Стерјо Ант. Стерјовски

Роден е во влашко семејство во селото Смрдеш, Костурско, во 1876 година. Образованието го завршил до III клас, а во револуционерното движење активно се вклучил кон крајот на XIX век.

Од 1900 година станува реонски војвода во Костурско и се истакнува како еден од активните организатори на револуционерната борба во овој крај.

За време на Илинденското востание, со својата чета зел активно учество во повеќе борбени дејствија против турскиот аскер. На 31 март 1903 година учествувал во битката кај Локвата, која ја водел војводата Васил Чакаларов против турските сили, при што Стерјовски бил тешко ранет. На 29 август 1903 година повторно се борел заедно со Чакаларов во големата битка кај Апоскеп.

По востанието продолжил со револуционерната дејност и борбите против грчките андартски чети кои дејствувале во Костурско и Преспанско.

Загинал во 1905 година во борба со грчките андарти во Преспанско.