Аргир (Наков) Манасиев

Роден е во 1873 година во селото Сехово, Гевгелиско.

Бил учител, член на реонското раководно тело во Кавадарци и долгогодишен војвода на Гевгелискиот реон. Како реонски војвода учествувал во бројни борби против турскиот аскер пред, за време и по Илинденското востание.

Со својата револуционерна дејност дал значаен придонес во организирањето и зацврстувањето на Македонската револуционерна организација во Гевгелискиот крај.

По Балканските војни се населил во Горна Џумаја, каде што работел како секретар на Окружната училишна инспекција.

Починал на 7 октомври 1932 година во Горна Џумаја, Бугарија.