Александар (Сандо) Малинов

Роден е во Ново Село – Штип, на 19 јануари 1871 година. Бил познат како храбар и решителен револуционерен деец.

Со својата храброст се прославил и заслужено влегол во алејата на бесмртните со подвигот што го направил на 6 јануари 1904 година.

Случајно откриен поради непретпазливост на една жена и опколен од турска војска во штипското маало Ново Село, Александар Малинов не се предал, туку храбро ја прифатил борбата. Во судирот убил 16 турски војници, еден муљазим и еден јузбашија.

Иако тешко ранет, успеал да го пробие обрачот. Меѓутоа, како последица на здобиените рани, на 6 јану/ари 1904 година починал.

Овој македонски јунак бил погребан ноќе, тајно, од штипските граѓани во дворот на црквата „Св. Архангел“.