Антон П. Стојанов

Роден е во селото Стојаково, Гевгелиско.

По завршувањето на Солунската егзархиска гимназија, извесно време бил учител во Бугарија, каде што станал секретар на Македонскиот комитет. Подоцна се префрлил во Македонија и активно се вклучил во револуционерното движење.

Во 1903 година пристапил во четата на Христо Чернопеев и учествувал во револуционерните акции на Организацијата.

На 6 април 1903 година, четата на Христо Чернопеев водела тешка борба со многуброен турски аскер. Во текот на борбата загинал и Антон Стојанов.

Останал запаметен како револуционер и борец за слободата на Македонија.