
Атанас Нивички
Роден е во селото Нивичко, Струмичко.
Атанас Нивички бил мошне смел борец и искрено посветен на национално-ослободителното дело на македонскиот народ. Целото негово семејство било вклучено во револуционерната борба.
Бил следбеник на идеите на Гоце Делчев и се истакнувал со здраво расудување, тактичност и беспримерен хероизам.
Учествувал во повеќе борби против турскиот аскер во Струмичко и во други краишта на Македонија.
Останал запаметен како еден од посветените револуционерни дејци на Македонската револуционерна организација.