стар разбојник. И од башибозукот имаше мртви и ранети и тоа не само од Зајас, туку и од градот. Тоа ги заплаши и повеќе не се осмелија да не нападнат. На десното крило аскерот водеше престрелка од далечина со востаниците. Оттогаш до 20 август, кичевскиот аскер не ја нападна Копачка. Заедно со башибозукот се вратија во Кичево. Потоа ние одморавме. Се полнеа патрони. Жетвата беше заедничка – комунизам, без да се прашува мое-твое, секој газда си вршеше.
На 24 јули од Охридско, неочекувано се зададе една арнаутска чета со 150 души. Тоа беше четата на Таир-Тоља, придружувана со 200 души аскер. Тие минаа низ Кичевско, низ селото Иванчица, го запалија и избегаа во Дебарско. Неколку селани од селото, успеја да му одземат на аскерот многу добиток и украдени предмети од Охридско. Подоцна дојдоа луѓето од таму да си го бараат своето. Секој си ја препозна стоката и си ја земаше.
До 17 август не се случи ништо особено. Од Гостивар во градот дојде многу војска – 8 табори. Граѓаните не настрадаа. Го затворија само свештеникот Лазар Димитров.
IV.
По 17 август борбаша повторно почнува. Почнува палењето на бугарските села. Капитулација
На 17 август, околу 500-600 души аскер, откај Дебарско се обиде да го нападне селото Душегубица, но селаните ја пречекаа војската подготвени и сами ја задржаа околу 4 часа. Женнте беа храбри – на борците на позицијата им носеа патрони и вода. Ние почнавме да се собираме за помош: јас со селаните од Лафчани стигнав порано и аскерот го нападнав од лево, а другите села – Иванчица, Ехловец, Попоец, Кленоец ја нападнаа војската од десно, па со здружени напори го одбивме нападот. Жртви немавме, а ранети беа неколкумина. Аскерот избега. Офицерот во брзањето ги беше заборавил биноклот и наметката. Идниот ден, на 18 август, повторно се зададе аскер. Но, ние бевме подготвени, спиевме на позициите и уште в зори фативме подобра позиција – подалеку од селата, во Дебарско. Имаше наредба да се остави аскерот, за кого претпоставувавме дека ќе дојде, да се доближи до 100 чекори. Местото се вика Думовица, на врвовите на Бистра. Кога наближи аскерот на 600 чекори, пукна пушката на еден невнимателен четник. Аскерот веднаш се врати назад без да испука ниеден патрон. Ние залудно пукавме во неговиот грб. Бидејќи аскерот не покажа никаков отпор, решивме да се вратиме во селата, зашто беше тешко за храна на голема оддалеченост.
На 19 август не се појави никаков аскер, а околу 1 часот на пладне, стаса известување од Лазарополе дека два табора аскер стигнале во ова село од Дебар и дека другиот ден сакале да не нападнат. Тогаш брзо се организиравме – му пишав на војводата Арсо да го блокира патот кој оди од Кичево кон нашиот реон. Им пишав на селата Добреновец, Јаворец, Кнежино истата вечер да тргнат кон месноста „Два камена”, каде заедно со 20 души стари четници и со селаните од Лафчани – вкупно 75 души – чекав да пристигнат уште истата вечер. Им напишав и на селата Малкоец, Кленоец, Попоец и Иванчица да одат во Душегубица, а востаниците од Ехловец да го чуваат преминот Јама. Но известувањето во селата стасало приквечер, па тргнувањето сите го одложиле за утрото следниот ден. Истата вечер кај „Два камена” стасав само јас со Лафчани. Аскерот, за чудо, од Лазарополе тргнал уште ноќта и пред зори се најде пред нашите позидии. Ние веднаш се подготвивме да пружиме отпор, бидејќи се надевавме на брза помош. Во тоа време аскерот се подели на две колони – едната тргна кон Душегубица, а другата против нашата позиција и по патот за Лафчани. Но, душегупчани, изморени од неспиењето и гладот и без патрони, ги напуштиле позициите, избегале и се упатиле кон Кленоец. Патем ја сретнале помошта од селата и се упатиле кон Кленоец. Аскерот влегол во Душегубица, го запалил селото, го изгорел целото и продолжил да ги брка до Кленоец. Но бил песретнат со силен оган и одбиен. Восганиците имаа и еден дрвен топ (12 педи), кого го испразниле 4 пати (полнет со ситни шајчиња и желевца). На тој начин аскерот беше запрен. Другите восганици, кои се мачеа да го запрат напредувањето на аскерот кај „Два камена” со надеж дека ќе им дојде помош,залудно се спротиставуваа. И јас бев таму и заповедав да се отстапи. И отстапивме кон Лафчани. Едновремено зад нас стаса и војската. Селото беше меѓу нас и Турците. Тие се обидоа неколку пати да влезат во селото, но постојано ги одбивавме и сосема ќе ги одбиевме, ако не се зададеа два табора аскер кој имаше намера да не опколи и да не удри в грб. Арсо беше многу далеку, во Белица и кога видовме дека положбата е безизлезна, се повлековме во Подвис и таму се наместивме. Аскерот влезе во селото, го запали и веднаш се повлече, истата вечер (20 август) замина во Дебарско. И кичевскиот аскер се прибра во градот. Се стемни. Така заврши тој ден. Од наша страна имаше 3 убиени и лесно ранети.
