
Роден е во 1876 година во Орехово, Бугарија. Од бугарска народност, уште како млад се вклучил во македонското револуционерно движење.
Извесно време дејствувал во четата на скопскиот војвода Никола Пушкаров. Од 1905 година се поврзал со Серските револуционери и својата дејност ја продолжил во Серскиот револуционерен округ. Подоцна раководел со Драмскиот револуционерен реон.
По наредба на Окружниот комитет на Серскиот револуционерен округ, предводен од Јане Сандански, во 1907 година го извршил убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов.
За време на Хуриетот (1908 година), дејствувал заедно со Јане Сандански и припадниците на Серската револуционерна група, која соработувала со младотурскиот режим.
На 8 мај 1925 година загинал во атентат извршен во виенскиот Бургтеатар. Атентатот го извршила крушевчанката Мелпомена (Менча) Карничева.
Тодор Паница останува една од најконтроверзните личности во историјата на македонското револуционерно движење од почетокот на XX век.