
Роден е во 1866 година во селото Тешово, Неврокопско.
Уште како млад станал комита во четата на Дончо војвода. Во 1899 година се приклучил на редовите на ТМОРО, а во 1901 година бил назначен за војвода на Неврокопскиот реон.
За време на својата револуционерна дејност работел на организирањето и зацврстувањето на револуционерната мрежа во Неврокопско и активно учествувал во борбите против османлиските власти.
По Илинденското востание останал во родниот крај и ја продолжил борбата против турските разбојнички банди, грчките андартски чети и народните предавници.
На 25 мај 1905 година, при обиколка на својот реон, кај врвот Али Ботуш на Пирин Планина, бил опколен од турска потера. Во огорчената борба, која траела цел ден, загинал заедно со повеќе свои четници.
Атанас Тешовалијата останал запаметен како еден од истакнатите неврокопски војводи на Македонската револуционерна организација.