Од 20 август до 5 септември немавме никакви судири. Стаса извесгување од Штабот да не се ангажираме во поголеми битки и воопшто, да отстапуваме.
На 5 септември, неочекувано и едновремено се зададоа силни одреди од Кичево, Дебарско, Демир Хисар и Охридско. Го опколија цело Кичевско.
Сета војска дојде на пладне. Ги известивме нашите селани да настапуваат во помали групи. Жените и децата по 20 јули престојуваа на врвовите. Војската навлезе во реонот, влезе во неколку села и без да направи некаква пакост (во Белица ограбиле што можеле), на 7 септември си се вратн назад – Дебар, Охрид и Демир Хисар. По ова четниците пак слегоа во селата.
Од 7 до 20 септември пак немаше ништо. Тогаш од Штабот дојде наредба старите, жените и децата да се вратат во селата, зашто Турците објавиле дека ќе го запалат секое празно село. Мажите останаа вооружени и надвор од селата. На 20 септември војската пак надојде од Кичево, ги окупира селата Брждани, Козица и Белица. Тогаш почнаа обесчестувања на жените и измачувања на старците, за да ги натераат младите да го предадат оружјето. Во почетокот никој не сакаше ни да слушне за такво нешто. Имавме пратено неколку души од Витрани, од Подвис и од други села – да земат храна, леб. Чекавме нови ннструкции. Во часот кога витранци влегувале во селото, го нашле тука аскерот. Турците ги фатиле ќерките и снаата на селскиот војвода, па тој решил да го предаде оружјето, а така постапиле и другите 6-7 души кои биле со него. Турците ништо не им направиле. Аскерот охрабрен од таа постапка, почна истото да го применува и во другите села. На тој начин успеа да собере прилично оружје од Брждани, Свиништа, Козица, Белица, Кладник, Карбуница. Ги давале полошите пушки и во се помал број. Таквата состојба траеше до 30 септемврн, кога дојде наредба од Штабот да ги пуштиме востаниците по нивните села, да го складираме оружјето, а повидните водачи да одат во Бугарија. Во реонот да се остави само една мала чета.
Постапивме според наредбата. На 10 октомври му се стави крај на востанието. Оружјето не се складира, туку му се раздели на населението. По ова, Турците не презедоа сериозни мерки да го бараат оружјето. Со голема мака ја примија наредбата за капитулирање – сите се надеваа дека Бугарија ќе објави војна и дека со тоа уште повеќе ќе зајакнеме. Но, ништо од тоа. По калитулирањето, дебрани (Арнаути) го нападнаа Лафчани, собраа добиток, отепаа едно момче.
Паѓа во очи дека откако се формираа реонските чети, не се покажаа веќе разбојничките чети, кои пред тоа толку многу се шетаа. Кичевско порано повеќе жртви давало со разбојниците, отколку што даде во востанието за сето време. И потерите сега сами не одат: штом се јават разбојниците, ете ја и турската потера, кој е ортак со нив. Голема сиромаштија сега владее во Кичевско.
На 25 септември аскерот, заплашувајќи ги селаните во Јудово да го предадат оружјето и не добивајќи ништо, го запалил селото. Изгореле 50, а останале уште 5-6 куќи.
Востаниците не беа прогонувани. И пушките останаа. Од секое село беа земани по неколку пушки. Но тие не беа добри – сè тетовки. Сзмо 25% беа гра, а 8 манлихерки.
Софија, 1953 год.