Андреј Димов Докурчев (1878-1907)

Андреја Димов е роден во Велес во 1878 година.

Образованието го стекнал во Солун. Како член на Тајната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО) бил комита во четите на Андон Јанев – Ќосето и Мицо Попето.

Во периодот 1901–1902 година станал војвода на чета во Одринско, а подоцна бил околиски војвода во Горноџумајско и член на Струмичкиот револуционерен комитет.

Учествувал во ликвидацијата на злогласниот бег од селото Мурилово, Кукушко, како и во акцијата за грабнувањето на американската мисионерка Мис Стоун.

За време на Илинденското востание бил војвода на Првиот одред во Крушевскиот револуционерен реон. Учествувал во ослободувањето на Крушево, при што неговиот одред ги зазел уќуматот, поштенско-телеграфската станица и беледието (општината).

По востанието продолжил со револуционерната дејност во редовите на Организацијата.

Загинал во борба со османлиската војска кај селото Белица, Кичевско, во 1907 година.

Андреја Димов припаѓа на генерацијата истакнати македонски војводи кои активно учествувале во подготовките и борбите на Илинденското востание и во одбраната на револуционерното дело по неговото задушување.