Александар Кошка

Роден е во влашкото село Гопеш, Битолска околија во 1873 година. Бил учесник во национално-ослободителната борба на македонскиот народ.

Завршил романска гимназија во Битола и студирал медицина во Букурешт, Романија.

Бил еден од најактивните Власи – членови на ВМРО. Како пелистерски војвода, со својата чета учествувал во Илинденското востание и во борбите што се воделе по неговото задушување.

Загинал со уште четворица черници на 22 мај 1907 година, помеѓу с.Сливница и с.Курбиново, Битолски Вилает.