
Роден е во Прилеп во 1874 година.
Повеќе години работел како учител во прилепските села, а потоа и во Прилеп и Ресен. Многу рано се вклучил во редовите на Македонската револуционерна организација.
Бил член и секретар на Првиот револуционерен комитет во Прилеп и активно учествувал во организирањето на револуционерната мрежа во регионот.
Атанас Иванов бил организатор на повеќе терористички групи и поради својата дејност неколкупати бил затворан од османлиските власти.
Во 1902 година се приклучил кон четата на Пере Ацев, а во 1903 година влегол во четата на Христо Оклев – Попето, каде што ја извршувал должноста секретар.
Зел активно учество во Илинденското востание и во борбите за ослободување на Македонија.
Во 1904 година се префрлил во Бугарија, каде што го поминал остатокот од својот живот и каде што починал.